Свет
На продажба визиткарта и фотографија со автограм од Путин

На интернет се продава уште една визиткарта од рускиот претседател Владимир Путин од времето кога работел во градското собрание во Санкт Петербург.
Освен тоа, се продава и фотографија со автограм, на која рускиот лидер е заедно со поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма.
Сопствениците бараат по 5.500 евра. Авторот на првиот оглас објавил дека визиткартата е од приватна колекција. Тој одлучил да ја продаде бидејќи дознал дека визиткартите се вреднуваат, а што се однесува до цената, се водел од објавите во медиумите. Тој нагласил дека би прифатил да ја спушти цената во зависност од интересот.
Визитку Путина и его фото с Кучмой продают за полмиллиона рублей https://t.co/cgsGD832Qi pic.twitter.com/JGAe1NPCLx
— РИА Новости (@rianru) December 12, 2020
Другата понуда е фотографија од Путин и Кучма на брод со автограм од двајцата претседатели. Според авторката на објавата, нејзиниот сопруга служел на крузерот „Москва“.
Путин и Кучма навистина го посетиле ракетниот крузер „Москва“ во 2001 година, кој бил главен брод на Црноморската флота на Русија, пишува Спутник.
Високата цена на фотографијата, сопственичката ја објаснува со тоа што таа е многу ретка.
„ Цената е оправдана. Веројатно нема секој автограм од Путин и Кучма во оригинал“ изјавила таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Детето од Хрватска кое почина од Ковид-19, развило многу редок синдром сличен на Кавасаки

Регионот го потресе веста дека 11-годишно момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб како резултат на Ковид-19.
Неофицијално детето немало никакви претходни заболувања.
Момчето од Хрватска кое ја загуби битката против коронавирусот разви мултисистемски воспалителен синдром (МИС-Ц), многу редок и особено опасен синдром кој погодува деца на возраст од две до 15 години, а кој беше откриен кај деца заболени од Ковид-19 во САД и Велика Британија во април минатата година.
Синдромот има значителни сличности со синдромот на токсичен шок и синдромот Кавасаки и предизвикува воспаление на крвните садови низ целото тело.
„ Воспалението може да го ограничи протокот на крв и да го оштети срцето, бубрезите и другите органи. Синдромот може да биде последица на имунолошкиот одговор на организмот на присуството на коронавирусот САРС-КоВ-2“, објасни Кванг Сик Ким, педијатриски инфектолог во детскиот центар Џонс Хопкинс.
„ Обично се јавува во рок од четири недели од изложеноста на вирусот“.
Специјалистот за инфективни болести Сик Ким советува дека родителите треба итно да побараат медицинска помош ако болното дете има температура над 38 степени 24 часа или подолго и барем уште еден од следните симптоми – невообичаена слабост, црвен осип, болки во стомакот, повраќање, дијареја, отечени раце или нозе, црвени и испукани усни, како и црвени очи.
Според претходните искуства, смртноста кај деца погодени од овој синдром е околу 1,5 процент.
Според достапните податоци, во период од шест месеци биле регистрирани 1.659 случаи на овој синдром во САД, од кои 26 завршиле со смрт кај детето.
Во Словенија се евидентирани 48 случаи без смртни исходи.
Регион
Два послаби потреси кај Петриња и Сисак

Два послаби земјотреси утрово го потресоа регионот кај Петриња и Сисак.
Првиот, неколку минути пред осум часот утрово, беше 2,6 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 17 километри северозападно од Сисак, објави Индекс.хр.
По неколку минути се почувствува уште еден земјотрес, а како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, неговата јачина била 2,7 степени по Рихтер.
Регион
Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска е потешко да се набават вакцини отколку нуклеарно оружје. Тој истакна дека очекува денеска да бидат вакцинирани 50.000 луѓе во Србија. Исто така рече дека Србија моментално е четврта во Европа по стапката на вакцинација, а деветта во светот.
Шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија, Марјан Ивануша, оцени дека сегашната епидемиолошка состојба е многу подобра отколку што беше во декември минатата година, но дека сè уште има голем број нови инфекции на дневна основа и дека пациентите сè уште умираат.
„ Треба да продолжат да се придржуваат до мерките – маска, далечина, хигиена. Сега имаме нова надеж, а тоа е вакцината. Се надевам дека за неколку месеци полека ќе се вратиме во нормален живот”, рече Ивануша.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот