Контакт

Европа

На протестите во Франција учествуваа 84.000 лица, приведени 244

Објавено пред

Во деветтата сабота од протестите на француското движење „Жолти елеци“ учествуваа 84.000 лица ширум земјата, од кои 8.000 во Париз, додека 244 лица се приведени, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

За споредба, во првите недели од протестите, на крајот на ноември и почетокот на декември, на протестите учествуваа 288.000 лица, пренесуваат француските медиуми.

Како што соопшти полицијата, лицата кои се уапсени учествувале во насилство или носеле со себе забрането оружје.

Помеѓу полицијата и демонстрантите дојде до судир на неколку локации, пришто безбедносните сили употребија солзавец за да поттиснат дел од демонстрантите кои врз нив фрлале камења и други предмети, пренесе „АП“.

Француските власти распоредија 80.000 припадници на безбедносните сили ширум земјата поради денешните антивладини протести.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Европска компанија има намера да превезува патници во проблематични авиони „боинг“

Објавено пред

Иако компанијата „Боинг“ долго време имаше проблем со продажбата на проблематичниот модел „737“, се чини дека неделава среќата ѝ се насмевна. Во вторникот авиокомпанијата International Airlines Group (ИАГ) најави дека планира да купи 200 авиони „737 макс“, информира Си-ен-ен.

Компанијата ИАГ, во чија сопственост се „Аер лингус“, „Бритиш ервејс“, „Иберија“ и други европски превозници, својата намера да набави модели „боинг 737“ ја објави на саемот за авијација во Париз. И покрај тоа што компанијата користи авиони од „Боинг“, досега повеќето од патничките авиони ги набавуваше од конкурентската компанија „Ербас“.

Авионите „737 макс“ беа приземјени во целиот свет кон средината на март по трагичните авионски несреќи во Етиопија и Индонезија кога загинаа 346 патници и членови на екипажот.

Во двете несреќи автоматизираниот систем Maneuvering Characteristics Augmentation System (MCAS) неправилно ги исчитувал податоците за издигнување, односно автоматски го спуштал носот на авионот оневозможувајќи им на пилотите мануелно да го решат проблемот и да воспостават контрола над леталото.

Иако „Боинг“ неодамна објави дека веќе има стабилно софтверско решение за проблематичните модели, сепак сè уште не е познато кога повторно тие ќе добијат дозвола за летање.

„Ние имаме доверба во ‘Боинг’ и очекуваме дека овие авиони успешно ќе се вратат во служба во следните неколку месеци“, изјавил Вили Волш, извршен директор на ИАГ.

Прикажи повеќе...

Европа

Тинејџерот што планира да го нападне принцот Хари осуден на 4 години и 3 месеци затвор

Објавено пред

Тинејџерот што ја сподели фотографијата на принцот Хари со вперен пиштол во главата, црвена дамка и кукест крст е осуден на 4 години и 3 месеци затвор.

Неколку месеци по свадбата на принцот Хари со поранешната актерка Меган Маркал, Мајкл Шевчук (19) во објава на социјалните мрежи со фотографија порача: „Ќе се видиме подоцна, предавнику на расата“, објави АП.

Шевчук беше осуден за кривично дело поттикнување терористички дејства, а судијката Ребека Пулет изјави дека фотографијата е одвратна.

Тинејџерот е член на неонацистичката група „Дивизија на сончевата војна“.

Прикажи повеќе...

Европа

Во рација во Русија уапсени финансиери на Исламската држава

Објавено пред

Во голема полициска акција досега се уапсени две лица во Русија поради финансирање на Исламската држава, соопшти рускиот истражен комитет.

Претреси биле извршени во Москва, пошироката московска област, Краснојарскиот Регион, Астраханската Област, Ставрополскиот Регион и во Дагестан.

Истрагата покажала дека од 2014 до 2017 година руски граѓани ја финансирале Исламската држава.

Жителите на Дагестан во неколку региони организирале собирање пари преку платежни системи и банкарски картички, како и трансфер на средства на сириска територија контролирана од екстремистите.

Според истражниот комитет, притоа биле собрани околу 8 милиони рубли, што е околу 111.700 евра, од 200 луѓе од повеќе федерални окрузи во Русија.

Двете лица што се уапсени биле пронајдени во Московскиот Регион, објави „Спутник“.

Прикажи повеќе...

Најново

Екологија19 минути

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатото тло во канадскиот дел на Арктикот почнало да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија26 минути

Заев: Ниту една земја-членка на ЕУ не е против отворање преговори со Северна Македонија

Ниту една земја – членка на Европската Унија не е против отворање на преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран...

Топ59 минути

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес, полицијата поднесе пријави

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет59 минути

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет4 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет4 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија17 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет17 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ19 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија20 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа21 час

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија23 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија24 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет24 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион1 ден

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт1 ден

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија1 ден

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Досие