Свет
На Украинците што ќе излезат на референдум за приклучување кон Русија им се заканува затвор

Украинските граѓани би можеле да се соочат со долги затворски казни доколку учествуваат на јавните референдуми за приклучување кон Русија, што ќе се одржат во републиките во Донбас и во украинските региони под руска контрола, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук за локалните медиуми.
Во изјава за украинскиот весник „Страна“, Верешчук, којa е задолжен и за „реинтеграцијата на привремено окупираните територии“, го повика локалното население да не учествува на референдумите.
Таа предупреди дека оние што ќе го организираат гласањето ќе се соочат со затворска казна од пет до десет години и дека може да добијат забрана за вработување одредени позиции или вршење одредени активности до 15 години.
Според неа, може да им биде одземен и имотот. Верешчук навести дека дури и обичните Украинци може да бидат казнети за излегување на избирачките места.
„Ова може да значи и затворска казна до пет години. Затоа, уште еднаш силно ги советувам жителите на привремено окупираните територии: не земајте руски пасош, не излегувајте на референдуми, не соработувајте со окупаторите“, изјави таа.
Минатата недела украинската влада предложи закон со кој на своите граѓани ќе им се изрече казна затвор до 15 години за добивање руски пасош.
Во вторникот народните републики Луганск и Донецк, како и регионите Херсон и Запорожје, контролирани од Русија, објавија дека ќе одржат референдуми за тоа дали да се приклучат кон Русија од 23 до 27 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Хаос во Анкара: се слушаат експлозии, има повредени, сите улици се затворени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад пред портите на нивното Министерство во Анкара, во кој е убиен еден од терористите, пишува Хуриет.
Според него, двајца терористи дошле пред зградата на Министерството, а едниот активирал експлозивна направа, додека другиот е уапсен.
– Еден од нив се разнесе, додека другиот е неутрализиран – рече тој.
Си-Ен-Ен Турк јавува дека има повредени, а затворени се сите околни патишта.
Explosions and Gunfire have been heard this morning near the Parliamentary Building in the Turkish Capital of Ankara; a Significant Police and Military Presence has been observed in the Area but it is Unknown what exactly the ongoing Situation is. pic.twitter.com/dzSFxdHDg9
— OSINTdefender (@sentdefender) October 1, 2023
На терен се и членови на обезбедувањето на претседателот.
Се утврдуваат причините за експлозијата во населбата Кизилај.
Според АП, турскиот парламент денеска треба повторно да заседава по летната пауза.
Регион
Вучиќ: Направија се за да ја уништат Србија, но ќе победиме

Направија се за да ја уништат Србија. Србија ќе победи, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.
„Почитувани граѓани, имавме тешки седум дена, најтешките во последните 15 години. Најтешките поради настаните на Косово и кампања започната против нашата Србија, кампања на лаги и невистини. Како што вели нашиот народ , не врне снег за да ја покрие планината, туку секој ѕвер да го покаже својот белег. Можевме да видиме дека имаме пријатели кои не се многубројни, но се храбри“, вели Вучиќ во видео-пораката.
Регион
Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани во Врњачка Бања и Лепосавиќ.
Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања, а граѓаните се поканети да се соберат на пумпата „Кнез Петрол“ на ова место во 11 часот.
Бојан Мијаиловиќ ќе биде погребан во 12 часот на локалните гробишта во Лепосавиќ, а во 14 часот на истото место во селото Граничане ќе биде погребан Игор Миленковиќ.
Потсетуваме, Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и таканаречената косовска полиција на 24 септември во селото Бањска, на северот на Косово и Метохија.
Нивните тела дури вчера ги однеле нивните семејства од Институтот за судска медицина во Приштина, од каде биле пренесени во капелата во Рударе кај Звечан.