Свет
Русија неделава ќе ја регистрира и третата вакцина против коронавирусот

Третата вакцина против коронавирусот – „ковивак“, што ќе ја произведува центарот „Чумаков“, ќе биде регистрирана во Русија на 20 февруари, е објавено на владината веб-страница посветена на коронавирусот, пренесува „РИА новости“.
Во Русија веќе се регистрирани две вакцини против коронавирусот – вакцината „спутник В“ развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ на руското Министерство за здравство и вакцината „епивак“ на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнолошки вектор, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“

Уште 15.000 вакцини против коронавирус на компанијата „Фајзер“ треба да пристигнат денес во Албанија, потврди министерката за здравство, Огерта Манастирулиу.
Таа додаде дека се очекуваат 14.400 вакцини на „Астразенека“, кои треба да пристигнат во следните 10 дена преку програмата Ковакс, објавија албанските медиуми.
„Ние сакаме да ја завршиме вакцинацијата на здравствените работници за кратко време, до втората недела од март, како и приоритетните групи на население, како што се оние над 80 години, по што ќе продолжиме со вакцинирање на други групи на луѓе“, рече албанската министерка за здравство.
Свет
Путин: Руските вакцини се ефикасни и против новите видови коронавирус

Претседателот Владимир Путин изјави дека руските вакцини се исто така ефикасни против новите видови коронавирус кои се шират во Европа.
Тој на средбата со директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова, рече дека руските вакцини се ефикасни против новите видови на коронавирусот кои денес ги плашат сите во Европа, и не само во Европа, пренесува РИА новости.
Скворцова изјави дека досега во Русија се идентификувани 3,5 илјади мутации на коронавирусот, но таа истакна дека сите се еднонуклеотидни и немаат никакво значење за вирусот како целина, освен седум мутации, чија фреквенција надминува 5 проценти во човечката популација.
Во Русија во моментов има три вакцини против Ковид-19 и тоа „спутник В“, „епивакорона“ и „ковивак“.
Регион
Босна и Херцеговина го одбележува денот на независноста, Република Српска бојкотира

Во Босна и Херцеговина, денеска, 1 март, се одбележува Денот на независноста, но овој ден се слави како празник само во Федерацијата БиХ, додека во Република Српска се третира како незаконски и непостоечки.
„Жртви смен на политика што одлучи да го јакне ентитетот со слабеење на државата, но ќе сториме сè за да ги отстраниме овие блокади и БиХ да тргне по вистинскиот пат“, рече во Сараево, Бакир Изетбеговиќ, претседател на Домот на народите на парламентот во БиХ, откако претходно беше положен венец на споменикот на партизанските ослободители од Втората светска војна, каде присуствуваа членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.
Изетбеговиќ рече дека пред 29 години БиХ ја презела контролата над својата судбина во свои раце и тој е убеден дека ќе дојде време кога сите што живеат во неа ќе ја сакаат својата земја и ќе ја ценат нејзината независност.
Претседателот на Федерацијата на БиХ, Маринко Чавара, (ХДЗ БиХ) по повод одбележувањето на 1 март рече дека овој датум е важен затоа што БиХ го напуштила југословенскиот државен сојуз во 1992 година, со што на сите народи и граѓани во БиХ им била дадена можност демократски и слободно ја изразат својата волја за иднината.
„Народите во БиХ ја изразија својата определба за независна БиХ, држава на еднакви народи и еднакви граѓани“, нагласи тој.
Честитки по повод Денот на независноста пристигнаа и од Американската амбасада во Сараево.
„Соединетите држави остануваат посветени на силно партнерство и пријателство со БиХ и нејзините граѓани, со поддршка на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет и со нетрпение очекуваме да ги зајакнеме односите меѓу нашите две земји во наредните години“, се вели во честитката објавена на социјалните мрежи.
БиХ стана меѓународно призната држава откако мнозинството нејзини граѓани гласаа на референдум на 28 февруари и 1 март 1992 година за воспоставување на „суверена и независна БиХ, држава на рамноправни граѓани и народи, муслимани, Срби, Хрвати и припадници на други народи кои живеат во неа“, што беше формулацијата и на референдумското прашање.
Референдумот беше организиран по експлицитно барање на тогашната Европска заедница, која го постави како услов за признавање на самостојна БиХ, а одговорот „да“ тогаш го заокружиле нешто повеќе од два милиона граѓани односно над 60 проценти од тогашната популација.
Властите во Република Српска, пак, упорно одбиваат да го признаат 1 март како празник и сметаат дека датумот е провокација, тврдејќи дека токму референдумот е главната причина која довела до војна.
Пред прославата оваа година, сегашниот претседател во Претседателството на БиХ, Милорад Додик, рече дека тој никогаш нема да го слави 1 март во РС.
Во 2016 година, некои српски членови на парламентот на РС побараа од Уставниот суд на БиХ да го поништи 1 март како празник што ги дискриминира Србите, но судот го одби таквото барање како неосновано.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран