Контакт

Свет

Нетанјаху официјално обвинет за корупција откако го повлече барањето за имунитет

Објавено пред

Израелскиот државен јавен обвинител поднесе обвинение за три случаи на корупција против премиерот Бенјамин Нетанјаху откако тој го повлече своето барање за имунитет од гонење во тие случаи, пренесува „Хаарец“.

Обвинението беше поднесено во Окружниот суд во Ерусалим, отворајќи го патот за судење на Нетанјаху.

Овој потег стана возможен откако Нетанјаху официјално престана да бара пратенички имунитет од гонење претходно истиот ден. Парламентот требаше да заседава денес за да гласа за формирање комисија за барањето на Нетанјаху.

Нетанјаху, кој ги негира сите тврдења за корупција, тврди дека не му бил овозможен фер процес и дека исходот од планираното гласање за неговиот имунитет ќе бил однапред познат без соодветна дискусија.

Регион

Прв случај на коронавирус во Романија

Објавено пред

Во Романија е потврден првиот случај на коронавирус кај лице што пред три недели се вратило од Италија, објави денеска локалната телевизија „Реалитатеа плус“ повикувајќи се на медицински извори.

Во извештајот се наведува дека заразеното лице се наоѓа во карантин во болницата за инфективни болести „Матеј Балс“ во Букурешт.

Раководството на болницата засега не ја коментира информацијата, пренесе „Ројтерс“.

Од коронавирус досега починале повеќе од 2.600 луѓе, главно во Кина, од каде што вирусот се прошири во 29 држави.

Бројот на потврдени случаи надмина 80.000.

Најтешка ситуација на европската почва е во Италија, каде што досега починаа десет лица, а над 320 се зарзени.

Во Италија живеат и работат околу 1,3 милион Романци.

Прикажи повеќе...

Европа

Уште две лица заразени со коронавирус во Франција

Објавено пред

Уште две лица биле заразени со коронавирус во Франција. Станува збор за Французинка, која се враќала од патување од Ломбардија во Италија и млада Кинезинка, која се вратила во Франција од патувањето во Кина, соопштија властите.

Директорот на Министерството за здравство, Жером Саломон, изјави пред новинарите дека и двајцата пациенти се во болница и се во добра состојба, пренесе „Ројтерс“.

Со овие два нови случаја вкупниот број заразени во Франција се искачи на 14 лица.

Од нив, едно лице почина, а 11 се излекувани и ја напуштија болницата.

Прикажи повеќе...

Свет

Индија ќе купи воена опрема од САД во вредност од три милијарди долари

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека Индија ќе купи воена опрема од САД во вредност од три милијарди долари вклучувајќи и хеликоптери.

По средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, Трамп зборуваше за воената и трговската соработка меѓу двете земји.

„Индија и САД постигнаа напредок кон постигнувањето голем трговски договор“, оцени Трамп, кој се наоѓа во посета на Индија, пренесе „Ројтерс“.

Двете држави првобитно планираа да склопат мини договор, но се покажало тешко остварливо. Наместо тоа, сега имаат цел постигнување договор за поголем пакет вклучувајќи и можен договор за слободна трговија.

Трамп дополни дека разговарал со Моди кого го нарече „драг пријател“ за значењето на безбедноста на 5Г-телекомуникациската мрежа во Индија пред планираната аукција за доделување фреквенции во таа земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија14 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија15 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија16 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион17 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија19 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно20 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија20 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион20 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт22 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија22 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет22 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет1 ден

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт1 ден

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет1 ден

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет2 дена

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа2 дена

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија2 дена

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие