Контакт

Свет

Нетанјаху прогласи победа на изборите во Израел, но нема мнозинство

Објавено пред

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, води на парламентарните избори, но тој сè уште го нема потребното мнозинство за формирање на владата на третите избори во период од една година.

Во меѓувреме, резултатите покажаа дека Нетанјаху нема парламентарно мнозинство и најверојатно овој резултат е политички ќор-сокак.

„Победата е особено слатка затоа што беше освоена и покрај сите тешкотии“, рече Нетанјаху во седиштето на неговата партија во Тел Авив, пренесува „Ројтерс“.

Неговиот политички ривал, Бени Ганк, изрази разочарување во неговиот штаб на партијата.

„Ова не е резултатот што го посакувавме“, рече тој.

Победата би му овозможила на Нетанјаху да ја потврди својата политичка долговечност и покрај обвинувањата за корупција, но и да му го отвори патот за да го исполни ветувањето по изборите за изградба на нови израелски населби во окупираниот Западен Брег во согласност со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Предлогот беше категорично отфрлен од Палестинците затоа што не остава простор за воспоставување палестинска држава во Појасот Газа и Западниот Брег.

Европа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Објавено пред

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен тест за ставовите кон странците, кои сочинуваат една четвртина од тамошната популација.

Укинувањето на Договорот со ЕУ за слобода на движење на луѓето, кој е на сила од 2002 година, го побара десничарската популистичка Швајцарска народна партија, а преку него би можеле да се загрозат уште шест билатерални договори со ЕУ. Раскинувањето на еден, значи автоматско раскунување на сите договори од таа група.

Договорите опфаќаат истражувања, земјоделство, технички бариери за трговија, јавни набавки, копнен транспорт и цивилен воздушен транспорт.

ЕУ како последица би можела да раскине и неколку други договори. Ова практично би значело крај на швајцарскиот модел за односи со Унијата. Затоа повеќето Швајцарци се против оваа иницијатива.

Анкетата на gfs.bern покажа дека 63 проценти од испитаниците се противат на предлогот на Швајцарската народна партија, а 35 проценти го поддржуваат, што укажува на тоа дека гласачите сакаат стабилност во време на економска неизвесност поради пандемијата на коронавирусот.

Покрај тоа, Швајцарците одлучуваат и за уште четири прашања: купување борбени авиони, породилно отсуство за татковците, измени на законите за лов и даночни олеснувања.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Поради јаглерод моноксид загинаа 16 работници во кинески рудник

Објавено пред

Во кинески рудник за јаглен во југозападниот кинески град Чунгќинг загинале 16 лица и само едно е спасено.

Спасувачи биле повикани во рудникот откако 17 лица останале заробени внатре поради прекумерно ниво на јаглерод моноксид.

По операцијата за спасување, единствениот преживеан рудар бил испратен на лекување во болница.

Чунгќинг е голем град во кој живеат повеќе од 30 милиони луѓе.

Кина е најголем производител и потрошувач на јаглен во светот, а нејзините рудници некогаш важеа за едни од најопасните на Земјата.

Стандардите за безбедност се подобрија во последниве години, но несреќите продолжуваат. Во 2019 година забележани се 170 фатални несреќи во кинеските рудници за јаглен, кои довеле до 316 смртни случаи, се вели во официјалниот весник на комунистичката партија „Пиполс дејли“.

Прикажи повеќе...

Свет

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Објавено пред

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат податоците на страницата за статистика „Ворлдометер“.

Од компликации со Ковид-19 починале 998.745 лица, а болеста ја надминале 24.409.745 пациенти.

Соединетите држави имаат најголем број на заболени 7.287.561, па следат Индија – 5.992.532 и Бразил – 4.718.115.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа38 минути

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 час

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Свет2 часа

Ерменија и Азербејџан започнаа нов судир за Нагорно-Карабах, урнати дронови и хеликоптери

Како што јавува Би-би-си, Ерменија и Азербејџан започнале судири околу регионот Нагорно-Карабах. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека Азербејџан извршил...

Економија14 часа

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа16 часа

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија18 часа

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија19 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет20 часа

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет21 час

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ22 часа

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ23 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија24 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет1 ден

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет1 ден

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа1 ден

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет1 ден

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ2 дена

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија2 дена

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Досие