Контакт

Свет

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите во Сирија и по испораката на руските ракетни системи

Објавено пред

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека му рекол на потпретседателот на руската влада, Максим Aкимов, дека Израел мора да продолжи со нападите врз непријателски цели во Сирија.

Како што навел, тоа мора да биде направено и покрај одлуката на Москва да го снабди Дамаск со ракетни системи од типот „С-300“.

Нетанјаху на прес-конференција рече дека му пренел на Акимов оти Израел ќе продолжи да се бори против напорите на Иран воено да се зацврсти во Сирија и да испорачува оружје за неговиот либански сојузник, екстремистичката организација Хезболах.

И покрај испорака на одбранбените системи „С-300“, Израел се залага за своја самоодбрана и ќе продолжи со легитимната активност во Сирија против Иран и неговите сојузници, кои ја изразија својата намера да нè уништат, изјави израелскиот премиер.

И Иран и Хезболах, кои се непријатели на Израел, ги поддржуваат силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад во граѓанската војна во таа земја, исто како и Русија.

Израелски авиони извршија стотици воздушни напади во Сирија, на ирански и сириски цели, но нема нови извштаи за израелски напади откако сириската воздушна одбрана по грешка собори руски извидувачки авион, притоа целејќи кон израелските борбени летала.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Чешкиот министер за здравство поднесе оставка

Објавено пред

Чешкиот министер за здравство, Адам Војтех изјави дека ја понудл својата оставка, по критиките кои ги добил за одговорот на пандемијата на коронавирусот.

Како што се наведува, во Чешка во последно време е забележан поголем број на случаи на коронавирус. Минатата недела биле регистрирани и рекордни броеви на заболени во еден ден или над 3.000, пренесе Ројтерс.

Од почетокот на пандемијата во Чешка од Ковид-19 заболеле 49.290, а починале 503 луѓе.

Прикажи повеќе...

Свет

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите против коронавирусот

Објавено пред

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе се заложи за општи примирја во светот.

Целта е сите земји да можат да се посветат на борбата против пандемијата на коронавирус, иако, како што оценува Ројтерс, ефектот од неговиот апел нема да биде голем бидејќи на заседанието нема да присуствуваат повеќето претседатели и премиери.

Американскиот претседател Доналд Трамп, според најавите, е единствениот лидер, кој заедно со Гутереш, утре лично ќе се обрати на првиот ден од заседанието на Генералното собрание.

Претседателите на Кина и Русија, се едни од ретките светски лидери кои ќе дојдат во Њујорк за да ја одбележат 75-годишнината од основањето на светската организација, која денес брои 193 члена.

Околу 170 шефови на држави или влади ќе се обратат на сесијата со видео пораки.

Гутереш за Ројтерс изјави дека општ прекин на огнот во светот ќе придонесе за напорите да се спречи ширењето на Ковид-19 и да се создадат услови за координирано, одржливо и инклузивно закрепнување од ефектите на пандемијата.

По повод 75-годишнината од ООН, основана по Втората светска војна, со цел да се спречат ваквите конфликти, Гутереш истакна дека е неопходен мултилатерализам, како и реформи со цел да се одговори на денешните предизвици.

„ Ако сме … во овој момент на вистината, способни да ги спроведеме потребните реформи за да постигнеме вистинска мрежа на мултилатерализам и вистински инклузивен мултилатерализам, јас навистина верувам дека мултилатерализмот ќе надвладее и дека растечкиот национализам и популизам ќе пропаднат“, рече тој.

Додаде дека пандемијата на коронавирус и проблемите со климатските промени, беззаконието во сајбер просторот и ширењето на нуклеарното оружје „јасно потврдуваат дека светот е многу ранлив“.

„ Мојата надеж е дека, во овој момент, лидерите ќе бидат доволно скромни да ја прифатат нашата ранливост и да разберат дека ни треба единство и меѓународна соработка“, заклучи Гутереш.

Прикажи повеќе...

Свет

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Објавено пред

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, се претпоставува дека до 25 луѓе се заробени во урнатините.

Телевизиите објавија како куче спасувач трага по преживеани под урнатините на зградата во Биванди, на периферијата на Мумбај.

Локалните власти соопштиле дека загинале осум луѓе, објави индиската новинска агенција АНИ.

Шефот на Националните сили за катастрофи, Сатја Прадан, напиша на Твитер дека од 20 до 25 луѓе се заробени, а на терен се спасувачките служби.

Уривањето на згради во Индија е чсета појава, особено во сезоните на монсунски дождови, поради стари и често противзаконски градби.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите против коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Свет46 минути

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според...

Свет48 минути

На сила новите мерки во Австрија

Од полноќ во Австрија почнаа да важат новите правила, поостри мерки во борбата против епидемијата на коронавирус, кои го ограничуваат...

Македонија1 час

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет14 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија16 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија18 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион21 час

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија22 часа

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија24 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија24 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет1 ден

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет1 ден

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ2 дена

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион2 дена

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија2 дена

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Досие