Контакт

Свет

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Објавено пред

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како што наведе, поддршката што ја покажуваат за неговата земја во конфликтот со Хамас, а меѓу нив е и Македонија.

Во пораката објавена на неговиот профил на „Твитер“, Нетанјаху напиша: „Ви благодарам што решително сте со Израел и што го поддржавте нашето право на самоодбрана од терористички напади“.

Заедно со пораката, се поставени знамиња на 25 земји од различни континенти, од САД до Југоисточна Европа, вклучувајќи ги Словенија, Македонија, но и Босна и Херцеговина, каде што најновиот израелско-палестински конфликт наиде на спротивставени ставови.

Имено во Федерацијата БиХ, во деловите со бошњачко мнозинство, јавноста, медиумите, но и политичарите претежно застанаа на страната на Палестинците, осудувајќи го Израел. Од друга страна, во Република Српска изразија јавна поддршка за еврејската држава.

Откако се прошири веста дека БиХ е меѓу земјите на кои Израел им се заблагодарува за поддршката, бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ порача дека израелскиот премиер е малку збунет.

„Мојата порака до премиерот Нетанјаху е дека Босна и Херцеговина не поддржува и не може да поддржува убиства на невини цивили во Газа од страна на израелските воени сили“, напиша Џаферовиќ на социјалните мрежи.

Македонскиот премиер Зоран Заев исто така на „Твитер“ објави став за ситуацијата со Израел и Палестина. Порача дека животите на луѓето се бесценети и насилството мора да запре.

„Не смее да има толеранција за антисемитистички напади. Не смее да има толеранција за напади врз цивили на која било страна. Дијалогот е решение“, напиша Заев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Велика Британија повеќе од 10.000 новозаразени со Ковид-19 во еден ден, причината „делта“ сојот

Објавено пред

Научниците проценуваат дека новиот делта вирус, кој сочинува 95% од сите новоаразени со коронавирус во Велика Британија, е помеѓу 40 и 95% позаразен од претходниот доминантен вид.

Во Велика Британија се забележани повеќе од 10.000 новозарзаени со коронавирус во еден ден, првпат во скоро четири месеци, веројатно како резултат на ширењето на „делта“ сојот кој според експертите е многу позаразен.

Владата денес пријави 11.007 новозаразени лица со коронавирус што е најголема дневна бројка од 19 февруари, пишуваат британските медиуми.

Ширењето на овој вид ги наруши плановите за следната недела за укинување на сите ограничувања и на социјалните контакти, а наместо тоа британскиот премиер Борис Џонсон го одложи понатамошното олеснување на мерките за еден месец до 19 јули.

Повеќето од новозаразените се меѓу помладите луѓе кои сè уште не биле вакцинирани. Британците го проширија процесот на вакцинација и на лица над 18 години.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Инцидент пред манастирот во Цетиње, интервенираше полицијата

Објавено пред

Група граѓани повторно се обидоа да предизвикаат инцидент пред вратите на манастирот Цетиње, информираат медиумите од регионот.

Во нивните извештаи е наведено дека станува збор за група граѓани на Цетиње, противници на СПЦ на Митрополијата Црна Гора-Приморје, кои не ја пропуштаат можноста да протестираат пред манастирот Цетиње, овој пат поради работите на „влажниот јазол“ во тој објект, кој не е реновиран цели 40 години.

Некои од локалните гласила повикувајќи се на своите сознанија, тврдат дека работите се изведуваат без дозвола.

Протестот кој се одвивал мирно ескалирал кога монасите се обиделе да ја затворат манастирската порта на што реагирала собраната толпа граѓани.

Управата на манастирот испрати известување поради настанатата ситуација.

„Како што и е познато на јавноста, во 80-тите години на минатиот век, во соработка со Музеите на Цетиње и тогашната република и општинска администрација, манастирот беше реконструиран, во рамките на кој беше основан црковен музеј од голем дел од неговиот ентериер за презентација на богатото црковно културно-историско наследство пред сите посетители на нашиот град. Како што на сите им е јасно кој е разумен, за да примат поголем број посетители на манастирот Цетиње и на Ризницата, беше потребно да се направат соодветни влажни јазли, што беше направено тогаш, пред околу четириесет години. Тој простор и денес служи за истите цели. Во последните неколку недели, плочките и внатрешната водоводна и канализациона инфраструктура на таа област се заменети, што се истрошија по децениско користење и не ја служат за својата намена “, се вели во соопштението.

Граѓаните пак побарале да бидат прекинати работите се додека надлежните институции не се изјаснат дали воопшто можат да се изведуваат овие работи и додека не се објави дали има дозвола.

Интервенираше и комуналната полиција, пренесуваат медиумите.

Сепак, инспекцијата му наредила на манастирот да добие дозвола за поправка на влажниот јазол и да ги извести за тоа во рок од три дена.

Прикажи повеќе...

Свет

Двојно убиство во Германија, убиецот во бегство

Објавено пред

Две лица загинаа во пукање во западногерманскиот град Еспелкамп, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, пренесува германски „Билд“. Како што се наведува, полицијата излегла на местото на настанот.

Сторителот е во бегство и веројатно е вооружен. Мотивите за нападот сè уште не се познати.

Полицијата соопшти дека првичните резултати од истрагата не покажуваат дека станува збор за тероризам.

„Како што стојат работите, се чини дека тоа беше злосторство, а не тероризам“, изјави портпаролот на полицијата, цитиран од „Ројтерс“.

Германски „Билд“, претходно, повикувајќи се на полицијата, објави дека станува збор за таканаречената амок-ситуација, која се однесува на ментално растројство, при што некое лице неконтролирано убива луѓе околу него.

Според весникот, една жена и еден маж биле убиени, а има и две сцени на злосторство, едно лице е убиено во куќата, а другото пред неа.

Градот Еспелкамп, дом на речиси 20.000 луѓе, се наоѓа во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија3 часа

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија4 часа

(Видео) Украина-Македонија 2:1

Првиот гол за македонската репрезентација во натпреварот со Украина го постигна фудбалерот Езгјан Алиоски. Во 54-та минута Трајковски успеа да...

Македонија5 часа

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија7 часа

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија8 часа

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ9 часа

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија10 часа

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија11 час

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт11 час

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија12 часа

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет1 ден

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет1 ден

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа1 ден

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија1 ден

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија1 ден

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија1 ден

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија1 ден

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет1 ден

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Досие