Свет
Новата одлука на Трамп го загрижува НАТО, Романија е само почеток
По објавувањето за повлекувањето на некои сили од Романија, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го намали бројот на војници во Бугарија, Унгарија и Словачка следниот месец. Овој потег, кој веќе предизвика остри реакции од двете страни на политичкиот спектар на Капитол Хил, иницира нови прашања за долгорочната посветеност на Вашингтон на одбраната на источниот крило на НАТО, пишува „Киев пост“.
Иако одлуката за повлекување на ротационата бригада од Романија предизвика негодување, неколку извори потврдија дека ова е само првиот чекор. Зад затворени врати американските претставници им сигнализираа на сојузниците дека намалувањата во Романија се само почеток и дека понатамошни намалувања во Бугарија, Унгарија и во Словачка може да се очекуваат веќе кон средината на декември. Таквиот временски рок предизвика загриженост кај дипломатите на НАТО, кои бргу ги проценуваат последиците за безбедноста на најотворената граница на алијансата.
Двајца западни претставници запознаени со дискусиите рекоа дека Пентагон го разгледува повлекувањето делумно затоа што европските копнени сили сега се сметаат за поподготвени отколку во последните години, што го прави ограниченото приспособување на присуството на САД соодветно. На сојузниците им е кажано дека веројатно ќе бидат направени дополнителни приспособувања в година. Американскиот допис ги опиша планираните намалувања во сите четири земји како маргинални.
За да ги уверат сојузниците, претставници на администрацијата нагласија дека нивото на американски трупи во Полска и во балтичките држави, најсилно утврдените источни позиции на алијансата, ќе остане непроменето. Тие ги истакнаа силните трошоци за одбрана на овие земји и нивната тесна соработка со американските сили велејќи дека посветеноста на Вашингтон кон НАТО останува силна.
Објавата дојде во услови на растечки критики за првичната одлука за Романија, при што и републиканците и демократите предупредуваат дека потегот може да ја охрабри Москва и да го поткопа единството на алијансата. Пратеникот Мајк Тарнер (Р-Охајо), шеф на американската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, изрази длабока загриженост за намалувањето на силите во клучна земја на првата линија на одбраната.
„Како шеф на американската делегација во Парламентарното собрание на НАТО загрижен сум од извештаите за намалување на американските сили во Романија“, напиша Тарнер на социјалните медиуми нагласувајќи ја потребата од силно и решително присуство на САД во Европа.
Тој директно го поврза прашањето за трупите со неодамнешните руски провокации. „Агресивните акции на Русија против земјите од источниот дел преку намерни упади во воздушниот простор ги нагласуваат амбициите на Русија надвор од Украина“, предупреди тој.
Дипломатот Даниел Фрид, поранешен помошник-државен секретар и еден од архитектите на американската политика во Источна Европа, верува дека новата политика одразува бирократско маневрирање, а не кохерентна стратегија.
„Во рамките на администрацијата на Трамп се води тековна дебата за глобалното распоредување на силите“, објасни Фрид наведувајќи ги спротивставените фракции што се залагаат за стратегијата „Азија на прво место“, пристапот „Тврдина Северна Америка“ или традиционален став кој „сериозно ја сфаќа руската закана“.
Фрид го нарече повлекувањето грешка тврдејќи дека секое видливо намалување на американските сили во Европа испраќа погрешен сигнал до Путин. Сепак, тој забележа дека најавените намалувања се ограничени. „Бројките се толку мали што нема да ја променат воената рамнотежа. Но, сигналот е лош“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор
САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца од нив претходно беа осудени во САД за трговија со дрога, а подоцна ослободени во размена на затвореници, објави CNN.
Покрај членовите на семејството на Мадуро, Вашингтон го таргетираше и виталниот нафтен сектор на Венецуела. Санкции се воведени врз еден панамски бизнисмен и шест бродски компании за кои се тврди дека транспортирале венецуелска нафта. Министерството за финансии на САД, исто така, идентификуваше шест брода за кои вели дека се вклучиле во „измамнички и небезбедни практики на превоз“ за да обезбедат финансирање за владата на Мадуро.
Новите мерки доаѓаат само еден ден откако САД запленија танкер за нафта покрај брегот на Венецуела, дополнително затегнувајќи ги односите. Генералниот обвинител Пам Бонди рече дека танкерот бил под санкции на САД со години „поради неговата вмешаност во нелегална мрежа за транспорт на нафта што поддржува странски терористички организации“, вклучувајќи ги Венецуела и Иран.
Претседателот Мадуро реагираше остро во четврток, велејќи дека заплената означи „нова ера на криминално поморско пиратство во Карибите“. Истиот ден, неговата влада поднесе официјална жалба до Меѓународната поморска организација, осудувајќи го потегот на САД.
фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележани се мали цунами бранови: пристигнуваат снимки
Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за цунами.
Земјотресот се случи во 11:44 часот наутро на длабочина од 20 километри во крајбрежното подрачје на префектурата Аомори, неколку дена откако посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди истата област.
#JUSTIN: A magnitude 6.7 earthquake rattled Japan’s northeast region, prompting a tsunami advisory as authorities monitor aftershocks. No immediate reports of major damage have emerged.
Source: NIPPON TV/JAPAN vis Reuters#Japan #Earthquake #SeismicActivity #JapanNews… pic.twitter.com/K59NfUCyfH
— India Today Global (@ITGGlobal) December 12, 2025
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами до 1 метар. Јавниот радиодифузен сервис NHK соопшти дека земјотресот бил послаб од потресот во понеделникот, а властите соопштија дека не се откриени прекини во нуклеарните централи во областа.
По предупредувањето за цунами, бранови до 20 сантиметри (8 инчи) ги погодија бреговите на префектурите Аомори и Хокаидо, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA). Службениците ги повикаа жителите во погодените области да останат внимателни и да се преселат на повисоки места, велејќи дека се очекуваат повеќе потреси.
M6.5 earthquake struck near the east coast of Honshu, Japan, at 14:52 UTC, about 155 km ENE of Aomori and 102 km NE of Hachinohe. #地震 #sismo #deprem #σεισμός
Light to moderate shaking reported felt along parts of Aomori Prefecture, no major damage reported so far. https://t.co/39ZJvUY26z pic.twitter.com/NYMUog44Cp
— GeoTechWar (@geotechwar) December 10, 2025
Јапонската премиерка Санае Такаичи потврди дека денешниот земјотрес не е поврзан со предупредувањето за можен мегаземотрес, кое властите го издадоа претходно оваа недела. Да потсетиме дека по земјотресот со јачина од 7,5 степени што го погоди североисточниот дел на Јапонија во понеделник, властите ги предупредија граѓаните за можноста за последователен потрес, кој би бил уште посилен.
И покрај ова, Такаичи им порача на граѓаните да останат внимателни. Таа ги повика сите да ги проверат своите патишта за евакуација и итни залихи.
фото: Depositphotos
Свет
Трамп ја презема контролата врз регулативата за вештачка интелигенција
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да ги спречи 50-те американски држави да го прават тоа на свое ниво.
„Сакаме да имаме само еден извор на авторитет“, рече американскиот претседател во Овалната соба. „Далеку сме пред Кина. Кина го знае тоа. И ако не го правевме вака, ќе ѝ го дававме на Кина најголемиот подарок“, тврди тој.
Текстот на регулативата има за цел да „обезбеди само една рамка за функционирање на вештачката интелигенција, така што таа да не биде предмет на законодавство на ниво на поединечни држави, што би можело да го парализира целиот сектор“, објасни главниот секретар на Белата куќа, Вил Шарф.
Регулативата теоретски не може да биде над текстот гласан во Конгресот или парламентот на американска држава.
Актуелната состојба на регулирањето на вештачката интелигенција во САД
До денес, повеќе од сто закони се донесени во околу триесет држави, претежно демократски и републикански, за низа аспекти поврзани со вештачката интелигенција, а бројни предлог-закони се поднесени до Конгресот, но ниту еден сè уште не е ставен на гласање.
Неколку часа по неговата инаугурација во јануари, Трамп ја поништи извршната наредба на неговиот претходник Џо Бајден за безбедноста на вештачката интелигенција.
фото: Depositphotos

