Контакт

Европа

Новата шефица на Европската комисија ќе живее во просторија од 25 квадрати покрај канцеларијата во Брисел

Објавено пред

Новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, ќе живее во просторијата до канцеларијата во седиштето на Комисијата во Брисел, потврди нејзиниот портпарол за агенцијата ДПА.

Поранешната германска министерка за одбрана, Фон дер Лаен, треба да ја преземе функцијата шеф на Европската комисија на 1 ноември. Таа ќе го наследи Жан-Клод Јункер, кој живеел во хотелски апартман од 50 квадрати недалеку од Комисијата за 3.250 евра месечно.

Таа ќе живее, според германскиот весник „Ди велт“, на 13. кат на Берлемон – главната зграда на Комисијата, во просторија од 25 квадратни метри преуредена за таа цел.

Бидејќи безбедносните мерки веќе се засилени околу Комисијата, тоа значи дека нема потреба од преземање други затоа што таа ќе живее таму, рече портпаролот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Заложничка драма во банка во Франција

Објавено пред

Заложничка криза се случува во банка во центарот на градот Авра во Франција, пренесува „Дејли експрес“.Според порталот, напаѓачот ослободил двајца заложници, а држи под закана уште четири лица.

Голем број специјални сили се на местото на настанот, а околу банката е поставен безбедносен прстен и евакуирана е околината, наведува порталот.

Тој влегол во банка околу 17 часот вооружен со пиштол. Банката се наоѓа во близина на полициската станица. Неговите барања сè уште не се објавени, но локалните медиуми велат дека некои од барањата се однесуваат на „пристап до џамијата“.

Прикажи повеќе...

Европа

По забава во Австрија, 80 лица завршија во карантин, а меѓу нив и секретарот за здравство

Објавено пред

По забава што се одржала во австрискиот град Филах, на која присуствувале многу познати личности, 80 лица мора да бидат ставени во карантин.Меѓу присутните бил и секретарот за здравство во тој градот, Кристијан Побер.

На забавата дошол еден угостител за кој се покажало дека е заразен со коронавирус.Угостителот на тој начин придонел за создавање нов кластер на корона во покраината Корушка.

Интересно е што полицијата била повикана, бидејќи на забавата не биле почитувани корона-правилата. Поради стотиците гости на забавата, властите на Филах поставиле станица за тестирање во едно училиште.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија воведува задолжително тестирање повратници од области со висок ризик

Објавено пред

Германија од сабота воведува задолжително тестирање на Ковид-19 за сите патници што се враќаат од подрачја со висок ризик, со што ги спасува од задолжителниот карантин, рече министерот за здравство.

„Од сабота, секој што се враќа од ризичните подрачја мора да се подложи на тестирање. Односно, секој што се враќа од такво подрачје мора да има потврда за негативен резултат на тестот (не постар од 48 часа) или да биде тестиран овде“, изјави Јенс Спан на прес-конференција во Берлин.

Досега сите што се враќаа од подрачјата со висок ризик, меѓу кои се главно земјите надвор од Европската Унија, но и трите шпански покраини (автономните заедници Арагон, Каталонија и Навара), а од среда и белгиската провинција Антверпен, мораа да бидат во 14-дневен карантин во Германија доколку немаа потврда за негативен резултат на тестот, кој е бесплатен.

Со задолжителното тестирање Германија се определи за безбедност.

Трошоците за тестирање ќе ги сноси владата, што е прашање на солидарност, истакна министерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет8 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет10 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет12 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија14 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија14 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион15 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија16 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија17 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија17 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет19 часа

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет20 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет20 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет20 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет1 ден

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет1 ден

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет1 ден

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на Kовид-19, што е далеку од колективен имунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион1 ден

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет1 ден

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија2 дена

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Досие