Контакт

Европа

Новата шпанска влада положи заклетва

Објавено пред

Дваесет и двајца министри на новата шпанска влада на Педро Санчез положија свечена заклетва на церемонијата на која присуствуваше шпанскиот крал Филип Шести.

Пет министри на новиот кабинет се членови на партијата „Обединети можеме“, а нејзиниот лидер Пабло Иглесијас е еден од вицепремиерите, пренесува АП.

Како цели на новата администрација, Санчез постави социјални реформи, економски раст и дијалог со сепаратистите во Каталонија.

Додека положуваа заклетва, сите министри се заколнаа индивидуално дека ќе го почитуваат шпанскиот Устав и ќе бидат лојални на кралот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Објавено пред

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да го смени даночниот систем.

„Поради демонстрации, затворена е изложбата посветена на 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи“, соопштија од „Лувр“.

Меѓу демонстрантите, кои одговорија на повикот од повеќе синдикати, имало и вработени во музејот.

Демонстрантите извикувале „Мона Лиза штрајкува“, „Леонардо штрајкува“.

„Лувр“ секојдневно го посетуваат речиси 30.000 луѓе, а ова е првпат од 5 декември, кога почнаа протестите, музејот да биде затворен.

Демонстрациите го нарушија работењето на јавниот превоз, училиштата, болниците, судовите, па дури и на Ајфеловата кула.

Прикажи повеќе...

Европа

Лондон одобри прoслава на денот на брегзит

Објавено пред

Прославата на „Денот на брегзит“ во центарот на Лондон, испланирана за 31 јануари од страна на водечкиот британски евроскептик Најџел Фараж, доби одобрение од градските власти.

„Организацијата Leave Means Leave доби зелено светло за да биде домаќин на настан на плоштадот пред Парламентот на 31 јануари. Одлична вест“, напиша Фараж на својот профил на „Твитер“.

„Leave Means Leave“ (Заминување значи заминување) еволуираше како кампања која се залагаше за излез на Велика Британија од Европската Унија, предводена од Фараж пред референдумот во 2016 година, на кој 52 проценти од Британците решија нивната земја да ја напушти Европската Унија.

„Ова е одличен момент во историјата на нацијата кој треба да се прослави“, напиша Фараж.

Ричард Тис, лидер на партијата Брегзит што ја основа Фараж по референдумот, откри дека организаторите и натаму работат на вклучување на Биг Бен и огномет во прославата за британскиот излез од Унијата.

Фараж претходно најави дека околу 10.000 луѓе ќе бидат поканети на настанот.

Конзервативниот премиер Борис Џонсон, кој во 2016 година исто така заговараше за брегзит, во вторникот на Би-би-си ги повика граѓаните да донираат за Биг Бен на 31 јануари во 23 часот по локално време да заѕвони во чест на британскиот излез.

Познатиот лондонски часовник се нема огласено од 2017 година и во моментов се реновира, а за работите да се стават во мирување и тој да се огласи потребно е да се соберат околу 500.000 фунти. Сепак, досега се собрани само 150.000 фунти, пренесоа британските медиуми.

Прикажи повеќе...

Европа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

Објавено пред

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа ди Џовани на функцијата заменик-министер во Државниот секретаријат на Ватикан, што е еквивалентно на централната власт, објави Светиот Престол.

Папата ја именуваше Ди Џовани (66) како потсекретар во одделот надлежен за односи со други држави, што е споредливо со Министерството за надворешни работи, се вели во соопштението.

Франческа ди Џовани е дипломиран правник и работи во Државниот секретаријат на Ватикан 27 години. Таа ќе се занимава со прашањата поврзани со мигрантите и бегалците, како и со меѓународното хуманитарно право.

Адвокатката по назначувањето рече дека папата донел „иновативна одлука“ што претставува знак на внимание кон жените.

Од почетокот на неговиот понтификат во 2013 година, папат Франциско (83) ја истакнува улогата на жените во црквата и општеството, редовно осудувајќи ги неправдите чии жртви се тие.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Македонија10 часа

Вооружените крадци од НЛБ банка украле 8.700 евра

Вооружените крадци што утринава влегоа во експозитура на НЛБ банка во Ѓорче Петров украле 8.700 евра, соопштија од банката. Од...

Топ11 час

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

Македонија13 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија13 часа

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата14 часа

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Регион17 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ18 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет18 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија19 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија19 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет20 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион20 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет20 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет20 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион20 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет1 ден

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија2 дена

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа2 дена

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ2 дена

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Досие