Контакт

Свет

Нова студија: Ризикот од изложеност на коронавирус во авионите е многу мал

Објавено пред

Ризикот од изложеност на коронавирус во авионите е многу мал, покажа студија објавена од Министерството за одбрана на САД, што е позитивен знак за авионската индустрија, која е силно погодена од последиците од пандемијата.

Според таа студија, спроведена во авиони „боинг 777“ и „767“ на „Јунајтед ерлајнс“, за патник со маска ризикот лебдечки честички да влезат во областа на дишните патишта во просек е 0,003 проценти, и тоа во полн авион.

Студијата предвидувала услови во кои било заразено само едно лице во авионот и не земајќи ги предвид можните движења на патниците во кабината.

Студијата утврдила дека маските помагаат во минимизирање на изложеноста на зараза кога некој кашла, дури и во соседните седишта. Благодарение на брзата циркулација на воздухот, системите за вентилација и филтрација, околу 99,99 проценти од честичките се филтрираат надвор од кабината во рок од шест минути.

„Овие податоци значат дека речиси нема шанси да бидете изложени на ризик од зараза во авион на ‘Јунајтед’, дури и ако вашиот лет е полн“, рече директорот на службата за корисници на „Јунајтед“, Тоби Енквист.

Студијата понатаму проценува дека за да биде изложен на зараза, патникот ќе мора да помине 54 часа во авион заедно со заразено лице.

Шестмесечното истражување опфатило 300 теста спроведени на 38 часа лет и 45 часа тестирање на земјата. Се засновало на прскање честички со големина на новиот коронавирус низ целата кабина опремена со сензори наместо со луѓе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Австрија двојно зголемен бројот на новозаразени за една недела

Објавено пред

Во Австрија, бројот на новозаразени со коронавирус останува на високо ниво, а во изминатите 24 часа се регистрирани 1.524 нови случаи.

Ова беше утврдено врз основа на 19.469 спроведени тестови.

Во споредба со минатата недела, тоа е раст од околу 50 проценти.

Најголем број новозаразени има во Виена, 333.

Потоа следува Тирол со 292 новозаразени, а потоа Горна Австрија со 243.

Во моментов, во Австрија има 15.471 активен пациент, од кои 889 се хоспитализирани, што е за 90 повеќе од вчера, додека бројот на пациенти на интензивна нега е непроменет, 145.

Во изминатите 24 часа починале 10 лица, така што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 914.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Австрија, на крајот на февруари, вкупно 67.792 лица биле позитивно тестирани за коронавирус, а 51.407 биле излекувани.

Прикажи повеќе...

Регион

Бајден во изборната програма најавува посилен ангажман на САД на Западен Балкан

Објавено пред

Ако победи на претседателските избори во САД, Џо Бајден ќе биде силно посветен на консолидирање на мирот и стабилноста на Западен Балкан, преку зајакнување на сојузот со ЕУ и НАТО, објавија од изборниот тим на демократскиот кандидат за претседател на САД.

Составен дел од изборната програма на Бајден е и делот поврзан со приоритетите во надворешната политика, а исто така и Југоисточна Европа најде место меѓу нив. Посебно се истакнува најавата за ангажман на САД во БиХ, а оваа информација на неговиот „Фејсбук“ профил ја сподели во вторникот Елвир Клемпиќ, по потекло од БиХ, кој е одговорен за односите со етничките заедници во САД во изборниот штаб на Бајден.

„Џо Бајден ќе ги обедини нашите партнери во рамките на ЕУ и НАТО за заеднички развој на стратегија за зајакнување на позицијата на Западен Балкан во евро-атлантските институции. Џо Бајден знае дека е време храброто и одлучно американско раководство да ги поттикне реформите и помирувањето, со цел повторно да се посветиме на нашата долго ветена цел за целосна, слободна и мирна Европа. Џо Бајден е посветен на тоа дека ќе биде засекогаш против омразата и ќе ги поддржи суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина “, се вели во програмата.

Прикажи повеќе...

Европа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Објавено пред

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската индустрија.

Според новата наредба, која е одобрена од централната влада на предлог на владата на Ломбардија, сите трговски активности во целиот регион ќе престанат од 23 часот навечер до 5 часот наутро, освен неопходните, а големите трговски центри ќе останат затворени за време на викендот.

На граѓаните им се препорачува да излегуваат надвор само кога е потребно, а компаниите да ја потенцираат работата од дома.

Претседателот на регионот Ломбардија, Атилио Фонтана, ја донесе одлуката со целосна согласност од сите регионални политички субјекти, и на предлог на научниот и техничкиот комитет со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според проценките на Комитетот, кој го анализираше забрзаното ширење на инфекција со коронавирус во последните неколку недели, до крајот на овој месец може да има 600 пациенти во единиците за интензивна нега во Ломбардија, а вкупно хоспитализирани и до 4.000.

Воведувањето на вакви строги ограничувачки мерки во најразвиениот индустриски регион на Италија, Ломбардија, вознемири многу граѓани, а јавноста претпоставува дека слични мерки, доколку не се запре брзото ширење на Ковид-19, ќе бидат воведени и во другите делови на Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 минути

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија19 минути

Заев: Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава

Се дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, се додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија48 минути

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа2 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија2 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија3 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет3 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет3 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет3 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија17 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет18 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија20 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија21 час

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија21 час

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет22 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ22 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија22 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија1 ден

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет1 ден

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Досие