Свет
Новинари првпат влегоа во затвор во кој се заробени пет илјади борци од ИД
Кога Турција почна офанзива насочена кон расчистување на североисточна Сирија од курдските борци, беа заробени и борци на Исламската држава. Многу од нив веќе долго време се затворени во курдските затвори, а еден од тие објекти се наоѓа во сирискиот град Хасака. Новинарите од агенцијата АФП влегле во една од ќелиите, при што пренесоа ексклузивна приказна за милитантите, сега во портокалови затворски костуми.
Ќелијата се наоѓа во сирискиот град Хасака. Во неа се наоѓаат десетици затвореници чии матични земји не сакаат тие да бидат слободни граѓани, но исто така не сакаат да ги примат назад.
Уште 5.000 затвореници – Сиријци, Ирачани, но и Британци, Французи и Германци се наоѓаат во затворот. Групата е обвинета за злосторства на територии што некогаш биле контролирани од Ирак и Сирија, вклучително и масовни егзекуции, силувања и тортура. За најголем дел од злосторствата има и снимки.
„Сакам да го напуштам затворот и да одам дома кај своето семејство“, вели Асил Матан (22).
Тој го напуштил својот дом во Велс кога имал само 17 години за да му се придружи на својот брат во Мосул, северен Ирак, каде што се формира калифатот на Исламската држава.
Кога неговиот брат бил убиен, тој се префрлил во Рака во Сирија, второто најважно терористичко упориште.
„Сакам да се вратам во Велика Британија“, изјавил тој за АФП додавајќи дека жали што дошол.
Речиси третина од затворениците се пациенти на кои им е потребна итна медицинска помош.
Тие страдаат од тешки болести, како сида и хепатитис, а многу од нив имаат отворени рани на телото.
Лекарското одделение на затворот има капацитет од 300 легла.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко помилува 29 лица кои, како што се наведува, извршиле екстремистички злосторства, соопшти денеска неговиот кабинет.
„Сите тие се покајале за својата постапка и испратиле барање до претседателот на државата за помилување. Се работи за 11 жени и 18 мажи“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Белта.
Според извештаите, меѓу нив има шест лица помлади од 25 години, тројца пензионери, двајца инвалиди и 15 хронични пациенти.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Свет
Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Асад во Москва
Амбасадата на Сирија во Русија за ТАСС ја потврди информацијата дека поранешниот сириски претседател Башар ал Асад се наоѓа во руската престолнина.
„Да, тој е во Москва“, соопшти дипломатската мисија.
Амбасадата соопшти дека немале контакт со Асад.