Свет
Новиот устав на Куба го отвора патот за истополови бракови и приватна сопственост
На Куба денеска почнува дебата за новиот нацрт-устав, кој вклучува и признавање на правото на приватна сопственост и можност за легализирање на истополовите бракови, но исто така во документот не се спомнува комунистичкото општество.
Граѓаните на Куба ќе расправаат за новиот нацрт-устав на 135.000 јавни форуми, вклучувајќи ги и работните места и градските окрузи, до средината на ноември. Заклучоците ќе им бидат предадени на парламентарците што ќе го напишат конечниот предлог на уставот, кој граѓаните ќе го направат на референдумот во февруари 2019 година.
Нацртот веќе доби зелено светло во парламентот. Ако биде усвоен во финалната верзија, ќе го замени постојниот напишан во 1976 година.
Иако во документот не се спомнува комунистичкото општество, се потврдуваат социјалистичката природа на политичкиот систем и водечката улога на Комунистичката партија.
Првпат во уставот се воведува улогата на премиерот, а бројот на претседателските мандати е ограничен на два.
Предложените измени ги водеше поранешниот претседател Раул Кастро, кој беше на власт од 2008 до април 2018 година. Раул Кастро овозможи внимателно отворање на пазарот, а со новиот устав ќе им се даде значење на странските инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.