Контакт

Европа

Нови жаришта на коронавирус во Италија, расте бројот на заразени

Објавено пред

Во Италија бројот на нови случаи заразени од коронавирусот повторно расте и, според најновите податоци, тој се зголемил повеќе од 300 првпат во последниот месец, а и во целата земја се идентификувани нови жаришта.

Според италијанските медиуми, бил откриен кластер во регионот Молисе, каде што биле заразени седум лица од Венецуела, од кои пет пристигнале во Кампобасо од Србија.

Пред неколку недели половина од италијанските региони беа без нови случаи на Ковид-19, а сега само долината на Аоста е без нови случаи на коронавирус.

Првпат од 18 јуни бројот на нови случаи на дневна основа надмина 300 и изнесува 306, а само два дена порано имаше 129.

Меѓу новите жаришта е Тренто, каде што се пријавени десетици случаи, а вирусот е идентификуван и во старски дом во Болоња, каде што има 15 позитивни случаи.

Италијанската влада планира да ја продолжи вонредната состојба до 31 октомври, а регионалните претседатели размислуваат за нови мерки за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, кои првенствено ќе се однесуваат на вечерни излегувања и собири на луѓе.

Во Италија досега со Ковид-19 се заразени 245.338 лица, од кои 12.404 се активни случаи, а 35.092 починале како резултат на вирусот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Речиси 300 позитивни во фабрика што прави сендвичи во Британија

Објавено пред

Речиси 300 вработени во фабрика што произведува сендвичи за вработените во познатиот трговски синџир „Маркс и Спенсер“ се позитивни на коронавирусот, пренесува „Скај њуз“.

Фабриката „Гринкор“ во Нортемптон, во која се вработени околу 2.100 луѓе, рече дека дел од вработените се во самоизолација.

„Гринкор“ наведе дека 79 работници биле позитивни поради што компанијата одлучила да воведе приватна програма за тестирање. Притоа се откриени уште 213 случаи, така што вкупниот број се зголемил на 292.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕК резервира 400 милиони дози на потенцијална вакцина од американска корпорација

Објавено пред

Европската комисија (ЕК) објави дека резервирала до 400 милиони дози потенцијална вакцина против коронавирусот, која ја развива американската корпорација „Џонсон и Џонсон“.

На крајот од првата фаза на преговорите, што заврши вчера, во принцип е постигнат договор дека ЕУ, кога ќе се потврди безбедноста на вакцината и нејзиниот ефект врз коронавирусот, може да купи 200 милиони дози во име на сите членки на ЕУ, а подоцна да добие дополнителни 200 милиони дози.

Комисијата изјави дека ќе продолжи со интензивни разговори со други производители на вакцина против коронавирусот.

На 31 јули ЕК објави дека резервирала 300 милиони дози потенцијална вакцина против коронавирусот, која ја развила француската компанија„ Санофи“.

Прикажи повеќе...

Европа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Објавено пред

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест за Ковид-19, со што ќе бидат заменети најчесто користените брисеви.

Предвидено е околу 30.000 студенти и професори од Универзитетот во Лијеж да ги користат домашните тестови за самотестирање. Tие треба да носат епрувети со примерок од плунката секоја недела во универзитетската лабораторија до декември, а резултатите да ги добијат истиот ден.

Како што изјавија белгиските истражувачи, пилот програмата може да се примени и на другите универзитети, училиштата или компаниите ако се покаже успешна во брзото откривање на жариштата на инфекцијата помеѓу студентите.

Според претходно објавена студија на Белгиската агенција за лекови, тестовите на плунката во голема мера би можеле да го зголемат капацитетот на тестирање, а резултатите се добиваат побрзо отколку кај класичните тестови, но се помалку прецизни, бидејќи е поверојатно да биде откриен вирусот во носот или задниот дел на грлото, отколку во плунката.

Со назалните тестови вирусот на Ковид-19 се открива во 80 отсто од случаите, додека процентот при тесовите со плунка изнесува 60.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ25 минути

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Македонија48 минути

Хелсиншки комитет: Итно да се создадат услови за образование и на децата со попреченост

Надлежните мора итно да создадат услови за образование на децата со попреченост, порачаа од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од...

Топ2 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија2 часа

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по...

Македонија3 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ3 часа

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Свет4 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет4 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет6 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет15 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет15 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа16 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија18 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија18 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ20 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија20 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија22 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија23 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија23 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Досие