Контакт

Европа

Нови мерки во Австрија: Маските се задолжителни речиси насекаде, а визирите се забранети

Објавено пред

Од полноќ, во Австрија стапија на сила нови поостри мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што воведе многу ограничувања на бројот на луѓе на собири, како и продолжување на обврската за носење заштитни маски.

Во уредбата на Министерството за здравство се наведува дека при влегување на јавен простор на затворено и во подземни премини, мора да се носи маска. Истото важи и за собири и манифестации, без разлика дали се на затворено или надвор.

Уредбата исто така нагласува дека при влегување на јавни места на отворено, мора да се одржува растојание од најмалку еден метар кон лица кои не живеат во исто домаќинство.

Во авионите, како и јавниот превоз, во исклучителни случаи, растојанието од еден метар може да се наруши, но маската е задолжителна.

Указот ја воведе обврската да се носат маски во метро станиците, железничките станици, трамвајските станици и аеродромите.

Оној кој се повикува на здравствени причини за време на контролата, поради што не може да носи маска, ќе мора да има потврда од лекар кој има дозвола за работа во Австрија.

Во рестораните, максималниот број на луѓе на една маса е ограничен на шест лица во затворени простории и 12 лица на отворено.

Доколку угостителскиот објект има на располагање повеќе од 50 места, од 1 ноември ќе мора да има концепт на превенција, а исто така ќе мора да има и „ковид одговорно лице“.

Што се однесува до настаните и спортските натпревари, уредбата значително го намали бројот на луѓе.

Така, максимум шест лица со шест малолетни деца можат да присуствуваат на собир во затворени простории без места за седење, а на отворено 12 лица и шест малолетни деца.

На собири каде има места за седење во затворен простор, дозволен е максимален број од 1.000 лица, а на отворено до 1.500 лица.

Уредбата регулира и проби, настапи од хорови и музички оркестри – за аматери, само шест лица ќе можат да настапуваат заедно во затворено, а 12 на отворено. Концептот на превенција е обврзувачки за професионалните музичари, а ако бројот на учесници надмине 50 во затворено и 100 на отворено, потребно е „ковид одговорно лице“.

Со указот се утврдуваат и заштитните маски во домовите за стари лица, во кои обврската се однесува на сите посетители и вработени. Исто така, овие домови мора да развијат концепт на превенција со цел да се минимизира ризикот од зараза, а правилата за посета ќе бидат наведени во тој концепт.

Новата регулатива вклучува и забрана за носење визири, која ќе стапи на сила на 7 ноември.

Европа

Рации во домовите на членовите на ултрадесничарска група во Германија

Објавено пред

Германската полиција спроведе рации во три сојузни држави откако владата ја забрани ултрадесничарската група „Волфбригада 44“, изјави портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.

Полицијата изврши претрес во домовите на 13 членови на ултрадесничарската група „Волфбригада 44“, во сојузните држави Хесен, Мекленбург-Западна Померанија и Северна Рајна-Вестфалија, пренесува АП.

Во акцијата се запленети средства и пропаганден материјал на групата. Портпаролот на МВР изјави дека секој што се бори против основните вредности на германското слободно општество ќе се соочи со одлучни реакции од владата.

Ултрадесничарската група, основана во 2016 година, се залага за повторно воспоставување на нацистичката диктатура. Познато е дека групата поседува оружје и дека нејзините членови учествувале во ултрадесничарски протести.

На почетокот на оваа година, владата забрани неколку други ултрадесничарски групи.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Турција воведува полициски час

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, најави воведување на најригорозни мерки од почетокот на епидемијата со Ковид-19, што подразбира продолжување на полицискиот час во сите денови и преку викенд. По седницата на Владата, Ердоган изјави дека полицискиот час од денеска ќе трае од 21 до 5 часот секој работен ден и за викендите.За време на одредени периоди за време на полицискиот час, ќе можат да работат продавниците за стоки и услугите за доставување храна.

Луѓе постари од 65 години и помлади од 20 години, на кои им е дозволено да поминуваат само три часа на ден надвор, несмеат да користат јавен превоз. На семејни собири како свадби и погреби може да има најмногу 30 лица.

Бројот на новоинфицирани лица во земјата се зголеми на околу 30 000 за еден ден, со што Турција е една од земјите најпогодени од пандемијата. Властите вчера пријавија 31 219 нови инфекции и 188 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија спор околу мерките за Ковид-19, Меркел со жестоки критики за сојузните покраини

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел остро ја критикувала најавата на некои сојузни покраини за отворање на хотелите во периодот меѓу Божиќ и Нова година, за гости кои патуваат во приватен аранжман, објавија германските медиуми.

„Немам таква фантазија за да можам да сфатам зошто токму покраините најпогодени од вториот бран на коронавирус сега планираат да отвораат хотели“, рекла Меркел, цитирана од сведоци на состанокот на претседателството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) денеска наутро.

Некои сојузни покраини, како Северна Рајна-Вестфалија или Берлин, кои се најтешко погодени од ширењето на пандемијата, објавија дека во периодот меѓу католичкиот Божиќ и Нова година ќе им овозможат на хотелите да примаат гости кои патуваат за време на празниците, со цел да ги посетат роднините.

Мерките, кои се на сила од почетокот на ноември и се продолжени до 20 декември, им овозможуваат на хотелите да ги прифаќаат само оние гости кои патуваат деловно.

Меркел укажала на тоа дека е невозможно да се контролира дали гостите се во хотел само за да ги посетат роднините или поради некои трети лица, или едноставно чисто од туристички причини.

Канцеларката посебно ја критикувала најавата на Берлин, каде инциденцата е поголема од 200 во последните денови и каде капацитетите во единиците за интензивна нега се пополнуваат со голема брзина.

Коалицијата на демохристијани и либерали е на власт во проблематичната покраина Северна Рајна-Вестфалија, а социјалдемократите, зелените и левицата се на власт во Берлин.

Според истите информации, германската канцеларка не ја критикувала најавата за отворање на хотелите во сојузните покраини Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија, каде што бројот на заразени е значително помал.

Меркел исто така се залага за оневозможување на ски и зимски туризам барем до 10 јануари, во што е поддржана од Италија и Франција, но се спротивставува Австрија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион1 час

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Свет2 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет2 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет3 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет3 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија4 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија12 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет14 часа

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Регион15 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија16 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет16 часа

Се самоуби телохранителот на Путин

Припадник на руската Федерална служба за безбедност изврши самоубиство денеска додека бил на должност во Кремљ, соопшти полицијата. „Вработен изврши...

Свет18 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Македонија21 час

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија22 часа

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа22 часа

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија22 часа

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија23 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија23 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Досие