Свет
Нов Вухан – Кина затвора град со 11 милиони жители

Кина донесе одлука да заклучи град со 11 милиони жители во провинцијата Хубеј со цел да се запре ширењето на инфекцијата со коронавирус по неколкумесечно стивнување на епидемијата. Граѓаните на Шиџијажуанг, главниот град на провинцијата недалеку од Пекинг, сега не може да го напуштат градот, патиштата се блокирани, летовите се откажани, а железничките и автобуските станици се затворени, наведува Си-ен-ен.
Блокадата следуваше по 117 потврдени случаи на коронавирус, вклучувајќи 67 асимптоматски, само во средата. Уште 66 случаи беа потврдени во четвртокот.
Заклучно со 2 јануари годинава, вкупниот број на заразени лица во Хубеј достигна 304 лица, повеќето од нив во Шиџијажуанг.
Властите во градот минатата недела соопштија дека влегуваат во воен режим на борба против коронавирусот. Набргу спроведена е акција за тестирање на коронавирусот во целиот град за сите 11 милиони жители.
Покрај забраната за движење надвор од градот, овде сега има и забрана за собирање, училиштата се затворени. Одлуката стапи во сила само неколку недели пред Кинеската Нова година кога милиони луѓе патуваат да се сретнат со семејствата. Слична ситуација се случи минатата година, само два дена пред празникот, кога Вухан беше затворен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Измамници им понудиле 400 милиони дози лажни вакцини на земјите од ЕУ

Измамници понудиле 400 милиони дози вакцини за коронавирус на земјите од ЕУ во вредност од околу три милијарди евра, пренесува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на два анонимни извори.
Според Ројтерс, еден од нив рекол дека „трговците“ им нуделе вакцини на „Астразенека“ на владите на ЕУ и ја споредил ситуацијата со слична таква на почетокот на пандемијата, кога лажните трговци го искористиле недостатокот на маски и друга заштитна опрема.
Еден од официјалните лица за Ројтерс изјавил дека станува збор за голема количина дози на вакцини и дека никој не знае што всушност има во нив, солена вода или нешто друго.
„Во најдобар случај, вакцината нема да дејствува, во најлош случај, тоа е многу сериозен проблем“, рекол анонимниот извор.
Второто анонимно лице кажало дека ЕК е многу загрижена за тие вакцини.
Европската Унија претходно предупреди дека бројот на измами со вакцини е во пораст, како и дека лажните дози кружат на пазарот.
Свет
„Фајзер“ ja тестира третата вакцина против Ковид-19 поради појавата на нови соеви

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денес објави дека започнала со тестирање на третата вакцина како дел од стратегијата за заштита од мутирани соеви на коронавирус.
Здравствените власти велат дека првата генерација вакцини против Ковид-19 сè уште штитат од варијантите што се појавија во различни делови на светот.
Сепак, производителите почнуваат да се подготвуваат во случај да се појават соеви на вирус кои се поотпорни на вакцини, според „Ројтерс“.
„Фајзер соопшти дека 144 волонтери ќе учествуваат во третото испитување на дозата за да утврдат дали дополнителна доза дадена шест до 12 месеци по првите две ќе го зајакне имунитетот доволно за да се одбрани од мутираниот вирус.
Регион
Мицотакис: Целта е во 2021 година да достигнеме 50 проценти од туризмот во 2019 година

Во разговор за германски „Ѕидојче цајтунг“, премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, изрази очекувања дека туристичката сезона во 2021 година ќе биде многу подобра од минатата година и дека се надева дека до мај сите граѓани над 60 години, како и оние со придружни болести ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, пренесува АНА.
„Нашата цел е да достигнеме најмалку 50 проценти од нивото во 2019 година“, истакна грчкиот премиер за време на интервјуто, наведува агенцијата.
АНА пренесува дека Мицотакис изразил уверување за германските весници дека кампањата за имунизација во Грција, наречена операција „Слобода“, ќе обезбеди сите граѓани на возраст над 60 години, како и сите со основни болести да бидат вакцинирани до мај.
„Ѕидојче цајтунг“ оцени дека грчкиот премиер се обидува да го олесни патувањето во Европската Унија и особено ја истакна иницијативата на Мицотакис за воведување на стандарден сертификат за вакцинација за патувања во рамките на ЕУ, според агенцијата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер