Контакт

Свет

Нов Зеланд ја легализира евтаназијата

Објавено пред

Граѓаните на Нов Зеланд изгласаа легализација на евтаназијата, покажуваат прелиминарните резултати од референдумот одржан кон средината на октомври.

Според тие резултати, 65,2 проценти од граѓаните го поддржале предлогот за закон за избор за крај на животот, кој сега треба да стапи во сила како нов закон.

Со ова се овозможува смртно болните лица, на кои им се прогнозираа дека немаат повеќе од шест месеци живот, да умрат со помош доколку тоа го одобрат двајца лекари, пренесува Би-би-си.

Како што е наведено, законот ќе стапи во сила во ноември 2021 година.

Со усвојувањето на овој закон Нов Зеланд ќе ѝ се приклучи на мала група земји што ја поддржуваат евтаназијата, како што се Канада и Холандија.

Регион

Во Словенија 1.609 новозаразени, 48 починати и рекорден број хоспитализирани

Објавено пред

Во Словенија, во последните 24 часа се регистрирани 1.609 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починаа. Исто така, евидентиран е рекорден број хоспитализирани пациенти.

Тестирани се 6.587 лица, што значи дека стапката на позитивност е 24,4 проценти, пренесува СТА.

Хоспитализирани се 1.324 пациенти, а бројот на оние кои се на интензивна нега е 206. Во исто време, 98 лица се отпуштени од болници.

Од почетокот на пандемијата, 72.662 лица биле заразени, а 1.293 пациенти починале.

Прикажи повеќе...

Европа

Шкотската премиерка: Сакаме нов референдум за независност следната година

Објавено пред

Шкотската премиерка Никола Старџен се залага за одржување нов референдум за независност следната година, објави „Тајмс“.

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП), која се залага за независност на Шкотска, рече дека претпоставува дека гласањето ќе се одржи во најраниот период од мандатот на новиот шкотски парламент, кој започнува следната година, пренесува „Ројтерс“.

„Шкотска треба да има шанса да избере дали ќе стане независна порано отколку подоцна“, рече таа за ИТВ бордер.

На референдумот во 2014 година 55% од Шкотланѓаните гласаа против независноста, но Брегзит и начинот на кој британската влада управува со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 доведоа до посилна поддршка на независноста во Шкотска, покажуваат најновите анкети.

Изборите за шкотскиот парламент се одржуваат во мај, и се очекува дека СНП ќе забележи добар резултат.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирус започнува следната недела

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцина против коронавирус ќе започне следната недела, пренесува „Ројтерс“.

Во разговор со американските трупи во странство преку видеоврска, како дел од прославата на Денот на благодарноста, Трамп рече дека вакцината првично ќе им биде испратена на луѓето во првите редови во борбата против пандемијата, медицинскиот персонал и постарите граѓани.

Трамп има ветено дека до крајот на годината ќе бидат произведени 100 милиони дози вакцина против Ковид-19, и доволно за вакцинирање на 330 милиони Американци до април 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет1 час

Истражување: Тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба,...

Свет2 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирус...

Свет2 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против коронавирус. Тој во видео објава преку социјалните мрежи вели...

Спорт2 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата, е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи на улиците на...

Свет2 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет3 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија14 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија16 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија16 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа17 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион19 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија19 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија20 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија21 час

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија22 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија24 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ1 ден

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија1 ден

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Досие