Контакт

Регион

Нов земјотрес во Загреб

Објавено пред

Нов земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван сииноќа во 20 и 54 часот во Загреб. По овој, бил почувствуван уште еден поблаг потрес.

Од првиот земјотрес со јачина од 5,5 степени на Рихтер, кој го погоди Загреб и околината во неделата, па сè до полноќ во понеделникот, хрватската сеизмолошка служба забележала вкупно 74 земјотреси.

Повеќето од нив, дури 42, се со јачина од 2 степени според Рихтер.

Во потресот од неделата се повредени 27 лица, од кои 18 потешко, а едно девојче е во критична состојба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција стави камп со 2.500 мигранти во карантин

Објавено пред

Грција стави во каранти цел камп за мигранти кога 20 баратели на азил биле позитивни на тестот на коронавирусот, објави Министерството за миграција.

Тестовите врз 63 лица биле спроведени кога 19-годишен мигрант во болница во Атина бил позитивен на Ковид-19, со што стана првиот регистриран случај на зараза меѓу илјадници мигранти сместени во преполните кампови во целата земја.

Секое движење внатре и надвор од кампот „Ритсон“ ќе биде ограничено на 14 дена, соопшти Министерството, додавајќи дека полицијата ќе го следи спроведувањето на мерките.

Кампот се наоѓа на 75 километри североисточно од Атина и е дом на речиси 2.500 луѓе.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која се забрануваше пониски нивоа на владини и здравствени установи да даваат информации во врска со здравствената состојба на граѓаните.

„Моја вина и глупост е што ја донесовме оваа уредба“, рече Брнабиќ додавајќи дека жали што владината уредба фрлила сенка над сето добро што е направено.

Според неа, одлучено е уредбата да биде повлечена по барање на српскиот претседател Александар Вучиќ, јавуваат медиумите во Србија. Со спорната регулатива предвидено е дека информациите за состојбата, последиците и мерките преземени за борба против ширењето на коронавирусот може да ги даде само Кризниот штаб за сузбивање на Ковид-19, предводен од премиерот. Јавноста и медиумите се побунија против регулативата со образложение дека станува збор за класична цензура на медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчката црква ќе држи велигденски служби зад затворени врати

Објавено пред

Грчката црква соопшти дека ќе држи литургии зад затворени врати за време на велигденската недела и ја повика јавноста да ги почитува мерките за борба против коронавирусот, да останат дома и да се молат повеќе за да ги заштитат своите најблиски.

Светиот синод, кој се состана под раководство на архиепископот на Атина и цела Грција, Јерином, го поздрави предлогот на министерот за образование и религија, Ники Керамеус, според кој од 30 март литургиите во црквите и манастирите ќе се држат за време на Велигден зад затворени врати, пренесува грчката агенција АНА.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ34 минути

Уапсени насилниците кои тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет1 час

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет1 час

Новите проценки покажуваат дека 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирус биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија2 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени од еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирус наместо да биде во строга...

Македонија2 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија3 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион3 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет4 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија4 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет4 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава4 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет6 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија17 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија18 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија20 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија21 час

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија22 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија23 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија23 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија23 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Досие