Контакт

Вести

Нов мост во Џенова за осум месеци

Објавено пред

Италија, Џенова

Компанијата „Автопатишта Италија“ соопшти дека за осум месеци може да изгради нов челичен мост на местото на стариот кој се урна минатата недела во Џенова, при што загинаа 43 лица.

Челниците на оваа приватна компанија што го одржувала надвозникот „Моранди“ рекле дека новиот мост ќе биде изграден од челик во согласност со новите технологии.

Обновата на мостот ќе биде финансирана од најавените 500 милиони евра, кои ќе се искористат и за финансирање на пристапните сообраќајници, за помош на семејствата на жртвите и за помош на принудно раселените луѓе што живееле покрај мостот.

Вести

Саудијците една година пред убиството на Кашоги барале платени убијци

Објавено пред

Истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги сè уште е во тек, но новите информации што ги објави „Њујорк тајмс“ дополнително го продлабочуваат сомнежот дека наредбата за неговото убиство во конзулатот во Истанбул доаѓа од самиот врв на саудискиот режим.

Саудиските разузнавачи блиски до принцот Мухамед бин Салман наводно лани прашале група бизнисмени со кои договарале соработка дали за нив би извршиле атентати на непријатели на монархијата, објави „Њујорк тајмс“.

Саудиска Арабија досега традиционално избегнувала тајни операции во странство, ликвидации и воени интервенции од страв дека авантуристичката надворешна политика би можела да доведе до нестабилност и изолација и така да ја загрози позицијата на најголемиот светски извоник на нафта. Но, судејќи по сè, тоа се сменило како што се зголемиле овластувањата на престолонаследникот, принцот Мухамед бин Салман.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Три лица избодени со нож на улица во Мелбурн

Објавено пред

Три лица се избодени со нож утринава во центарот на австралискиот град Мелбурн. Полицијата го застрелала напаѓачот и во критична состојба е пренесен во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека од тројцата избодени едно лице е во критична состојба, друго има повреди на главата, а состојбата на третото лице не е позната.

Пред инцидентот, полицијата била повикана поради возило што горело во улицата Бурк. На видеоснимките објавени на интернет се гледа како мажот ѝ се заканува на полицијата со нож во раката.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Апокалиптични сцени од Калифорнија: Десетина илјади луѓе евакуирани поради пожар

Објавено пред

Десетина илјади луѓе се евакуирани на северот на Калифорнија поради голем шумски пожар. Загрозени се неколку населби, а засега не е познато дали има жртви или повредени.

Полицијата соопшти дека евакуацијата важи за целиот град Парадајз, кој има 27 000 жители и се наоѓа на околу 300 километри од Сан Франциско.

Пожарот се шири брзо поради силниот ветер, сувата трева и ниската влага во воздухот. Над Парадајз се издигнал густ црн чад кој можел да се види од оддалеченост од неколку километри.

Затворен е и автопатот во тој тел, а националната метеоролошка сллужба издаде црвен аларм за опасност од пожарите во повеќе делови на Калифорнија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија2 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања4 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија4 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток5 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија5 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија6 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток6 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет8 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија9 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа9 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет9 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија10 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија11 час

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија11 час

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија19 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија1 ден

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ1 ден

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија1 ден

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Досие