Контакт

Европа

Нов црн рекорд на новозаразени во Италија

Објавено пред

Во изминатите 24 часа 446 лица починаа во Италија од Koвид-19, а регистрирани се 37.809 нови случаи, што е најголем број на заразени за еден ден, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Забележани се 3.000 случаи повеќе од претходниот ден кога имало 34.505 нови случаи.

Во соопштението се наведува дека во четвртокот биле извршени 234.245 тестирања, што е најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата.

Вкупно 40.638 лица починаа од коронавирус во Италија, а 862.681 лице се заразиле.

Најпогодена е северната област Ломбардија, во која се наоѓа најголемиот економски центар Милано, каде што денес се регистрирани 9.934 случаи на Ковид-19.

Европа

Белгија потврди дека ќе прифати 150 мигранти од Грција

Објавено пред

Белгија ќе прифати 150 мигранти и баратели на азил од Грција, потврди белгискиот државен секретар за миграција, Сами Мехди, на дигитален состанок со грчкиот министер за алтернативна миграција и азил, Јоргос Кумуцакос.

Првата група мигранти треба да пристигне во Белгија до крајот на годината, пренесува грчката агенција АНА.

Двајцата министри разговараа за иднината на европската политика за азил и миграција во светло на новиот пакт за миграција и азил.

Двете страни се согласија дека ад хок мерките воведени по кризата не се долгорочни одржливи решенија и дека само сеопфатен пристап на ниво на ЕУ може да обезбеди такво нешто.

Белгискиот секретар го потврди ветувањето на новата белгиска влада од состанокот одржан во Брисел во септември минатата година помеѓу Кумуцакос и претходникот на Мехди.

К поддршка на азил во ЕУ за понатамошно зајакнување на поддршката на агенцијата за грчката служба за миграција, како и за прашањата поврзани со Пактот за миграција и азил.

Прикажи повеќе...

Европа

Орбан: Европа не смее да подлегне на влијанието на Сорос

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европа не смее да подлегне на влијанието на мрежата на финансиерoт Џорџ Сорос.

Според него, таа мрежа со години работи на претворање на Европа во имигрантски континент.

Орбан реагира на текстот на Сорос за порталот „Проџект синдикејт“, во кој американскиот бизнисмен со унгарско потекло ги советува европските лидери строго да ги казнуваат оние членови шот не сакаат да бидат дел од обединетото европско царство со слоганот „Отворено небо“.

Орбан во објава на англиски јазик на својата официјална веб-страница напиша дека многумина веруваат оти на економскиот криминал на Сорос не вреди да се одговара затоа што неговите финансиски шпекулации уништија животи на милиони луѓе, пренесува МТИ.

„Иако од различно потекло, европските нации се поврзани со заеднички корен на нашата вера. Христијанската слобода обезбеди слобода на мислата и културата и создаде позитивна конкуренција меѓу народите. Овој прекрасен амалгам на контраст ја направи Европа водечка сила во минатите векови“, рече Орбан.

Историското искуство покажува дека Европа повторно ќе биде голема ако нејзините народи повторно станат големи и се спротивстават на сите форми на империјална амбиција, истакна Орбан.

Според него, мрежата на Сорос работи со години за да ја претвори Европа во континент на имигранти.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Уапсен возачот на автомобилот што удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Објавено пред

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Полицијата го уапсила возачот.

„Истражуваме дали возачот намерно ја погодил оградата. Тој е уапсен“, напиша полицијата на „Твитер“.

Според фотографиите на „Ројтерс“ од местото на настанот, на автомобилот што удрил во портата биле напишани и пораки.

„Билд“ пренесува дека е можно да станува збор за политички мотивиран напад и од таму наведуваат дека истиот тој возач веќе удрил во истата ограда пред шест години.

„Стоп за политиката на глобализација“ и „Проклети убијци на деца и стари луѓе“, пишува на вратата од автомобилот.

Ниту оградата ниту автомобилот не е многу оштетен.

Не е познато дали има повредени, ниту дали канцеларката Меркел била во зградата за време на инцидентот. Десетици полицајци и противпожарно возило беа на самото место на настанот. Возачот, кој бил во доцните средни години, бил однесен во инвалидска количка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

Двајца повредени со нож во Швајцарија, се утврдува дали е терористички напад

Две лица се повредени, а едно лице е уапсено во можен терористички напад во стоковна куќа во Швајцарија, пренесува швајцарски...

Македонија2 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура3 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа4 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет4 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија5 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион5 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа5 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет5 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет6 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет6 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет7 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет7 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија18 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет19 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет20 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија20 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа20 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет21 час

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Досие