Контакт

Свет

Нотр Дам по пожарот низ фотографии

Објавено пред

Пожарникарите по осумчасовна битка со огнот успеаја да ја спасат главната камена структура на 850 години старата готска градба на едно од најзначајните париски обележја со светска вредност, катедралата Нотр Дам.

Од пламените јазици се спасени двете кули, но не и шилестата готска кула и покривот. Таа се смета за една од најубавите примери на француската готска архитектура.

Нејзината изградба започнала во 1160 година, а завршена е во најголем дел 100 години подоцна.

Ден по страотниот пожар што се закануваше да го пеплоса ова историско здание, агенциите објавија фотографии од катедралата и штетите што ги предизвика пожарот.

Свет

Дутерте: Ќе отпловам за Канада и таму ќе им го истресам целото нивно ѓубре

Објавено пред

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, денеска се закани дека ќе испорача голема количина отпад назад во Канада, како и дека еден дел од ѓубрето ќе го остави пред канадската амбасада во Манила, доколку таа земја не го преземе назад отпадот за кои филипинските официјални лица дека е пред неколку години незаконски бил транспортиран во нивната земја.

„Сакам бродот да биде подготвен. Ги предупредам Канаѓаните, можеби подобро е да го повлечат назад тоа што е нивно или ќе отпловам за Канада и таму ќе го истресам нивното ѓубре“, рече Дутерте, а пренесе АП.

Меѓу 2013 и 2014 година од Канада за Филипини превезени биле повеќе од стотина контејнери отпад од домаќинства.

Официјалните лица велат дека приватна компанија неправилно го пријавила отпадот од отпадот како пластични остатоци кои можат да се рециклираат.

Прикажи повеќе...

Свет

Пронајдено момче со запишан број на телефон на чевлите во близина на мексиканско-американската граница

Објавено пред

Тригодишното момче го пронајде американската гранична патрола, која се обидува да ги пронајде неговите родители врз основа на бројот на телефонот запишан на неговите чевли.

Напуштеното момче мигрант беше пронајдено во поле со пченка, недалеку од градот Браунсвил, на границата меѓу Мексико и американската држава Тексас, објави Ен-би-си.

Членовите на пограничната патрола го затекнаа момчето како плаче, а на неговите чевли беа напишани само името и телефонскиот број.

Момчето било однесено во полициска станица, а полицијата досега не успеала да стапи во контакт со неговите родители или некој што го познавал.

Граничните полицајци рекоа дека момчето во станицата се смирило, гледало телевизија и дека ќе биде однесено во здравствен центар за понатамошна нега.

Шефот на пограничната патрола во долината на Рио Гранде верува дека момчето било во поголема група која наишла на агенти и дека мигрантите потоа се разбегале и го оставиле момчето само.

Бројот на семејства и деца што се обидуваат илегално да ја преминат границата од Мексико во САД во последните месеци е во пораст.

Во март 8.975 деца патувале без родители, но најмногу во групи, а минатиот месец 53.077 родители и деца ја преминале границата.

Прикажи повеќе...

Свет

Ким Џонг-ун го смени својот најблизок соработник

Објавено пред

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој пристигна во Русија, го смени својот најблизок соработник Ким Џонг Чол, кој беше главен преговарач со американскиот државен секретар Мајк Помпео, објави јужнокорејската новинска агенција „Џонхап“.

Ким Џонг Чол беше лидер на Одделот за обединување на фронтовите, тело на севернокорејската Работничка партија, која се занимава со односите на Јужна Кореја и САД.

Веста за смената е објавена во време кога Ким допатува со својот блиндиран воз во Владивосток, во крајниот исток на Русија, каде што треба да се сретне со рускиот претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Папата Франциск ќе се вози со папамобилот во зависност од временските услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат...

Македонија33 минути

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите. На...

Избори 20191 час

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: За нас, поглавар на ИВЗ е оној што го утврдуваат законите на Заедницата

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а...

Топ2 часа

Обвиненија за тројца што силувале дете од Гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица, кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз...

Македонија4 часа

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија4 часа

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија5 часа

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија6 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет6 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија20 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет1 ден

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија1 ден

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ1 ден

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ1 ден

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Досие