Контакт

Свет

Нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан би одзела 125 милиони животи

Објавено пред

Нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан би можела да убие до 125 милиони луѓе за само неколку дена надминувајќи го бројот на загинати во Втората светска војна и да почне светско уништување на животната средина, покажува новата студија цитирана од РТ.

Објавена во „Сајанс адвенсес“, студијата предвидува огромен број загинати во случај на таков конфликт за кој се вели дека може да ги намали глобалните температури до ниво споредливо со последната ледена доба.

„Таква војна ќе ги загрози не само местата каде што би можеле да бидат насочени бомбите туку и целиот свет“, вели коавторот на студијата и професор по еколошки науки на Универзитетот „Рутгерс“, Алан Робок.

Секое детонирано нуклеарно оружје може да збрише дури 700.000 луѓе, покажуваат компјутерските симулации на студијата, а експлозиите може да испратат толку многу саѓи и остатоци во атмосферата што ќе предизвикаат нуклеарна зима, која ќе доведе до брз пад на температурите, расипувања на земјоделските култури и масовно гладување.

Иако Индија и Пакистан поседуваат околу 300 нуклеарни оружја, студијата сугерира дека бројот би можел да достигне до 500 до 2025 година за кога истражувачите во своите компјутерски симулации пресметале дека би можела да избие хипотетичката војна.

Европа

„Европол“: Жените еднакво способни за криминал како и мажите

Објавено пред

Жените се еднакво способни да извршат сериозни кривични дела како и мажите, покажуваат податоците од сајтот на најбараните жени бегалци во Европа.

Според соопштението на „Европол“, бројот на жени кои се занимаваат со криминални активности се зголемил во последните децении, иако темпото на овој раст е побавно од оној на мажите.

Како едно објаснување за овој тренд, „Европол“ наведува дека е можно технолошкиот напредок и социјалните норми да ги ослободиле жените од домашната работа и да ја зголемат нивната застапеност на „пазарот на криминал“.

Во новата кампања на „Европол“, 21 земја членка избрала по еден од своите најбарани бегалци, чие лице е покриено со маска, а гледачите треба да го погодат полот на криминалецот додека делови од маската постепено исчезнуваат.

Целта е да се привлечат што е можно повеќе посетители на сајтот.

Според „Европол“,  податоците покажуваат дека криминалците, од двата пола, се барани за сериозни кривични дела како убиство, трговија со дрога, измама, кражба и трговија со луѓе.

„Европол“ ги повикува луѓето да обезбедат информации што би помогнале во пронаоѓањето на бегалците.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија бара да се преместат седниците на ОН од Њујорк

Објавено пред

Русија поднесе официјално барање седниците на првиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации да не се одржуваат во Њујорк, туку во Виена или Женева, пренесе ТАС С, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според информациите, документот е предаден. САД не одобрија визи на една третина од руската делегација, која требаше да присуствува на седницата на првиот комитет на ОН.

Првиот комитет на Генералното собрание на ОН за прашања за разоружување, традиционално почнува со работа во октомври и заседава речиси секој ден во овој месец.

Прикажи повеќе...

Свет

Земјотрес ја потресе Алјаска

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди денес Алјаска, објави Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил 475 километри северозападно од Фербанкс, град со околу 32.000 жители, на длабочина од 34 километри, јави ТАСС.

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на бројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет51 минута

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по...

Европа2 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет13 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион15 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија16 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет17 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион18 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија18 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија20 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија20 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ21 час

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија21 час

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ22 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија22 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа22 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија23 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа1 ден

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион1 ден

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет1 ден

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Досие