Свет
Обама не признава дека го потценил Путин
Американскиот претседател на заминување Барак Обама призна во неделата дека го „потценил“ влијанието кое кибернетичките напади и ширењето дезинформации може да го имаат врз демократските систем, два дена по извештајот на разузнавачките агенции кои ја обвинуваат Русија за наводно мешање во американската претседателска кампања и помошта на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Извештајот на разузнавачките служби Обама го оцени како „многу јасен“. „Русите се стремеле да се вмешаат во изборниот процес: во рамките на таа кампања тие изведувале кибернетички напади, а исто така имаа јавно изразени ставови во однос на исходот“ од изборите, рече Обама.
Истакна дека и тој и американското разузнавање се убедени во исправноста на заклучоците од извештајот, од кој дел беше јавно објавен во саботата. „Видов некои моменти во основата на изворите и информациите, и јас целосно го поддржувам тој извештајот“, вели Обама.
Во интервјуто за ABC, Бара Обама вели дека не го потценил рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што тврдат разузнавачките кругови, лично ги оркестрирал кибернетичките напади за да му помогне на Доналд Трамп а на штета на Хилари Клинтон, што Кремљ веќе ниту се труди да го демантира нарекувајќи „фантазирање“ и обид да се најде изговор за изборниот неуспех на демократите.
„Не мислам дека го потценив Путин, но мислам дека го потценив влијанието која во оваа нова информатичка ера може да го имаат дезинформациите, хакирањата и слично, но нашите општества се отворени“, рече Обама оценувајќи дека таа тенденција се забрзува.
„Неодамна видовме многу коментари од коишто произлегува дека има републиканци, експерти или телевизиски коментатори коишто, се чини, имаат повеќе доверба во Владимир Путин отколку во сонародниците Американци, бидејќи тие се демократи… Тоа не треба да се случува“, констатира Обама и истакна дека таквата ситуација сериозно го загрижува.
Притоа не ја исклучи можноста и други земји да се обидат да влијаат врз американската претседателска кампања, и тоа треба да ги загрижува и Републиканската и Демократската партија.
Обама побарал истрага за наводната руска вмешаност во претседателската кампања во САД првенствено за да „биде сигурен дека тоа Путин веќе извесно време го прави во Европа, прво во поранешните земји сателити каде што многу луѓе зборуваат руски, а потоа сé повеќе и повеќе и во западните демократии“.
Потсети дека годинава ќе се одржат избори во повеќе земни сојузнички на САД во НАТО и претпостави дека „руското однесување може да се повтори“.
„Мораме да бидеме будни“, вели Обама предупредувајќи дека „странските сили“ би можеле да влијаат на политичката дебата во САД на начини кои не биле возможни „пред десет, дваесет или триесет годни, како поради начините на кои циркулираат информациите, така и поради воздржаноста на луѓето кон големите традиционални медиуми“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за проширување на територијата.
„Израел не сака само да ја обезбеди својата безбедност, туку сака уште територија. Владата на Нетанјаху ја користи безбедноста како изговор за окупација“, изјави Фидан на дипломатски форум во Анталија.
Според него, покрај палестинските територии, Израел се обидува да ја прошири својата доминација и кон делови од Либан и Сирија.
„Ова е континуирана окупација и експанзионизам. Ова мора да престане“, рече Фидан.
Тој додаде дека конфликтот на Блискиот Исток ги оттурнал во втор план напорите за решавање на војната меѓу Русија и Украина.
Свет
Трамп вчера изјави дека Иран никогаш повеќе нема да го затвори Ормускиот теснец
Се чека реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако Иран повторно го затвори Ормсукиот теснец, кусо по отворањето.
Трамп во текот на вчерашниот ден го прослави повторното отворање со серија објави на социјалните медиуми вчера, тврдејќи, меѓу другото, дека Иран се согласил никогаш повеќе да не го затвора водниот пат.

Свет
Иран отвори шест аеродроми
Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите.
Според информациите, шест аеродроми повторно се ставени во функција, меѓу кои и главниот во Техеран. Отворањето доаѓа во контекст на прекинот на огнот на Блискиот Исток.
Во исто време, податоците покажуваат дека конвој од осум танкери поминал низ Ормуски теснец, по краткото повторно отворање на овој клучен поморски правец.
Иако стотици бродови остануваат заглавени во Персискиот Залив од почетокот на конфликтот, дел од сопствениците се надеваат дека ќе го искористат примирјето за да го напуштат регионот.
