Свет
Обезбедени повеќе од 2 милијарди долари за вакцини за сиромашните земји

Државите и приватните донатори вчера собраа близу 2,4 милијарди американски долари за програмата за поделба на вакцини „Ковакс“, обидувајќи се со ова да ги направат вакцините против Ковид-19 подостапни и за луѓето во посиромашните земји.
Собраните средства ќе му овозможат на системот „Ковакс“ да обезбеди 1,8 милијарди целосно субвенционирани дози на вакцини што ќе бидат доставени до посиромашните земји, во 2021 година и почетокот на 2022 година, што ќе биде доволно за да се заштити 30 проценти од возрасното население во тие земји, изјавија надлежните.
„Направивме голем чекор кон заштита на светот“, рече Хозе Мануел Баросо, претседател на „ГАВИ“. Вкупниот буџет на „ГАВИ“ се зголеми на 9,6 милијарди со новото финансирање, додаде тој.
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга, чија влада собра дополнителни 800 милиони, го нарече резултатот исклучително значаен чекор кон еднаков пристап до вакцината против коронавирусот. Јапонија, исто така, ќе донира околу 30 милиони дози вакцини произведени во нивната земја преку „Ковакс“, најави тој.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, чија земја донираше 15 милиони дози и 50 милиони евра, рече: „Водејќи се единствено од примери, можеме да бидеме ефикасни и солидарни“.
Австралија соопшти дека му дава на „Ковакс“ дополнителни 50 милиони австралиски долари, додека Канада, Шведска, Франција и Швајцарија беа меѓу другите земји кои ги објавија новите донации.
Бил Гејтс рече: „Земјите со високи примања резервираа повеќе вакцини отколку што им требаат. Без да ги загрозат нивните домашни планови за вакцинација, овие земји можат да бидат дел од обидот за глобален пристап кон вакцината со споделување на вишокот дози”.
„Ги охрабрувам овие земји да бидат отворени и да се вклучат во споделување на една милијарда дози што е можно поскоро во 2021 година, претежно преку програмата „Ковакс“ рече Гејтс.
Фондацијата на Гејтс подоцна објави 50 милиони долари донации за „Ковакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Захарова: Нема легален начин да украдеш нешто од другите и да си го земеш за себе

Русија ќе возврати на обидите на Западот да ги заплени руските средства за да и ги предаде на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Обидите за посегнување на рускиот имот и средства ќе се сметаат за грабеж и нема да останат без одговор – изјави таа за новинарите.
Захарова посочи дека не постои правен начин за експропријација на рускиот имот, пренесе ТАСС.
– Се разбира, разбирам дека во светот што сега го наметнува колективниот Запад се е можно, но ако зборуваме за право и правда кои важат со децении, не постои легален начин да се украде нешто од другите и да го земете за себе – нагласи Захарова.
Свет
ФБИ го претресува домот на Бајден

ФБИ го претресува домот на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат, а пренесе Би-би-си. Адвокатот на Бајден вели дека претседателот не барал налог за претрес.
Да потсетиме, минатата есен во приватната канцеларија на Бајден беа откриени доверливи документи, а јавноста за тоа дозна минатиот месец.
Документите датираат од времето кога Бајден беше потпретседател за време на двата претседателски мандати на Барак Обама. Јавниот обвинител Мерик Гарланд побара од државниот обвинител во Чикаго да го истражи случајот.
Адвокатите на Бајден тврдат дека ги пронашле доверливите материјали во ноември за време на затворањето на канцеларијата на Бајден во Вашингтон.
Бајден ја искористи канцеларијата како дел од неговата соработка со Универзитетот во Пенсилванија, каде беше почесен професор од 2017 до 2019 година, пишува Си-ен-ен.
Во канцеларијата биле пронајдени помалку од десетина доверливи документи, потврдил извор за Си-Ен-Ен.
Се уште не е јасно на што се однесуваат документите и зошто се однесени во приватната канцеларија на Бајден,пренесе Индекс.хр.
Свет
Американка уапсена во Москва откако прошетала теле низ Црвениот плоштад

Американката Алиша Деј е уапсена денеска и осудена на руски суд откако прошетала теле низ Црвениот плоштад во Москва, објави Ројтерс.
Според руските државни медиуми, Алиша Деј рекла дека го купила телето за да го спаси од колење.
Деј беше казнета со 285 долари за попречување на пешаците за време на нејзиниот незаконски протест и беше осудена на 13 дена затвор поради непочитување на полициската наредба,пренесе Танјуг.