Контакт

Свет

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Објавено пред

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето на Киев да им дозволи на руските набљудувачи присуство на изборите е спротивно на принципите на земјите членки на ОБСЕ, изјави Борис Гандел, портпаролот на словачкото Министерство за надворешни работи, за „Спутник“.

Ја сфаќам сложеноста на актуелната ситуација во односите меѓу Киев и Москва, но сакам да ве замолам да ги почитувате принципите што ОБСЕ ги применува повеќе од една деценија и со тоа да придонесете кон демократскиот процес и следењето на изборите, кои се од најголема важност за понатамошнниот развој на вашата земја”, му рекол Лајчак за Климкин на состанокот во неделата во Брисел.

Двајцата министри се сретнале во Брисел пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ и разговарале за актуелната ситуација во Украина и нејзиното соседство, со акцент на претстојните претседателски избори во Украина во март.

Изборите во Украина се закажани за 31 март, а изборната кампања почна на 31 декември 2018 година заедно со регистрацијата на кандидатите. Украинската изборна комисија објави дека за претседателската трка се пријавиле 40 кандидати, што е нов рекорд.

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ планира да побара до 56 земји членки на ОБСЕ, вклучувајќи ја и Русија, да учествуваат во краткорочната мониторинг-мисија на претстојните претседателски избори во Украина со вкупно 750 монитори.

Украинскиот претседател Петро Порошенко, сепак, рече дека ќе ѝ наложи на украинската државна погранична служба да не им дозволи влез на руските набљудувачи, а украинскиот парламент подоцна го усвои предлог-законот за забрана претставниците на Русија да ги следат изборите во Украина.

Директорот на ОДИХР, Ингибјорг Солрун Гисладотир, изрази жалење поради одлуката на Киев, а рускиот заменик-министер за надворешни работи, Григориј Карасин, истакна дека Москва ќе го брани своето право да ги следи изборите.

Свет

Во Нотр Дам се одржа првата миса по пожарот

Објавено пред

Вo париската катедрала Нотр Дам денескабеше одржана првата миса по пожарот на 15 април. Два месеци по ужасниот пожар, парискиот надбискуп Мишел Опети одржа служба пред малиот број верници, само во капелата зад хорот, бидејќи тоа место е потврдено дека е безбедно.

Министерот за култура, Франк Ристе, претходно изјави дека готската катедрала и натаму е во кревка состојба и дека некои делови се уште можат да се урнат. Поради безбедносни причини во катедралата беа пуштени само 30 луѓе, во главно свештеници и вработени во црквата, а надбискупот и другите имале градежни шлемови на главите. На мисата биле повикани и некои од работниците кои работат на обнова на катедралата.

Останатите верници можеа да ја следат мисата на католичката телевизија, која пренесувала во живо. Се уште не се знае кога Нотр Дам ќе биде отворена за јавноста.

Претседателот Емануел Макрон постави рок од пет години за обнова на црквата, што многумина експерти е нереално кус период.

Прикажи повеќе...

Свет

Првата жена астронаут ќе зачекори на Месечината до 2024

Објавено пред

Една од 12-те жени астронаути во НАСА ќе биде првата која ќе зачекори на Месечината до 2024 година, до кога САД најавија дека луѓе повторно ќе чекорат по лунарната површина, а НАСА соопшти дека меѓу тие луѓе ќе има и една жена.
Жените се на возраст помеѓу 40 и 54 години, од различни професии, а американската агенција ги избрала меѓу илјадници пријавени.

На почетокот НАСА регрутираше војници, мажи. Дванаесет астронаути, кои чекореа по Месечината меѓу 1969 и 1972 година, сите беа мажи. Првата жена во вселената беше Сели Рајд во 1983 година.

За враќањето на Месечината, одлука која ја донесе претседателот Доналд Трамп, НАСА вети и една жена. Четири од астронаутките би претставувале најдобра рамнотежа меѓу младоста и искуството, оценуваат експертите.

Тоа се поранешната воена пилотка на хеликоптер, Ана Меккејн, инжињерката Кристина Коч, Џесика Мер – биолог и поранешната пробна пилотка на ловец Ф/А 18, Никол Ман, која учествувала во војните во Ирак и Авганистан.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Нема да има насилно преземање на власта

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема поважни работи од тоа земјата да се обнови, да му се помогне на народот на Косово да ја сочува својата безбедност, но порача и дека нема да има насилно преземање на власта во Србија.

„Не дојдов да зборувам лошо за некого, ни за оние кои не навредуваат секој ден, ни за оние кои ни се закнуваат со ќотек и долги цевки, нека се закнуваат колку сакаат, но ви велам, насилно преземање на власт во Србија, претепување луѓе, убивање лушенема да има, како што и немало никогаш“ порача Вучиќ на митинг во Зајачар, во рамки на кампањата „Иднината на Србија“.

Тој додаде дека кога повикуваат на разговор за компромис, од косовската страна викале дека нема компромис и барале само да се признае Косово.

„Но така не се разговара со Србија денеска. Така можевте во 2008 и 2006 година кога Црна Гора се одвои. Доста е, нема повеќе одвојувања, време е Србија да се обедини“ нагласи Вучиќ.

Истакна дека она што ѝ треба на Србија за брз раст, повисоки плати и пензии е да има мир и стабилност.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски5 часа

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија6 часа

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија8 часа

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија10 часа

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија12 часа

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Македонија13 часа

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на...

Економија13 часа

Тевдовски: Агенцијата „Фич“ после 13 години го зголеми кредитниот рејтинг на земјата

Aгенцијата „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување...

Топ14 часа

Убиената жена во Шутка го спасила сопругот, застанала пред него и била избодена до смрт

Скопјанец до смрт избоде своја братучетка во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, скопјанецот со нож го нападнал сопругот...

Македонија14 часа

Изминатава недела 70 нови случаи на мали сипаници

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е...

Македонија15 часа

Казнети 77 возачи и 11 мотоциклисти за еден ден во Скопје

Сообраќајната полиција во Скопје вчера казнила 77 возачи кои возеле со брзина над дозволената, и 11 мотоциклисти кои возеле без...

Свет1 ден

И Британија го обвини Иран за нападот на танкерите

Велика Британија го обвини Иран и Исламската револуционерна гарда на таа земја за нападите на танкерите во Оманскиот залив, наведувајќи...

Забава1 ден

Авион принудно слета поради агресивен патник

Авион „Аерофлот“ кој летал од Барселона за Москва, принудно слета во Полска поради агресивно однесување на еден од патниците, изјавил...

Спорт1 ден

Ливерпул му „набиле комплекс“ на Суарез: Сакав да исчезнам од земјата

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез вели дека поразот од 4:0 од неговиот поранешен клуб Ливерпул во полуфиналето на Лигата на...

Регион1 ден

Уапсени опозициски функционери и симпатизери во Албанија

Албанската полиција уапсила 16 претставници и симпатизери на опозициската Демократска партија во албанскиот град Пјеренџас. Тие се товарат за блокирање...

Македонија1 ден

Светски ден на крводарителствотo: Да ја покажеме својата хуманост грижејќи се едни за други

По повод 14 јуни, Светскиот Ден на крводарителството, Министерството за здравство упати повик до граѓаните и во иднина да ја...

Бегството на Груевски2 дена

Заев за ФАЦ: Знаеме дека Груевски побегнал криејќи се во багажник

Во интервју дадено за угледниот германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) премиерот Зоран Заев обелодени нови детали во врска со...

Македонија2 дена

Втор земјотрес на подрачјето на Охрид за помалку од една недела

Земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 140 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје, бил регистриран синоќа...

Македонија2 дена

Слободата на Јанкулоска зависи од одлуката на врховните судии

Ако за 16 дена петмина врховни судии не одлучат за времената мерка на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, таа...

Свет2 дена

САД објавија снимка како Иран отстранува мина од танкер во Оманскиот Залив

Американската војска објави снимка на која, како што тврдат од таму, се гледа како Иранската револуционерна гарда отстранува мина која...

Домашен2 дена

Осуда од ФФМ откако репрезентативецот Алиоски беше избркан од прилепски ресторан

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи по информацијата дека репрезентативецот Езџан Алиоски бил избркан од ресторан во Прилеп, откако...

Досие