Свет
Објавена аудиоснимка од „Лувр“: спречена поголема кражба на накит
Францускиот канал БФМ ТВ утрово објави аудиоснимка што открива дека брзата реакција на обезбедувањето и на полицијата во „Лувр“ спречила голема кражба во галеријата „Аполон“.
Според изјавата на директорката на службата за прием и надзор во музејот, Доминик Бифен, благодарение на присуството и на интервенцијата на неколку агенти крадците биле принудени да побегнат и не успеале да ја запалат платформата што требало да ја користат за транспорт.
🔴 DOCUMENT BFMTV
Cambriolage au Louvre: un enregistrement audio révèle le rôle décisif des agents de sécuritéhttps://t.co/yTt1YiIAzc pic.twitter.com/yfoVF5vtAc— BFMTV (@BFMTV) October 22, 2025
Таа истакнала дека на тој начин било спречено уништување докази, а во бегството крадците ја оставиле круната на царицата Евгенија.
Инцидентот се случил во неделата, а четворица крадци за 3 минути и 58 секунди украле дел од кралските накити од една од најценетите галерии на музејот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
