Контакт

Европа

Објавена порака од 2013: млади Русинки го масирале британскиот принц во стан на педофилот Епстајн

Објавено пред

Британскиот принц Ендрју бил виден во станот на починатиот милијардер Џефри Епстајн како добива масажа на нозете од млади девојки, се дознава од размената на електронски пораки меѓу пиблицистот Џон Брокман и писателот Евгениј Морозов.

Брокман во електронска пошта тврди дека се запознал со Епстајн и го нарекува милијардер и научен добродетел кој отсекогаш бил дарежлив кога станува збор за донации во литературата, пренесува британски „Гардијан“.

Епстајн се самоуби на 10 август во затвор во Њујорк додека чекаше судење за сексуална злоупотреба на деца.

Во една статија во магазинот „Њу рипаблик“, Морозов објаснува дека има намера да ја прекине соработката со Брокман поради неговите врски со Епстајн.

Тој потоа ја наведува нивната меѓусебна електронска кореспонденција од 2013 година во која алудира на масажата што ја добил принцот Ендрју.

Брокман досега не ја коментира статијата на Морозов во која е обелоденета содржината на преписката.

Во неа Брокман пишува: „Последниот пат кога бев во неговата куќа, а тоа е најголема приватна резиденција во Њујорк, тој носеше тренирки, а до него беше еден Британец во костум, чии нозе ги масираа две убаво облечени млади Русинки. Откако неколку минути ме измачуваше зборувајќи за компјутерската безбедност, Британецот по име Енди ги коментира потезите на шведските власти и обвинувањата против Џулијан Асанж“.

Во продолжение на пораката Брокман на Морозов му пишувал како Енди се жалел на недостиг од приватност со кој се соочува секогаш кога ќе се појави во јавност и всушност тој тогаш сфатил дека пред него е британски принц.

„Алберт во Монако работи 12 часа на ден, но во 21 часот излегува и никој не се занимава со неговите приватни работи. Ако јас направам така, ќе бидам во голема неволја“, му се пожалил принцот на Брокман.

Бакингемската палата засега не ја коментира содржината на оваа електронска порака иако претходно имаше извештаи дека принцот бил шокиран кога дознал за злоделата на Епстајн и дека принцот Ендрју во никој случај не е поврзан со нив.

Кога детаљно ја опишал содржината на пораката на Брокман, Морозов написот во „Њу рипаблик“ го завршува со зборовите: „Подготвен сум целосно да престанам со соработката со Брокман и неговата агенција сè додека тој не ми ги објасни причините за одржување на контактите со Епстајн“.

Европа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Објавено пред

Пет лица настрадаа во пожар којшто избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари.

Истите извори наведуваат дека седум лица се повредени и се згрижени од ситара на итната медицинска помош. Пожарот е под контрола, пренесува Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Европа

Комесарка во ЕУ: Земјите да не паничат, ќе издадеме инструкции за патниците

Објавено пред

Комесарката за здравство на Европската Унија, Стела Киријакидес, изјави дека е добро што соседните земји на Италија ги задржаа границите отворени по значителното зголемување на заразени луѓе со новиот коронавирус, истакнувајќи дека така ќе се избегне непропорционален одговор.

Таа за време на прес-конференција со министерот за здравство на Италија и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, оцени дека може да дојде до проблем доколку различни земји имаат поинакви пристапи и дека Европската комисија е подготвена да ги координира активностите.

Истакна дека земјите не треба да паничат и оти ЕУ ќе издаде предупредувања за патувања.

„Сè на сè, веднаш по оваа средба Комисијата ќе издаде низа инструкции за патниците кои одат или се враќаат од зони зафатени со инфекција со новиот коронавирус“, рече Киријакидес.

Прикажи повеќе...

Европа

Швајцарија поради коронавирусот затвори војници во касарна во близина на границата со Италија

Објавено пред

Ширењето на коронавирусот во Европа наведе властите да преземаат необични мерки, како што е случајот во Швајцарија.

Челниците на армискиот врв во кантонот Тесин, кој граничи со Италија, им наложија на војниците да не ја напуштаат касарната.

Оваа одлука е со цел да се спречи можноста војниците да се движат меѓу населението и на тој начин да се инфицираат со коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа16 минути

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар којшто избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија11 час

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион12 часа

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија15 часа

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија16 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија20 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет20 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија20 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион20 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион22 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа22 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава23 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија24 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија1 ден

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија1 ден

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт1 ден

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија2 дена

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија2 дена

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија2 дена

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Досие