Контакт

Вести

Објавени видеа снимени внатре во колеџот во Крим за време на масакрот

Објавено пред

На интернет се појавија видеа од колеџот во Крим додека трае масакрот во кој беа убиени 20 луѓе, од кои 15 ученици и пет вработени. На видеата се слушаат истрели и испаничени ученици кои не знаат што се случува.

Едното видео е од внатре, каде се гледаат ученици како бегаат по ходниците, додека другото видео е од надвор. На двете видеа се слушаат истрели.

Масакрот го изврши 18-годишниот Владислав Росљаков, кој бил ученик во четврта година на техничкиот колеџ. По нападот тој се самоуби. Руските власти соопштија дека тој имал дозвола за поседување оружје.

Вести

Судот ѝ наложи на Белата куќа да ја врати акредитацијата на новинарот на Си-ен-ен

Објавено пред

Сојузниот суд во Вашингтон наложи на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, веднаш да му ја врати акредитацијата на новинарот на телевизијата Си-ен-ен, Џим Акоста.

Си-ен-ен побара на новинарот да му се врати акредитацијата додека судот и понатаму ја разгледува тужбата за одземање на правото на Акоста да ги следи настаните во Белата куќа.

Администрацијата на Трамп минатата недела му ја одзеде пропусницата на новинарот по прес-конференцијата на која Акоста одби да го предаде микрофонот на приправничката во Белата куќа откако Трамп рече дека повеќе не сака да слушне ништо од него.

Прикажи повеќе...

Вести

Во Рим нема повеќе мамење на туристите, ниту алкохол на улиците

Објавено пред

Градот Рим воведе построга контрола на незаконските туристички атракции и на туристите им забрани голем број активности за да ги заштити од измамници, но и за да ги подобри безбедноста на улиците и квалитетот на животот на граѓаните на Рим, пишува Си-ен-ен.

Затоа, ако набргу планирате да го посетите Рим и да се забавувате на улиците на овој историски град облечени како гладијатор или центурион, размислете добро. Имено, според новиот закон, ако полицијата забележи дека костимирано лице се фотографира со туристи и добива пари, ќе го казни со глоба до 400 евра.

Исто така, во текот на доцните ноќни часови е забрането пиење алкохол на јавно место и пливање во фонтаните.

Така, полицијата ќе ги казни сите оние што се шетаат по улиците со шише, чаша, конзерва или слично, а кои содржат алкохол по 10 часот навечер. Клубовите и баровите веќе не смеат да служат алкохолни пијалаци од 2 до 7 часот наутро.

Ова се само некои од правилата на нацртот на новите урбанистички прописи што го објави Градскиот совет на Рим на својата веб-страница во четвртокот.

Прикажи повеќе...

Вести

Саудијците една година пред убиството на Кашоги барале платени убијци

Објавено пред

Истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги сè уште е во тек, но новите информации што ги објави „Њујорк тајмс“ дополнително го продлабочуваат сомнежот дека наредбата за неговото убиство во конзулатот во Истанбул доаѓа од самиот врв на саудискиот режим.

Саудиските разузнавачи блиски до принцот Мухамед бин Салман наводно лани прашале група бизнисмени со кои договарале соработка дали за нив би извршиле атентати на непријатели на монархијата, објави „Њујорк тајмс“.

Саудиска Арабија досега традиционално избегнувала тајни операции во странство, ликвидации и воени интервенции од страв дека авантуристичката надворешна политика би можела да доведе до нестабилност и изолација и така да ја загрози позицијата на најголемиот светски извоник на нафта. Но, судејќи по сè, тоа се сменило како што се зголемиле овластувањата на престолонаследникот, принцот Мухамед бин Салман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија3 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија4 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски4 часа

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски5 часа

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија7 часа

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет7 часа

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Македонија7 часа

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Македонија8 часа

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски8 часа

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток8 часа

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Македонија10 часа

Заев го откажал ручекот кај Курц

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан. Од...

Европа11 час

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Бегството на Груевски22 часа

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија24 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Бегството на Груевски1 ден

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија1 ден

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Бегството на Груевски1 ден

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија1 ден

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија1 ден

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Досие