Контакт

Свет

Објавени првите фотографии и видео од момчињата на Тајланд по спасувачката акција

Објавено пред

Објавени се првите фотографии на момчињата од Тајланд, по драматичната спасувачка акција од поплавената пештера.

Децата лежат во болнички кревети со маски на лицата, а едното од нив со прстите покажува знак на победа.

Медицинските лица претходно денеска соопштија дека децата кои се на возраст од 11 до 16 години ослабеле, но нивната здравствена состојба е задоволителна.

Тројца од момчињата имаат умерено воспалување на белите дробови и добиле соодветна терапија. Докторите изјавија дека оние кои први ја напуштија пештерата пред четири дена се хранат нормално и можат да се движат, а останатите јадат пасирана храна.

Нуркачите во тродневна искучително тешка мисија, што заврши вчера, успеаја да ги извлечат од пештерата 12-те момчиња и нивниот тренер, кои беа заглавени од 23 јуни.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Силно невреме го погоди Балканот: Летаат контејнери, паѓаат дрва, хаос во сообраќајот

Објавено пред

Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора беа погодени од силна бура која предизвика проблеми. Во делови на Далмација дува силен ветер, а утрово во Сплит ветрот дувал со речиси 176 километри на час.

Бурата во Далмација е најголемата што досега е измерена во овој град, пишуваат хрватските медиуми. Во Сплит паѓаа гранки, контејнери и дрва на партиштата, а ветрот собори и сообраќајни знаци, пишува „Далмација данас“. Поради силната бура, во прекин се траектите кон островите, а забележани се и неколку потонати јахти.

Во Хрватска бројни патишта се затворени за сообраќај.

Во текот на ноќта, силен ветер дуваше и во Херцегнови кој направи големи проблеми во сообраќајот, а едно лице е повредено.

Сараевските медиуми пренесоа дека ветер со удари до 100 километри на час крши стебла, а едно лице од Мостар се здобило со полесни повреди кога стебло паднало врз неговото возило.

Во Црна Гора силниот ветер направил голема штета откако откорнал цели дрва и се урнале покриви на објекти, како и градежни скелиња.

Прикажи повеќе...

Регион

Група мигранти тргнаа од Бихаќ кон Сараево

Објавено пред

Група мигранти тргнаа денеска од Бихаќ кон Сараево каде ќе бидат сместени во кампот Ушивак.

Во Министерството за внатрешни работи на Сараево велат дека се е подготвено за нивниот прием, пренесуваат медиумите во земјата.

„Синоќа бевме известени дека стотина мигранти ќе бидат префрлени во Сараево. Тие утрово во 9.30 часот тргнаа кон главниот град на Босна и Херцеговина и ќе бидат сместени во кампот Ушивак“, рече портпаролката на министерството.

Прикажи повеќе...

Свет

Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна состојба. Доколку тоа се случи, за изгласување на резолуцијата ќе биде потребно двотретинско мнозинство во двата дома.

Трамп пред новинарите подвлече и дека неговата одлука за задржување на помал број на американски сили во Сирија не е противречена со изјавата од декември во која вети повлекување на 2.000 војници кои служат во земјата.

Што се однесува до американските сили во Јужна Кореја, Трамп изјави дека нивното намалување нема да биде една од темите на претстојните разговори со севернокорејскиот лидер, Ким-Џонг ун.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

(Видео) Мицкоски: Осудениците од Диво Насеље се закануваат и напаѓаат за Заев побрзо да ги пушти од затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери од партијата изјави дека...

Регион49 минути

(Видео) Силно невреме го погоди Балканот: Летаат контејнери, паѓаат дрва, хаос во сообраќајот

Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора беа погодени од силна бура која предизвика проблеми. Во делови на Далмација дува...

Македонија2 часа

(Видео) Бејли пред истекот на мандатот: Ги сакам луѓето, не го сакам воздухот

Амбасадорот на САД, Џес Бејли на социјалните мрежи објави видео во кое одговара на 50 кратки прашања поврзани со неговото...

Топ3 часа

Прегазена жена на улица во Скопје, возачот е непознат

(Фото: Илустрација) Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје. Како што соопшти полицијата, вчера во жената...

Топ3 часа

Aвтомобил се преврте во река, потешко повредени три млади лица

Утрово по полноќ, на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје....

Свет3 часа

Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна...

Македонија6 часа

Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Крвав четврток18 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Свет20 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ21 час

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија22 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата23 часа

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија23 часа

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија24 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток1 ден

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија1 ден

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија1 ден

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија1 ден

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија1 ден

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Досие