Контакт

Свет

Објавен е документот за претресот на имотот на Трамп

Објавено пред

Американското Министерство за правда објави судски документи, познати како потврди, кои го убедиле судијата да одобри претрес на имотот на Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, Флорида.

dobivaj vesti na viber

Агентите на ФБИ го претресоа Мар-а-Лаго на 8 август за да откријат дали Трамп неправилно постапувал со владините документи кога ја напуштил функцијата.

Од американските претседатели се бара да ги предадат документите и е-поштата до Националниот архив кога ќе ја напуштат функцијата.

Како што јави Радио Слободна Европа, меѓу најинтересните откритија се документите кои Трамп ги извади од Белата куќа по претседателствувањето, а кои потоа во мај беа предадени на Националниот архив.

Од петнаесетте кутии кои потоа беа предадени, 14 наводно содржеле доверливи информации.

Според изјавата, имало 67 документи со ознака „доверливо“, 92 документи со ознака „тајна“, а 25 документи со ознака „строго доверливо“.

„Се верува дека дополнителни документи кои содржат доверливи информации остануваат во домот на Трамп на Флорида“, се вели во изјавата.

Се додава дека постои и „веројатна причина да се верува дека доказите за опструкција ќе бидат пронајдени во просториите“.

Исказот вклучува докази собрани од обвинителите и може да открие нови детали за истрагата.

Но, многу делови се затемнети бидејќи Министерството за правда рече дека деталите во него може да ја компромитираат тековната истрага.

Тие, исто така, ја наведуваат потребата да се заштити безбедноста на цивилните сведоци и персоналот за спроведување на законот.

Претресот на почетокот на август беше првпат да се претресе домот на поранешниот претседател како дел од кривична истрага.

При претресот биле пронајдени 11 комплети доверливи документи.

Трамп негираше дека направил нечто лото, пренесе Н1.бих.

Свет

Потона брод во Бангладеш – над 50 загинати

Објавено пред

Најмалку 50 луѓе загинаа, а многу се водат како исчезнати кога брод полн со хинду-верници потона во Бангладеш, соопштија денеска официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила вчера, а меѓу загинатите има 25 жени и 13 деца, изјави Јахурул Ислам, администратор на северната област Панчагарх, каде што се случи несреќата, пренесе „Ројтерс“.

Спасувачката потрага продолжува.

Повеќето од патниците биле хинду-верници, кои отишле во храмот на фестивалот „Махалаја“ кога Хиндусите им принесуваат жртви на своите предци.

На бродот имало повеќе од 70 патници.

Стотици луѓе годишно умираат во несреќи со траект во Бангладеш поради недостиг на безбедносни стандарди.

Прикажи повеќе...

Европа

Финска крева ограда на границата со Русија: ќе трае 50 години

Објавено пред

Финската погранична стража предлага да се огради дел од границата со Русија за да се спречи нелегален влез во земјата, пренесува „Интерфакс“.

dobivaj vesti na viber

„Извештајот на финските граничари укажува дека 10 до 20 отсто од границата долга 1.300 километри треба да биде оградена. Тоа би значело од 130 до 260 километри. Оградата треба да трае 50 години”, пишува финскиот весник „Иле“.

Се проценува дека оградата ќе чини неколку стотици милиони евра.

Шефот на одделот за меѓународна соработка на Граничната стража, Мати Питканити, претходно изјави дека агенцијата веќе почнала со дизајнирање на оградата.

„Тоа нема да биде само ограда, туку ќе има и систем за техничка контрола“, рече тој за време на летната дебата за пристапот на Финска во НАТО.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган: Сакаме да организираме средба меѓу Путин и Зеленски

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека би сакал да организира средба меѓу претседателите на Руската Федерација и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Турција е за организирање средба меѓу претседателите на Руската Федерација и Украина“, рече Ердоган, јави агенцијата „Анадолија“.

Тој истакна дека дијалогот на Турција со Русија и Украина напредува и како пример за таквото достигнување го наведе договорот за житниот коридор преку кој од Украина веќе се извезени повеќе од пет милиони тони земјоделски производи, додава „Интерфакс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Милевски го објави составот: Трајковски и Тодороски меѓу стартерите на Македонија

Селекторот Благоја Милевски направи две замени, во стартниот тим се Александар Трајковски и Тодор Тодороски. Тоа значи и поофанзивен тим....

Свет2 часа

Путин му додели руско државјанство на Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и му додели руско државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција, Едвард...

Свет2 часа

Убиецот од Русија боледувал од шизофренија: лекарите се борат за животот на девет деца

Артем Казанчев (34), кој денеска уби 15 луѓе во училиштето „88“ во Ижевск, Русија, а рани уште најмалку 20 други,...

Економија5 часа

БЕГ тврди дека нема обврска да ги грее скопјани, Владата смирува дека парно ќе има

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) објави дека нема правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на...

Македонија8 часа

Османи: Македонија нема да ги признае референдумите за присоединување на украински територии со Русија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека Македонија нема да ги признае референдумите за отцепување на украинските територии и...

Македонија8 часа

Судска медицина: Доколку Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, би имал многу поголеми шанси да преживее

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и...

Спорт8 часа

Македонија против Бугарија: Сега е наш ред, европски да ги пречекаме Бугарите

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра последниот натпревар, во овој циклус во Лигата на нации. Македонија во Скопје...

Европа9 часа

Го фалеше Мусолини, а го критикуваше Тито – која е идната премиерка на Италија?

Италија ја добива најдесничарската влада од Бенито Мусолини. Според привремените резултати, десничарскиот блок предводен од „Браќата на Италија“, партијата предводена...

Македонија9 часа

(Видео) Митева: Наместо нови учебници, МОН платило 530.000 евра за привремени материјали за учење

Во Министерството за образование и наука сè е сведено на импровизации што скапо се плаќаат. Јавноста добро е запознаена дека...

Свет10 часа

(Видео) Пукање во гимназија во рускиот град Ижевск, најмалку шест лица загинаа меѓу кои и деца

Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија....

Свет11 час

Кадиров до Русите кои не сакаат да војуваат: Немаат право да се нарекуваат мажи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги прозва. – Дали имаат право...

Свет12 часа

(Видео) Зеленски: Ако ги одземете животите на нашите деца, нема да останете живи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа ѝ се обрати на јавноста, велејќи дека Киев постигнал позитивни резултати на повеќе фронтови....

Свет12 часа

Блинкен: Бевме во контакт со Русија поради заканите со нуклеарно оружје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон е во директен контакт со Москва во врска со заканите за употреба...

Свет12 часа

(Видео) Шефот на воениот оддел во Русија застрелан во глава од младо момче кое било мобилизирано

Шефот на воениот оддел во Уст-Илимск, Русија, е тешко повреден кога бил застрелан од млад човек кој требало да биде...

Македонија24 часа

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва со реакција по изјавите на премиерот Димитар Ковачевски. Тој порача „ВМРО-ДПМНЕ да се...

Европа1 ден

Трас: Украинците го надмудрија Путин

Британската премиерка Лиз Трас ја коментираше најавата за руска мобилизација и инвазијата на Украина во своето прво интервју за американската...

Европа1 ден

Рускиот патријарх Кирил со повик до Русите: Одете во војна, ако умрете, ќе бидете со Бога

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика руските граѓани да не се плашат од смртта поради одлуката на...

Регион1 ден

Трка на пијани возачи кобна за семејството Крстиќ кај Мостар

Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на Мостар, во која четири лица загинаа, а четворица се тешко...

Европа1 ден

Има рак на кожа, не гледа и не слуша добро, а го мобилизирале во руската војска

Виктор Дјачок – 59 годишен началник на хируршкото одделение на болницата во Азбест, град во руската област Свердловск во источното...

Европа1 ден

Папата ги повика Италијанците да имаат повеќе деца

Папата Франциск денеска отпатува во јужна Италија за да го затвори конгресот на Италијанската црква што се совпадна со националните...