Свет
Овој човек не е тој Путин што јас го знам, вели неговиот поранешен пишувач на говори

Јас не бев главниот пишувач на говори. Само главниот пишувач на говори има право лично да разговара со претседателот. Така, иако бев прилично високо рангиран, не разговарав со него. Да, го имам видено многу пати. Бев присутен на состаноци, јавни и приватни; понекогаш имаше само неколку луѓе на состаноци зад затворени врати, вели пораешниот пишувач на говори на рускиот претседател Владимир Путин, Абас Галјамов кој сега е во Грузија а против него Русија распиша потерница.
– Според мене, мојот општ впечаток за Путин е дека тој беше добар менаџер. Тој беше многу рационален, многу логичен; навистина не можевте да го замислите во тоа време ова што го прави тоа што го прави сега. Знаеше да поставува прашања, внимаваше да не ги притиска луѓето слушајќи ги нивните одговори, бидејќи кога сте големиот шеф и ако го кажувате своето мислење, тогаш сите други луѓе можеби ќе го поддржат вашето мислење наместо да го кажат своето. Затоа внимаваше да го избегне тоа, вели Галјамов.
Кога започна војната, секогаш мислев како може човекот што го познавав пред години да се претвори во тоа што е сега?, раскажува тој за РСЕ Грузија.
– Сфатив дека она што го видов тогаш беше негова работа на работи, работи кои беа многу важни, но сепак не беа од критична важност. Тоа не беше нешто од кое зависеше неговиот политички живот. Тие не беа егзистенцијални закани. Не беше нешто како односот со НАТО или односот со руската опозиција што се обидуваше да го собори. Значи, тој тогаш не се впушташе во одбрана од лични напади врз него. Но, секогаш кога ќе обвинеше некого дека направил нешто погрешно, тој брзо се претвораше во некој апсолутно ирационален и апсолутно емоционален. Тој е многу преокупиран со прикажувањето на силата. Тоа е негов фетиш, не може да замисли да изгледа слаб, вели Галјамов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ситуацијата во Косово е многу комплицирана, рече Вучиќ пред Самитот на Европската политичка заедница

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска учествува на Самитот на Европската политичка заедница што се одржува во главниот град на Молдавија, Кишињев.
Меѓу учесниците се 27 земји-членки на ЕУ, целиот Западен Балкан и уште 14 земји (Андора, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Монако, Норвешка, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина, Велика Британија).
На прашањето што очекува од средбата со Шолц и Макрон, Вучиќ кажа дека нема да има лесни средби.
„За нас е исклучително важно некои луѓе да разберат дека 3,4 проценти не се легитимни избори и да не го малтретираат нашиот народ. Ќе имам разговор со Макрон и Шолц и ќе се обидам да ги вратам работите во нормала, но потребни се двајца за танго“, рече Вучиќ.
На прашањето дали САД го менуваат својот курс, Вучиќ вели:
„САД не го менуваат својот курс, едноставно е јасно кој е виновен за ситуацијата, но стратешки ништо конкретно во однос на Косово и ситуацијата во регионот нема да се промени. Но она што е важно е да не слушнат. Ова е првиот пат кога нешто реално наиде на осуда од Америка, се надевам дека истото ќе биде и со Европејците. Ситуацијата е многу комплицирана“, рече Вучиќ, пренесе „Б92“.
Регион
Италијанските војници ќе останат во Косово за да гарантираат стабилност

Нападот на српските демонстранти врз единиците на италијанската армија во КФОР беше опишан како неприфатлив од италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој најави дека и италијанските и НАТО војниците ќе останат во Косово за да се олесни мировниот договор, пренесува „Еурактив“.
Околу четиринаесет италијански војници беа ранети за време на судирите меѓу трупите на НАТО и српските демонстранти за време на протестот против новиот градоначалник-етнички Албанец пред општината Звечан на северот од Косово.
Здравствената состојба на повредените војници се подобрува. Двајца ќе се вратат во Италија во наредните денови, додека другите се хоспитализирани во амбулантата на италијанскиот контингент во Приштина.
„НАТО и нашата војска ќе останат за да ја гарантираат стабилноста и да спречат влошување на ситуацијата“, рече Тајани, додавајќи дека од италијанска страна постои политичка стратегија да се фаворизира договор меѓу страните и тоа прашање да биде на дневен ред на самитот на НАТО што се одржува во Осло.
Тајани увери дека Италија е силно посветена на повторно воспоставување мир и стабилност во областа на судирот и откри дека италијанскиот амбасадор во Белград бил на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој има безусловна поддршка од Русија.
„Во моментов Србија нема никаква одговорност. Од косовскиот премиер побарав да го прекине поставувањето градоначалници кои го претставуваат албанското население во тој дел од Косово токму за да се избегнат тензии“, објасни Тајани.
„Ни треба голема претпазливост и голема умереност. Ова се две земји кандидати за влез во ЕУ. Мора да се погрижиме патот да биде позитивен“, додаде тој, нагласувајќи дека постои ризик тензиите да го спречат учеството на Косово во ЕУ.
Откако ја презеде функцијата, Тајани работи за интеграција на Балканот во ЕУ и на повторно започнување италијанска акција во регионот, па ги повика вклучените страни да ги спречат едностраните иницијативи кои можат да предизвикаат инциденти.
Свет
Столтенберг: Сојузниците се согласни Украина да стане членка на НАТО

Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Сите сојузници се согласуваат дека Москва нема право на вето за проширување на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласни Украина да стане членка“, изјави Столтенберг пред новинарите во пресрет на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.
Тој најави и дека наскоро планира да отпатува за Турција на разговори за членството на Шведска во алијансата.
„Зборував со претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно оваа недела, во блиска иднина ќе отпатувам и во Анкара за да продолжам да разговарам за да обезбедиме најбрз можен прием на Шведска“, рече генералниот секретар на НАТО.