Свет
Одбила да го нарече Мексиканскиот Залив „американски“: На агенцијата АП и е забранет влез во Овалната соба и претседателскиот авион

Кабинетот на американскиот претседател објави дека на агенцијата Асошиејтед прес и е забрането влегување во Овалната соба и официјалниот авион на Доналд Трамп, до понатамошно известување, бидејќи одбила да го нарече Мексиканскиот залив „Американскиот залив“.
„Асошиетед прес продолжува да ја игнорира законската промена на географското име во Американскиот залив“, напиша заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа Тејлор Бадович во петокот на „Икс“.
Ако првиот амандман на американскиот Устав за слободата на говорот „го штити нивното право на неодговорно и нечесно известување, тој не им ја гарантира привилегијата на неограничен пристап до ограничените простори, како што се Овалната соба и Ер Форс 1“, нагласи тој.
Во иднина, овие простори ќе бидат отворени за илјадници новинари, а новинарите и фотографите на АП ќе продолжат да имаат акредитација за комплексот на Белата куќа, објасни тој.
АП објасни дека декретот за промена на името на Мексиканскиот Залив важи само во Соединетите Држави, додека Мексико и другите земји и меѓународни организации не го признале.
„Асошиејтед прес ќе го нарекува со неговото оригинално име, притоа признавајќи го новото име избрано од Трамп“, додава агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.