Контакт

Свет

Одложена посетата на Трамп во Ирска

Објавено пред

Ирската Влада објави дека посетата на американскиот претседател, Доналд Трамп, на земјата, закажана за ноември, е одложена.

Во соопштението се наведува дека причината за откажувањето бил „распоред”.

Претходно овој месец Белата куќа објави дека Трамп ќе ја посети Ирска по посетата на Париз на 11 ноември, по повод 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.

Белата куќа рече дека Трамп ќе ја посети Ирска, со цел „да ги обнови длабоките и историските врски меѓу двете земји”.

Во март американскиот претседател беше домаќин на ирскиот премиер Лео Варадкар.

Свет

Европа не ги сака назад своите граѓани-борци на ИД како што бара Трамп

Објавено пред

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето наиде на доста мешана реакција, при што Германија изрази правна загриженост во врска со ваквиот потег, а Данска одлучно и потполно го отфрли барањето, пренесува РТ.

Барањето беше објавено на Твитерот на американскиот претседател во неделата: „Опциите за Европа се едноставни – да ги вратат назад исламистите од Исламска држава или САД и милитантите во Сирија што им се подредеи ќе бидат принудени да ги ослободат“.

Повикот беше слушнат, но некои земји категорично го отфрлија.

Зборуваме за најопасните луѓе на светот. Не треба да ги вратиме”, рече портпаролот на данската премиерка, Ларс Локе Расмусен, отфрлајќи го повикот на Трамп како избрзан и тврдејќи дека ситуацијата во Сирија е далеку од стабилна.

Германија беше посуптилна во отфрлањето на барањето на Трамп, објаснувајќи дека, теоретски, германските државјани кои се бореле во редовите на ИД имаат право да се вратат, но дека, сепак, одредени правни пречки го спречуваат нивното враќање во моментот.

Белгиската влада беше фатена на препад од објавениот ултиматум, па белгискиот министер за правда, Коен Генс, го обвини Трамп дека ги непријатно ги изненадил европските сојузници со своето барање.

Без директно да одговори на барањето на Трамп, францускиот државен секретар Лорен Нуњез, изјави дека Франција верува оти курдските милиции, поддржани од САД, нема да дозволат заробените џихадисти од Франција да се движат слободно.

Станува збор за Курдите и ние имаме потполна доверба во нивната способност да ги сочува џихадистите в затвор“, изјави Нуњез за францускиот радиодифузер БФМТВ во неделата.

Сепак, тој ја прифати можноста дека Франција на крај можеби ќе мора да се справи со враќањето на странските борци, но нагласи и дека за сите нив има тековни судски постапки и дека сите ќе завршат в затвор.

Во Велика Британија, каде што актуелната сага околу британската џихадистичка невеста Шамима Бегум ја разгори дебатата дали да ги вратат назад британските државјани кои се бореа со терориститњ во Сирија, се чини дека постојат две мислења.

Британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид, се залага за одземање на британското државјанство на опасните поединци кои се враќаат во Британија, истакнувајќи дека оваа опција, една од неколкуте достапни, досега е применета повеќе од 100 пати. ” Втората опција, според Џавид, е да се гонат повратниците без оглед на нивната возраст и пол.

Секретарот за култура, Џереми Рајт, беше помек во својата реторика, па во неделата изјави дека обврска на владата е барем во некоја фаза да ги земе назад овие борци.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран тврди дека Израел и САД ‘бараат’ војна

Објавено пред

Иранскиот министер за надворешни работи во неделата излезе со тврдење дека Израел бара војна и предупреди дека израелското однесување и однесувањето на САД ги зголемува изгледите за конфликт во регионот, пренесува Ројтерс.

„Секако, некои луѓе бараат војна … Израел”, изјави Мохамад Џавад Зариф пред учесниците на безбедносната конференција во Минхен.

Неговиот коментар дојде откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборуваше за заедничкиот интерес на Израел и арапските држави од војна против Иран – коментар подоцна објаснет како неточен превод на коментарите на Нетанјаху кој наводно рекол “борба против Иран”.

Зариф рече дека Израел го крши меѓународното право со нападите во Сирија и ги критикуваше европските сили дека не прават ништо за да ги спречат Израел и активностите на САД во земјата.

„Ризикот [од војна] е огромен. Ризикот ќе биде уште поголем ако продолжите да ги игнорирате сериозните прекршувања на меѓународното право. Израелското однесување го трга настрана меѓународното право, однесувањето на САД го трга настрана меѓунардоното право“, рече тој.

Зариф ги осуди САД и поради нивната опседнатост со Иран.

„Долго време сме цел на нездрава фиксација, да речеме опсесија” од САД, посочи тој.

Минатата недела, потпретседателот Мајк Пенс ги повика европските нации да ги следат стапките на Вашингтон и да се повлечат од нуклеарниот договор со Иран. Зариф го критикуваше Пенс за арогантното инсистирање на Европа да им се приклучи на САД и да ја поткопа сопствената безбедност и да ги прекрши своите обврски”, и ги критикуваше Франција, Германија и Велика Британија заѓто не прават повеќе за зачувување на нуклеарниот договор.

Прикажи повеќе...

Регион

Куферот и го спасил животот на пејачката која патувала со Шабан Шаулиќ

Објавено пред

Куферот и го спасил животот на пејачката која патувала со Шабан Шаулиќ. Според српските медиуми, Теа Таировиќ пеела заедно со Шабан Шаулиќ на неговиот последен настап во животот. Шабан по настапот отишол во хотел, од каде што изутрината од Дизелдорф требал да лета за Белград.

Кога останатата група отишла на аеродромот им било кажано дека Шабан имал несреќа и дека бил повреден, по што им било соопштено дека им подлегнал на повредите.

Таа по враќањето во Белград за тамошните медиуми тврди дека една работа и го спасила животот.

,,Јас за време на летот го изгубив куферот и се нервирав околу тоа. Шабан и неговиот колега ми велеа: ,,Е да доаѓаше со нашиот лет, немаше да го изгубиш куферот””. Да одев со нивниот лет, ќе бев заедно со нив и во автомобилот кога се случи несреќата”, раскажува таа.

Шабан Шаулиќ, или како што многумина го нарекуваат, кралот на српската народна музика, загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила во Германија, на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд. До сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите, информира српски „Блиц“.

Шаулиќ во моментот на несреќата, патувал кон аеродром. Тој не го возел автомобилот, туку имал возач. Порталите пишуваат дека со него бил и неговиот кум, кој е повреден.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија12 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија14 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија18 часа

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет20 часа

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија20 часа

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Свет21 час

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири...

Македонија1 ден

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Свет2 дена

(Видео) Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште...

Македонија2 дена

Притвор за 11 членови на криминална група, разработиле шема за шверц на мигранти од Грција кон Србија

Единаесет членови на криминална група кои што разработиле шема за шверц на мигранти од Грција, преку земјава, кон Србија, завршија...

Македонија2 дена

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Свет2 дена

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за ѕидот кој планира...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија2 дена

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија2 дена

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија2 дена

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија2 дена

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија2 дена

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет3 дена

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Досие