Контакт

Свет

Одредена е цената на лекот ремдесивир за лекување на коронавирус

Објавено пред

Компанијата Gilead Sciences Inc одлучи цената на лекот ремдесивир, за лекување на заболени од Ковид-19, да биде 390 долари за шише, во развиените земји, соопшти извршниот директор Даниел О’Деј.

Како што пренесува Си-ен-ен, ако се земе предвид дека лекувањето просечно трае пет дена, износот кој пациентот би требало да го плати за овој лек е 2.340 долари.

О’Деј додал дека компанијата почнала преговори со производителите на генерички лекови за да се обезбеди сите земји во светот да имаат пристап до овој лек, така што во другите земји цената ќе биде значително пониска.

Европскиот регулатор на 25 јуни условно ја одобри употребата на антивирусниот лек ремдесивир за лекување на заболени од коронавирус, што е прв лек кој добил препорака во Европа.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорачува употребата на ремдесивир кај возрасни и деца на возраст од 12 години дијагностицирани со пневмонија за кои е потребен внес на кислород.

Условното зелено светло на ЕМА значи дека лекарите можат да препишат ремдесивир, што ќе се вика ,,Веклари” во Европа кога ќе биде одобрен од Европската комисија. Условното одобрение дозволува терапијата да се продава кога ќе бидат достапни сите податоци за дејството на лекот и неговите несакани ефекти.

Побарувачката за лекот се зголеми, бидејќи се покажа како ветувачки лек во клиничките испитувања.

Регион

Почнаа изборите во Хрватска, за место во парламентот се борат 2.700 кандидати

Објавено пред

Во Хрватска, од 7 часот утрово беа отворени избирачките места за 10. парламентарни избори од независноста на земјата, на кои учествуваат 192 листи со 2.700 кандидати.

На изборите во Хрватска право на глас имаат 3,86 милиони избирачи, кои во Хрватска и во странство ќе гласаат на околу 7.000 избирачки места.

Гласањето ќе заврши во 19 часот, а Државната изборна комисија (ДИП) ќе започне со објавување на првите неофицијални резултати од 21 часот.

Хрватскиот парламент брои 151 член, а главната битка за места ќе биде помеѓу листите на сега владеачката ХДЗ на премиерот Андреј Пленковиќ и СДП предводена од Давор Бернардиќ, додека во предизборните анкети третото место го зазема Домашното движење на Мирослав Шкорo.

Во 10 изборни единици во Хрватска се бираат по 14, дијаспората бира три, а припадниците на малцинствата осум члена на парламентот.

На кандидатските листи има 41 отсто жени, а просечната возраст на кандидатите е 48,6 години.

Изборите ги следат скоро 8.700 набљудувачи, а околу 75.000 луѓе се ангажирани во спроведувањето на изборите.

Прикажи повеќе...

Свет

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Објавено пред

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе го предизвика актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп и неговиот политички ривал, демократот Џо Бајден.

„Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка верувајќи во Бога, обединувајќи ја нашата визија, да ја изградиме иднината. Јас се кандидирам за претседател на Соединетите американски држави“, објави Вест на „Твитер“ со емотикон од американското знаме и назнака #2020VISION.

Сè уште не е познато дали Вест, кој инаку се промовираше како поддржувач на Трамп, навистина има намера да се кандидира на четири месеци пред изборите закажани за 3 ноември и дали тој поднел официјално барање за да влезе во претседателската трка.

Во голем број држави, крајниот рок за додавање на независни кандидати на гласачките листи сè уште не е истечен.

Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници на „Твитер“.

Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, уште една славна личност позната по ексцентричните испади, ја поддржа најавата на раперот.

„Ја имаш мојата целосна поддршка“, твитна Маск.

Прикажи повеќе...

Европа

Стапија на сила контроверзните измени на рускиот Устав

Објавено пред

Промените во рускиот устав, вклучително и амандманот што ќе му овозможи на претседателот Владимир Путин да управува со земјата до 2036 година, стапија на сила денеска, откако беа потпишани лично од Путин.

Гласачите со големо мнозинство ги поддржаа уставните измени на гласањето кое заврши во средата. Скоро 78 проценти од гласачите кои учествуваа на референдумот ги поддржаа промените.

Официјален Кремљ резултатот го нарече триумф, додека критичарите го сметаат референдумот за нелегален и нелегитимен. Независните набљувачки мисии оценија дека гласањето во најголем дел било обележано со неправилности.

Организацијата за европска безбедност и соработка не беше набљудувач на референдумот, како што инаку е практика на изборите во Русија.

Европската унија побара од Русија да ги испита тврдењата за нерегуларности во гласањето, вклучително и обвинувања за повеќекратно гласање и принуда.

Покрај тоа што измените во Уставот му овозможуваат на Путин уште два мандата, до 2036 година, доколку тој се кандидира и победи на изборите, со нив исто така сите поранешни руски претседатели добиваат имунитет од судско гонење.

Исто така, според новиот Устав, бракот ќе се дефинира како заедница на маж и жена, рускиот јазик исто така станува уставна категорија, а во текстот се споменува и вербата на Русите во Бога, но земјата и натаму ќе остане секуларна држава.

Забрането е и руска територија да се отстапува на други земји, одредба која аналитичарите ја поврзуваат со анексијата на Крим.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет13 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија16 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа17 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија19 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион20 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија20 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа20 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт21 час

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион22 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет24 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион1 ден

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет2 дена

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет2 дена

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ2 дена

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија2 дена

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа2 дена

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Досие