Европа
(Видео) Одржан концерт на Бадник во „Нотр Дам“

Во париската катедрала „Нотр Дам“ се одржа хорски концерт за Бадник, кој традиционално се одржува секоја година во Франција. Тоа е прв концерт по пожарот во кој таа беше речиси уништена. Концертот беше снимен во катедралата порано во текот на месецот, а беше емитуван на француската телевизија синоќа нешто пред полноќ, пренесува „Ројтерс“.
Членовите на хорот носеа заштитни кациги и костими со оглед на фактот дека катедралата сè уште е во фаза на реконструкција, а немаше публика.
Rendez-vous Jeudi 24 au soir sur @France2tv pour le concert à @notredameparis présenté par @bernstephane avec @henrichalet @MusiqueSNDP et @juliefuchssop .@HeleneSegre @rebatirNDP pic.twitter.com/gontnVZNdI
— Gautier CAPUÇON (@GautierCapucon) December 22, 2020
Хорот изведуваше класични дела од Моцарт и Шуберт, како и нешто полесен репертоар, вклучително и „Џингл белс“.
„Беше многу трогателно, првпат бевме сите во ‘Нотр Дам’ од пожарот, па моментот беше многу емотивен“, изјави виолончелистот Готје Каписон во интервју за телевизијата „Франсинфо“.
Катедралата, изградена во 13 век во април 2019 година, беше зафатена со оган, кој ги уништи покривот и кулата.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, вети дека катедралата ќе се реконструира во рок од пет години, но досега најголемиот дел од работата беше насочен кон подобрување на безбедноста во зградата, вклучително и расчистување на токсичното олово од покривот и кулата, кои се стопија во огнот.
Познатата туристичка атракција беше затворена за јавноста, а одржувањето миси беше откажано.
Во април годинава седум лица добија дозвола да присуствуваат на церемонијата што се одржа на Велипеток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Лондон растурена свадба со 400 луѓе, им се заканува глоба од 10.000 фунти

Британската полиција денеска објави дека во Лондон растурила свадба со речиси 400 гости, организирана и покрај забраната за собирање голем број луѓе поради пандемијата на Ковид-19.
Според строгите мерки воведени на почетокот на годината, свадби може да се прават само во исклучителни околности и допуштено е собирање само шест лица.
Но, полицијата пронашла стотици луѓе во училиште во Стемфорд Хил во северен Лондон. Прозорците биле покриени така што не можело да се види што се случува внатре.
Организаторот се соочува со глоба во висина од 10.000 фунти.
Бројот на лица заразени од коронавирус во Велика Британија вртоглаво се зголеми кон крајот на минатата година по појавата на нов вид на вирусот, што доведе до повторно воведување карантин, вклучително и строги правила за свадби.
Дневниот број на нови инфекции се намали од речиси 70.000 на 8 јануари на нешто помалку од 40.000 во последните денови, но властите се загрижени дека многумина не ги следат правилата, па вирусот продолжува да се шири.
Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, во четвртокот предупреди дека прекршувањето на правилата се казнува со глоба и најави воведување нова глоба од 800 фунти за присуство на домашни забави.
Европа
ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на ЕК.
„Фајзер“ требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, компанијата објави дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот откога веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.
Европа
Франција воведува ПЦР-тест за сите патници што сакаат да влезат во земјата

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската Унија дека Франција ќе ги направи ПЦР-тестовите задолжителни за сите патници во Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон.
Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство, пренесува „Ројтерс“.
Тестот ќе треба да се изврши најдоцна 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видеосамитот на лидерите на ЕУ, што се одржа во четвртокот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот