Свет
Одржување на Олимпијада во ваква ситуација не би било нормално, предупреди медицински експерт

Највисокиот јапонски медицински советник, Шигеру Оми, денеска изјави дека одржувањето на Олимписки игри среде актуелната ситуација со коронавирусот не би било нормално, што е едно од најстрогите предупредувања до организаторите во врска со ризикот од претстојните игри (кои треба да се одржат од 23 јули до 8 август).
Лекарите велат дека Олимписките игри во Токио дополнително би го оптовариле и така напнатиот здравствен систем, пренесува „Ројтерс“.
Според податоците на британската новинска агенција, само 2,7 проценти од Јапонците се ревакцинирани, но бројот на нови случаи се намалува на дневна основа.
Зборувајќи пред парламентарната комисија, Шигеру Оми рече дека организаторите треба да ѝ објаснат на јавноста зошто одржуваат Олимписки игри среде пандемија.
„Не е нормално да се одржуваат Олимписките игри среде ваква ситуација“, рече Оми.
Анкетите покажуваат дека повеќето јапонски граѓани се спротивставуваат на одржувањето на игрите, загрижени дека десетици илјади спортисти, официјални лица и претставници на медиумите ќе дојдат во земјата.
„Ако под овие околности ги одржиме Олимписките игри, тогаш организаторите треба да бидат одговорни и да го намалат обемот на настаните и да ги зајакнат контролните мерки што е можно повеќе“, додаде Оми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров доби уникатен подарок од Италија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од Италија доби подарок ретко издание на „Божествената комедија“ на Данте Алигиери, изјави Мауро Мурџи, шеф на канцеларијата на Министерството за надворешни работи на Јужна Осетија во Италија.
Според него, пред околу два месеци, тој испорачал тритомно издание на италијанскиот класик, објавено во 360 примероци, до руската амбасада во Рим. Вакво издание имало во библиотеките на папата Бенедикт Шеснаесетти и италијанскиот претседател Карло Чампи.
Книгите се направени од памучна хартија, илустрациите се рачно изработени. Секој примерок е уникатен и различен од другите. Книгите биле испратени во Москва кај Лавров, кој одговорил со длабока благодарност и најдобри желби.
„ Лавров направи многу за развојот на односите на Русија со Италија, како и со Јужна Осетија“, рече Мурџи.
Свет
(Видео) САД го собори кинескиот шпионски балон

Американската војска го собори кинескиот шпионски балон кој леташе над Атлантскиот Океан, пренесува „Фокс њуз“.
Овој балон леташе над територијата на САД неколку дена.
Претходно денеска американскиот претседател Џо Бајден рече дека Вашингтон ќе се погрижи за кинескиот шпионски балон.
Пентагон во четвртокот соопшти дека американската војска открила кинески балон за набљудување на голема височина над континенталниот дел на САД. Висок воен претставник рече дека американската влада размислувала да го собори балонот, но одлучила да не употреби воена сила поради потенцијалните ризици.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека балонот бил цивилен и се користи за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано отстапил од предвидениот курс.
Свет
Бајден: Ќе се погрижиме за кинескиот шпионски балон

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека Вашингтон ќе се погрижи за наводниот кинески шпионски балон што бил забележан како лета над САД.
Бајден ја даде оваа изјава како одговор на прашањето дали САД ќе соборат „сомнителен кинески балон за надзор“ што беше забележан како лета над државата Монтана.
Пентагон во четвртокот соопшти дека американската војска открила кинески балон за набљудување на голема височина над континенталниот дел на САД. Висок воен претставник рече дека американската влада размислувала да го собори балонот, но одлучила да не употреби воена сила поради потенцијалните ризици.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека балонот бил цивилен и се користи за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано отстапил од предвидениот курс. Балонот вчера бил виден над Канзас Сити, Мисури, а утрово бил забележан над Северна Каролина, според метеоролошката агенција AccuWeather.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја откажа претходно планираната посета на Кина поради откривањето на кинескиот балон. Пентагон вчера објави дека е забележан уште еден кинески балон над Латинска Америка, без да прецизира каде точно, наведува британската агенција.