Свет
Мелбурн воведе карантин што ќе трае шест недели
Мелбурн, вториот по големина град во Австралија, од денеска е под целосен карантин, кој ќе трае шест недели бидејќи властите се борат против вториот бран на коронавирусот.
За време на карантинот, повеќето продавници и компании ќе бидат затворени, што предизвика загриженост на жителите поради недостиг на храна, пренесува „Ројтерс“.
Улиците во главниот град на сојузната држава Викторија се празни. Во градот со пет милиони жители има пријавено 471 случај на коронавирус и осум смртни случаи во последните 24 часа.
Австралија сега има вкупно 20.000 случаи на Ковид-19 и 255 починати, што сепак сè уште е помалку од многу други развиени земји.
Сепак, пандемијата во Викторија се заканува дека ќе се прошири во другите сојузни држави. Нов Јужен Велс објави 12 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени лица се зголеми на 483. Случаи на коронавирус не се пријавени во други држави и територии.
„Ја спуштивме кривата еднаш и ќе го сториме тоа повторно“, им рече министерот за здравство, Грег Хант, на новинарите.
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, ги повика граѓаните на Мелбурн, кои веќе минале низ неколку недели строги рестриктивни мерки, да останат смирени поради зголемувањето на побарувачката во супермаркетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Свет
Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Асад во Москва
Амбасадата на Сирија во Русија за ТАСС ја потврди информацијата дека поранешниот сириски претседател Башар ал Асад се наоѓа во руската престолнина.
„Да, тој е во Москва“, соопшти дипломатската мисија.
Амбасадата соопшти дека немале контакт со Асад.
Свет
Песков: Путин лично му даде азил на Асад
Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во своето секојдневно обраќање рече дека претседателот Владимир Путин лично ја донел одлуката за давање азил, но одбил да потврди каде се наоѓа моментално Асад, пренесува Фена, а пренесува Дневни аваз.
Песков исто така не кажа кога последен пат се сретнале Путин и Асад и додаде дека не планираат да се сретнат во блиска иднина, јавува Би-Би-Си.
Песков нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти „со оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.