Контакт

Европа

Од карантин пуштени 181 лице во Франција

Објавено пред

Првата група француски државјани, кои беа евакуирани од кинескиот град Вухан, по две недели се пуштени од карантин.

Никој од 181 лице не е позитивен на вирусот, соопштија властите, пренесе „Ројтерс“.

„Немаше никакви проблеми и луѓето се среќни затоа што заврши“, рече директорот на Црвениот крст, Марк Зилтман.

Патниците по евакуацијата од Вухан беа сместени во карантин во одморалиштето Кари ле Ру на Азурниот Брег.

Друга група, од 157 лица, која се наоѓа на југот на Франција, сè уште е во карантин, од кои 122 ќе бидат пуштени на 16 февруари, а останатите на 23.

Во Франција се регистрирани 11 случаи на коронавирусот.

Европа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Објавено пред

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е радикален десничар идентификуван како Тобијас Р.

По масакрот, полицијата го пронашла напаѓачот мртов во својот дом, каде што било пронајдено уште едно тело. Покрај неговото тело било пронајдено писмо, кое, како што објави „Билд“, било конфузно, но во него можеле да се забележат очигледни екстремно десничарски политички ставови.

Нападот се случи синоќа во два наргиле-бара во градот во близина на Франкфурт. Напаѓачот е германски државјанин.

Според првичните информации, некои од жртвите се Курди. Во текот на денот би требало да бидат познати повеќе информации, како и мотивот за нападот. Исто така, не е позната возраста на напаѓачот, ниту чие е телото што било пронајдено до него.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Кажав дека нема да се мешам во изборот за наследник

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема да се меша во изборот на нејзиниот наследник на чело на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), откако Анегрет Крамп Каренбауер објави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата.

„Реков дека нема да се мешам во прашањето кој ќе ја води ЦДУ во иднина или кој ќе биде кандидат за канцелар“, рече Меркел на прес-конференција.

Крамп Карнбауер минатата недела изјави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата и се откажува од амбицијата да стане нов канцелар на Германија.

Прикажи повеќе...

Европа

Кај Канарските Острови спасени 24 мигранти, се трага по уште 53 лица

Објавено пред

Шпанската морнарица соопшти дека спасила 24 мигранти недалеку од Канарските Острови, северозападно од брегот на Африка, и сè уште трага по 53, кои се пријавени како исчезнати најмалку два дена.

Во потрагата учествува и авион, меѓутоа е отежнета поради временските услови, пренесува АП.

Меѓу 24-те мигранти што беа пронајдени и спасени во вторникот имало девет жени и едно бебе, и тие се префрлени во пристаништето на островот Гран Канарија, кој е еден од седумте острови во архипелагот.

Шпанските власти првично ја почнаа потрагата по околу 140 исчезнати мигранти, кои пловеа во пет чамци, но подоцна ја намалија потрагата на две чамци со по 26 мигранти.

Помеѓу 1 јануари и 15 февруари повеќе од 1.000 мигранти пристигнале на Канарските Острови, што е многу поголем број отколку во истиот период минатата година кога пристигнале само 66.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија5 часа

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија6 часа

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија6 часа

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија6 часа

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион7 часа

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа7 часа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет8 часа

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија8 часа

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Свет9 часа

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за...

Спорт18 часа

Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем (видео)

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет20 часа

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион21 час

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион22 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ22 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија24 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија1 ден

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ1 ден

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 ден

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија1 ден

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Досие