Контакт

Европа

(Од минута во минута) Гранатирана зграда во Одеса, во Киев повторно воведен полициски час

Објавено пред

Денес е 26. ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

Украина рече „НЕ“ – Помина рокот за предавање на Мариупол

Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина

Кина нема да испрати воена помош за Русиjа

Зеленски сака преговори со Русија: Ерусалим е вистинското место за наоѓање мир

Од минута во минута:

21:10 Подољак: Воспоставен е некаков дијалог

По 26 дена војна, има одредени поместувања во мировните преговори, изјавил за Би-би-си, Михаил Подољак, еден од учесниците во разговорите од украинската страна.

Тој посочил дека упорноста на Украина ја принудила Русија да ја процени реалноста на посоодветен начин, што помогнало да се воспостави некој вид дијалог.

20:30 Зеленски за руските барања: Првин ќе треба да нѐ уништат сите, дури потоа ќе се исполнат нивните ултиматуми

Украина не може да прифати никакви руски ултиматуми за запирање на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за украинската радио-телевизија.

„Украина не може да прифати никаков ултиматум од Русија. Првин ќе треба да не уништат сите, дури потоа ќе се исполнат нивните ултиматуми“, изјавил Зеленски.

20:10 Висок претставник на НАТО: Белорусија би можела да ѝ се придружи на Русија во нападите

Белорусија, близок сојузник на Русија, набргу може да ја нападне Украина. Во исто време Белорусија се подготвува да им дозволи на Русите да распоредат нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави висок претставник на НАТО, според „Гардијан“.

19:35 Украинскиот министер за одбрана: „Русија ќе нападне други земји – запрете ја“

Русија спроведува државен тероризам во Украина и ќе продолжи да напаѓа други земји, изјави украинскиот министер за одбрана, Алексеј Резников.

Зборувајќи со британскиот министер за одбрана, Бен Валас, за време на посетата на Лондон, Резников рече дека се убиени 150 украински деца. Тој рече дека се уништени повеќе од 400 училишта и градинки и повеќе од 110 болници, јави Би-Би-Си.

19:10 Украинската вицепремиерка: „Зад нападот на Мариупол се крие лична одмазда на Путин“

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека зад нападот на Мариупол стојат личните причини на рускиот претседател Владимир Путин бидејќи, како што вели таа, не успеал да го заземе тој град во 2014 година во времето кога Русија го анектира Крим.


18:00 САД за хиперсоничните ракети: Русија сака да испрати порака до Западот

Соединетите Американски Држави не можат самостојно да ги потврдат или побијат тврдењата на Русија дека истрелале хиперсонични ракети кон украинска цел, но, од воена гледна точка, употребата на такво оружје нема смисла, изјави претставник на американското Министерство за одбрана.

17:40 Украинска агенција: Мерачите за радијација околу централата во Чернобил престанаа да работат

Мерачите за радијација околу нуклеарната централа во Чернобил престанаа да работат, соопшти денеска Украинската агенција за нуклеарна енергија.

Агенцијата наведува и дека во тој регион нема повеќе пожарникари кои би можеле да ги заштитат шумите, озрачени поради децениската радиоактивност, во време кога температурата на воздухот расте.


16:47 (Видео) Објавена снимка од нападот врз трговскиот центар во Киев

Руското Министерство за одбрана објави снимка од нападот со наведувана ракета врз трговскиот центар во Киев.

16:40 Москва одговори на навредата на Бајден кон Путин

На американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан му беше врачена протестна нота поради неодамнешните „неприфатливи изјави на шефот на кабинетот на Белата куќа“ Џозеф Бајден.

Според Министерството за надворешни работи на Русија, Саливан бил поканет во министерството и му бил врачен демарш.

14:00 Зеленски на телевизија им пушти звук на сирена за тревога на Германците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до Германија да го спаси Киев. Тој им се обрати на Германците преку телевизија.

„ Киев порано го нарекуваа ‘новиот Берлин’, тоа се градови со сличен дух, отвореност, емоции, слобода, искреност на луѓето. Сега Киев е затворен. Тој тивко чека нови сирени за воздушен напад за да ги принуди луѓето во засолништа“, рече Зеленски.

13:54 Поранешен командант на КФОР: Не можам да ја исклучам можноста за Трета светска војна

Поранешниот командант на КФОР Мајкл Џексон, кој беше првиот командант на трупите на Северноатлантската алијанса во 1999 година, не ја исклучи можноста конфликтот во Украина да предизвика Трета светска војна.

Џексон, поранешен шеф на британската армија, нагласи дека руската окупација на Украина го донела светот на „неистражена територија“.

13:01 Руската ФСБ бара моментална забрана на „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска побара моментална забрана на американските социјални мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, на првиот ден од судењето за екстремизам, додека репресијата врз медиумите се интензивира по инвазијата на Украина.

13.30 Британците објавија мапа на руските напади

Министерството за одбрана на Велика Британија објави нова карта на руски напади.

13:07 Децата бегалци од Украина се во опасност да станат жртви на трговија со луѓе

Украина има голем број сирачиња и деца родени од сурогат мајки кои не биле прифатени од нивните родители, а тоа го зголемува ризикот тие да бидат киднапирани или да станат жртви на принудно посвојување, рече еврокомесарот.

„Постои огромен ризик ранливите деца да бидат жртви на трговија со луѓе“, нагласи Јохансон.

13.00 Британскиот министер за здравство: Путин е компулсивен лажго

Рускиот претседател Владимир Путин е компулсивен лажго, изјави британскиот министер за здравство

12.50 Друзенко: Наредив да се кастрираат руските затвореници – тие се бубашваби, а не луѓе

Сите руски војници кои ќе бидат заробени од украинската доброволна медицинска единица ќе бидат кастрирани, изјави командантот на тој оддел Генадиј Друзенко на националната телевизија „Украина 24“

12:36 Руската државна телевизија за протестот на својата уредничка: Таа е британски шпион

Руската државна телевизија конечно се огласи за протестот кој го организира во етерот сега веќе поранешната уредничка на таа телевизија, Марина Овсјаникова.

Шефот на одделот за вести на руската државна телевизија, Кирил Клејонов, ја обвини дека го сторила тоа бидејќи била британски шпион.

12.33 Прв напад на Одеса – гранатирана станбена зграда, избувна пожар

Градските власти на Одеса денеска ги обвинија руските сили дека утринава извршиле напад врз станбени згради во предградијата, што е прв таков напад во ова пристаниште на Црното Море, јавува Ројтерс

12.30 Капетан од Националната гарда во Мариупол: Бомби паѓаат на секои 10 минути

Мариупол беше под дополнително силно бомбардирање во текот на ноќта, изјави украински офицер во градот

Баербок: Русија намерно бомбардира болници и друга цивилна инфраструктура во Украина

Шефот на германската дипломатија Аналена Баербок ја обвини Русија за воени злосторства во Украина и најави дека Европската унија ќе и обезбеди на украинската армија оружје во вредност од една милијарда евра за да и помогне да се брани

12.20 По страшниот напад – во Киев од вечерва повторно полициски час, ќе трае до среда наутро

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави нов полициски час во главниот град на Украина, кој ќе трае до среда наутро

12.15 Зеленски: Политичарите се под притисок да ја направат Украина дел од ЕУ

Претседателот на Украина Володимир Зеленски повторно се обрати преку својот официјален фејсбук-профил.

12.10 Предупредување од Кремљ:
Европа ќе биде тешко погодена

Официјална Москва денеска предупреди дека Европа ќе биде силно погодена во случај на ембарго на руската нафта, бидејќи тоа ќе го наруши енергетскиот биланс на континентот.

12.05 Деца од Украина биле примени во училиште во Италија – наставниците и учениците им посакаа топло добредојде

Неодамна беше објавено видео од две украински деца кои влегуваат на првиот час во италијанско училиште

12.00 Борел: Рускиот напад на Мариупол е масовно воено злосторство

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, го осуди рускиот напад врз украинскиот пристанишен град Мариупол, нарекувајќи го „масовно воено злосторство“ додека блокот разговараше за воведување дополнителни санкции кон Москва

11.55 Русија загуби 15.000 војници, 97 авиони, 121 хеликоптер

Независниот весник Киев објави индикативни проценки за загубите на Русија од 21 март, според Вооружените сили на Украина

11.50 Украински пратеник: Русите сакаат да го изгладнат Мариупол и да го принудат да се предаде

Дмитро Гурин, украински пратеник по потекло од Мариупол, за Би-Би-Си изјави дека верува оти Русија се обидува да го натера градот да се предаде

11:46 Каспаров: Ме нарекоа поттикнувач кога во 2014 година реков дека Путин нема да застане на Крим

Поранешниот светски шампион во шах Гери Каспаров на Твитер ги критикуваше западните сили и НАТО за нивниот однос кон руската инвазија на Украина. Тој го обвини Западот дека веќе ја предава Украина на Русија и повика на посилна помош за нападнатата земја.

Познатиот шаховски велемајстор, продемократски активист и еден од лидерите на руската опозиција, претходно повика на посилна интервенција на членките на НАТО, се залагаше за изнаоѓање замена за рускиот гас и ги предупреди сојузниците на Путин во САД и Европа.

11:11 Полски хостел прима луѓе од различни националности од Украина

Низ скромна улица на периферијата на Варшава, меѓу многу магацини, се наоѓа хостел за бегалци од различни националности кои избегале од воена Украина, пишува „Гардијан“. На влезот во ходникот е поставен плакат со пораки од авганистанските бегалци. На еден од нив пишува – „Благодарам Полска“.

„Луѓето не мислат дека има неукраински бегалци од Украина и сигурно има луѓе кои се плашат. Затоа е создаден овој хостел, бидејќи не можевме да нагостиме луѓе на друго место. Овде го имаме целиот свет“, рече Маријана Осолинска, која го води хостелот.

11:15 Италија ќе ги смести украинските бегалци во запленетите мафијашки имоти

Италија планира да смести стотици илјади луѓе кои бегаат од руската инвазија на Украина на поранешните мафијашки имоти. Само во 2021 година Италија заплени имот во вредност од 1,9 милијарди евра што им припаѓа на членовите на мафијата.

Поради огромниот број украински бегалци, Италија нашла начин да искористи дел од тој конфискуван имот, пишува порталот „Тајм аут“.

Повеќе од 17.000 Украинци пристигнале во Италија од почетокот на конфликтот, а се очекува да пристигнат и повеќе.

11:30 Руски сепаратист: Мариупол би можел да падне за една недела

Лидерот на прорускиот сепаратистички регион Доњецк изјави дека на руската армија ќе ѝ треба „една недела или повеќе“ за да го освои Мариупол, пренесува агенцијата ИФАКС.

Падот на Мариупол ќе овозможи спојување на руските сили од југот и истокот на Украина и формирање на коридор меѓу регионите Доњецк, Луганск и Крим, кои веќе се под руска контрола.

11:04 Кремљ: Нема основа за сoстанок помеѓу Путин и Зеленски

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин одржа прес-конференција.

Дмитриј Песков рече дека „државите кои имаат влијание врз Киев треба да го искористат тоа влијание за да ја направат Украина поконструктивна во мировните преговори“, рече Песков, додавајќи дека „разговорите со Украина не напредуваат толку колку што сака Русија“.

„Русија прави напори да ги забрза преговорите“, рече тој додавајќи дека „нема основа за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Владимир Зеленски.

10:02 Украинци: Руска граната погоди резервоар со 50 тони амонијак

Пристигнуваат нови информации за истекување амонијак од хемиска фабрика во близина на градот Суми. Како што се наведува, истекувањето на амонијакот е отстрането, а сега пристигнуваат нови информации за тоа што довело до истекување на тој опасен гас.

Украинските власти соопштија дека резервоарот со 50 тони отровен гас бил оштетен кога фабриката „Сумихимпром“ била погодена од руска граната. Ударот на граната создаде облак од амонијак.

10:00 Британски генерал предупредува: Одеса е следната цел

Британскиот генерал Ричард Баронс во интервју за Би-би-си предвиде што очекува од воената стратегија на Русија во наредните денови.

„Очекувам Русите да продолжат да ја напаѓаат украинската армија во внатрешноста на земјата. Ќе удрат по нивните линии за снабдување, логистика и воздушни бази, како и војниците кои се спротивставуваат на инвазијата. Тогаш тие ќе продолжат да се борат во градовите и територијата за која мислат дека им припаѓа“, рече Баронс.

9:45 По предупредувањето од Бајден, Кина испраќа помош за Украина

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивниот Црвен крст ќе испрати дополнителни 10 милиони јуани (околу 1,4 милиони евра) хуманитарна помош за Украина

9:30 Мила Кунис и Ештон Качер собраа 35 милиони долари за Украина – Зеленски разговараше со нив

Мила Кунис и Ештон Качер разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се заблагодари за собраните пари

9:20 Михаило Подољак: Повеќе од 3 милиони Украинци беа принудени да заминат во европските земји

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денеска изјави дека повеќе од 3 милиони Украинци биле принудени да заминат во европските земји

9:10 Најмалку шест лица загинаа во напад на трговски центар во Киев

Неколку минути по полноќ по локално време Киев се тресеше од детонацијата. Многу надзорни камери го забележаа моментот кога руски ракети ја поплавија населбата Подловски, а локалното население на социјалните мрежи веднаш откри која била целта на рускиот напад

9:00 Европската Унија подготвува нова рунда санкции против Русија

Европската унија работи на петтиот пакет санкции против Русија поради ситуацијата околу Украина, соопштија денеска дипломатски извори

8:50 Жителите на окупираниот Херсон ги принудија руските камиони да се повлечат

Жителите на украинскиот Херсон, град окупиран од руската војска, им го попречија патот на руските воени камиони со ознака „З“ на улиците на градот и ги принудија да се свртат

8:.45 Децата го носат товарот на војната на Путин – сè повеќе ранети деца од Мариупол ја полнат болницата во Запорожје

Иако голем број градови во Украина беа погодени од војната, ситуацијата во пристанишниот град Мариупол може да се смета за најтешка ако се земе предвид фактот дека руската армија со недели целосно го блокира ова место

8:40 Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина

Претставниците на Украина и Русија треба да се сретнат утрово во нова рунда преговори, неколку часа откако Киев го отфрли ултиматумот на Москва да го предаде опколениот Мариупол

8:35 Кина нема да испрати воена помош за Русија: Повикуваме на итен прекин на огнот

Кинескиот амбасадор во САД, рече дека неговата земја нема намера да обезбеди каква било воена или финансиска поддршка за Русија за време на војната во Украина

8:30 Шефот на регионалната администрација: Русија го напаѓа полигонот во Ривне

Русија истрела две ракети на воен полигон во Ривне, во западна Украина, изјави шефот на регионалната администрација Виталиј Ковал, пишува Би-би-си

8:25 Британците објавија нови податоци: Тешките борби продолжуваат северно од Киев

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина – 21 март 2022 година.

8:20 На украинските војници и кучињата им помагаат да ја одбранат земјата

Некста објави фотографии од украинските војници и нивните крзнени пријатели за кои се вели дека ѝ помагаат на украинската гранична полиција да ја одбрани земјата.

8:10 Зеленски сака преговори со Русија: Ерусалим е вистинското место за наоѓање мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање рече, меѓу другото, дека Израел прави напори да посредува меѓу Украина и Русија и дека во таа земја може да се одржат идни мировни преговори на високо ниво

8:00 Украина рече „НЕ“ – Помина рокот за предавање на Мариупол

Украина денеска ги отфрли руските повици да го предаде пристанишниот град Мариупол, каде што жителите се опколени и оставени со малку храна, вода и струја во хуманитарна криза што го зголемува притисокот врз европските лидери да ги заострат санкциите кон Москва

Европа

ЕУ издвојува една милијарда евра во 2022 година за зајакнување на сопствениот одбранбен фонд

Објавено пред

Европската комисија денеска ја усвои годишната програма за работа на Европскиот одбранбен фонд, со која се предвидуваат 924 милиони евра за инвестиции и одбранбени капацитети на ЕУ за 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, планирани се дополнителни средства за одбранбени иновации од две милијарди евра со цел ЕУ да стане центар на иновации во одбранбениот сектор.

Денеска, решивме да мобилизираме една милијарда евра од буџетот на ЕУ за развој на заеднички одбранбени проекти, особено во вселената, сајбер-просторот и другите области со висока технологија.

Во нашиот нов безбедносен контекст тие инвестиции ќе придонесат за затворање на европскиот одбранбен јаз, велат претставниците на Европската комисија, пренесе „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија ја укинува горната старосна граница за воен рок

Објавено пред

Руската државна Дума денеска усвои предлог-закон за укинување на горната старосна граница за склучување на првиот договор за воена служба.

dobivaj vesti na viber

Во образложението се наведува дека законот сега предвидува првиот договор за воена служба да може да го склучат државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години, пренесува „РИА новости“.

Руската државна Дума денеска го усвои предлог-законот за укинување на горната старосна граница за отслужување воен рок, што на 20 мај го поднесоа пратениците на Единствена Русија, Андреј Картаполов и Андреј Красков.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Финска регистриран прв случај на мајмунска сипаница

Објавено пред

Финска, најверојатно, го регистрирала првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.

dobivaj vesti na viber

Светската здравствена организација во вторникот соопшти дека 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти се потврдени по првиот откриен случај надвор од земјите, каде што инфекцијата традиционално се шири од 7 мај, пред сè, во Западна и Централна Африка, објави „Ројтерс“.

Потврдени се 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија7 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет9 часа

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија11 час

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет13 часа

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија13 часа

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија14 часа

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија15 часа

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија16 часа

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија17 часа

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет18 часа

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...

Македонија18 часа

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...

Топ18 часа

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, ѝ го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското Обвинителство до Кривичниот суд во Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет19 часа

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...

Свет19 часа

Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос предупредувајќи дека руската инвазија на Украина...

Свет20 часа

(Видео) Ова е напаѓачот што уби 18 деца – објавена е снимка пред да го почне масакрот

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП...

Свет20 часа

Наставничка е првата идентификувана жртва од масакрот во Тексас – се обидела да ги заштити децата од напаѓачот

Голема трагедија се случи вчера во САД кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик...

Свет20 часа

Лансирани три балистички проектили во Северна Кореја кога Бајден го напуштил регионот

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја лансирала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле лансирани...

Свет20 часа

Бајден по крвопролевањето во Тексас: Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде...

Европа1 ден

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...