Свет
(Од минута во минута) Европските функционери на руската „црна листа”, САД со нови санкции за Русија

Го следиме 36-тиот ден од руската инвазија на Украина.
Клучни податоци:
Русија најави прекин на огнот во Мариупол, ќе се отворат хуманитарни коридори
Во ноќното обраќање, Зеленски рече дека преговорите со Русија се во тек, но дека тоа се само зборови
Американските и западните разузнавачки претставници велат дека советниците го лажат Путин поради војната во Украина и воената диверзантска опрема
Мировните преговори меѓу Русија и Украина продолжуваат в петок
САД тврдат дека Русите се повлекуваат од Чернобил
Германија тврди дека Русија се предомислила да плаќа гас во рубли, ќе дозволи плаќање во евра
Русија најави дека нивните операции се одвиваат според планот и дека прегрупирањето и повлекувањето е дел од стратегијата
Русија најави дека не гледа голем напредок во вчерашните преговори
Од минута во минута:
22.00 Русите собориле два украински хеликоптери
На 28 март руската копнена противвоздушна одбрана наводно соборила украински хеликоптер Ми-8 на пат кон градот, каде што продолжуваат да дејствуваат мал број единици на милицијата на баталјонот Азов
21.55 Шокантна изјава на Емир Кустурица: Западот во живо ја следи парадата во Украина
Војната во Украина, за која со сигурност можеме да кажеме дека е веќе подолго време подготвувана со помош на Пентагон, всушност е војна против православието
21.45 Мариупол и хуманитарните коридори најголеми бојни полиња во Украина
Мариупол и хуманитарниот коридор меѓу двата источни града Изум и Волноваха стануваат главни боишта во Украина, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи
21.10 Бајден: Има сомнежи дека Путин се изолира и ги казнува своите советници
Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека постојат индиции дека рускиот претседател Владимир Путин се изолира и казнува некои негови советници, но додаде дека САД немаат многу цврсти докази кои би можеле да го потврдат тоа
20.20 Уапсен Руски државјанин кој соработувал со Службата за безбедност на Украина
Државјанин на Русија, кој соработувал со Службата за безбедност на Украина, е уапсен при обид да го напушти Крим
20.00 Командант на британската армија: Плановите на Русија брзо пропаднаа
Плановите на Русија за брзо преземање на Киев и цела Украина се „распаднаа“, а Владимир Путин веќе е поразен на неколку начини, изјави командантот на британската армија адмирал Тони Радакин
19.45 Хуманитарна катастрофа во Украина – УНХЦР предупредува на егзодус
УНИЦЕФ наведува дека повеќе од половина од 7,5 милиони деца во Украина се раселени – 2,5 милиони внатре, а два милиона во странство
19.30 Дизни ја суспендира дистрибуцијата на своите филмови во Русија
Дизни целосно ќе престане да ги дистрибуира своите филмови во руските кина од 7 април
18.45 Кличко: Целта на Путин е да ја врати Руската империја и да ја окупира Украина
Кличко смета дека целта на режимот на Путин е да ја обнови Руската империја и да ја окупира Украина
18.20 Највисоките функционери на ЕУ на руската „црна листа“
На врвот на руската „црна листа“ се највисоките функционери на Европската Унија, што е одговор на антируските санкции, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува РИА Новости
17.55 Бајден воведе нови санкции кон Русија
Американскиот претседател Џо Бајден денеска воведе нови санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, насочени кон рускиот технолошки сектор
17.40 Путин: Западот доби дел од рускиот гас бесплатно
Со замрзнување на девизните сметки на Русија, Западот всушност доби дел од рускиот гас бесплатно, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин
17.10 Зеленски до белгискиот парламент: Мирот е повреден од руската нафта и гас
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Белгија да испрати оружје и да му помогне на својот народ во борбата против руските сили, особено во Мариупол, оценувајќи дека мирот е повреден од трговијата со Русија
16.40 Поранешниот премиер на Путин: Преговорите се камуфлажа, тој не е подготвен на отстапки
Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов ја коментираше и ситуацијата во Украина, нагласувајќи дека нема индикации дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен на отстапки
16.10 Владимир Путин: Западните санкции се цената на слободата и независноста на Русија
Тој рече дека тоа се санкции бидејќи Русија не сака да свири туѓа музика, да ги жртвува своите интереси и традиционални вредности
15:55 Обраќање на Путин: Oд утре за гас ќе се плаќа во рубли или ќе ги раскинеме договорите
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на јавноста во Москва по потпишувањето на указот според кој странските купувачи на руски гас од утре мора да плаќаат во рубли.
Тој предупреди дека договорите ќе бидат раскинати доколку другите земји не го платат рускиот гас во рубли.
Таа одлука ја донел, како што рече, поради зајакнување на рускиот суверенитет.
14:50 Песков: САД не го разбираат Путин и нашиот стил на работа
Кремљ реагира на тврдењата на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин од страна на неговите советници е доведен до заблуда за Украина и санкциите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите во Москва изјави дека ниту американскиот Стејт департмент ниту Пентагон има реални информации за тоа што се случува.
„Тие, едноставно, не разбираат што се случува во Кремљ“, рече тој.
13:09 Путин потпиша указ за редовна пролетна регрутација
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за редовно пролетно регрутирање.
„Одлучувам дека од 1 до 15 април 2022 година ќе има регрутирање руски државјани на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резервен состав – вкупно 134.500 лица“, се наведува во указот, пренесува „РИА новости“.
„Треба да ја знаете вистината! Руското Министерство за одбрана нема поим за нас или што правиме овде. Фрлени сме во г**на“, вели еден од нив, а пренесува „Тајмс“.
11:58 Војниците што биле во Чернобил имаат симптоми на радијациска болест?
Вработен во Украинската агенција за управување со т.н. зони на исклучување, како онаа во Чернобил, објави на „Фејсбук“ дека некои војници биле пренесени во специјална медицинска установа со акутна радијациска болест. Но, „Гардијан“ истакнува дека оваа информација не е потврдена.
11:25 Словенечката амбасада во Киев го отстрани знамето зашто потсетува на руското
Словенечката амбасада во Киев мораше да го тргне знамето на својата држава бидејќи премногу потсетувало на руското.
Вршителот на работите на Словенија во амбасадата во Киев, Боштјан Лесјак, кој во неделата пристигна во главниот град на Украина, мораше да го симне словенечкото знаме пред Амбасадата бидејќи е премногу слично на знамето на Русија, пренесува СТА повикувајќи се на словенечки медиуми.
В Киеве «под санкции» попал флаг Словении. Его сняли с посольства, так как он «похож на российский», рассказал словенский дипломат Боштьян Лесьяк: «К нам обратились сотрудники нацгвардии и полиции Украины с призывом временно спустить флаг, так как он слишком похож на российский» pic.twitter.com/BzgccKDofT
— НТВ (@ntvru) March 31, 2022
09:32 (Видео) Украинската војска објави видео од борбите околу Киев
Украинската национална гарда објави видео на кое велат дека ги прикажува борбите околу Киев.
„ Единиците на Националната гарда на Украина продолжуваат да го бранат Киев и да ја уништуваат непријателската опрема. Гардистите од првите денови на целосната инвазија на руските трупи се активно вклучени во одбраната на Киев во сите правци. Во правец на Киев, нашите артилериски единици уништија две самоодни артилериски единици, ракетни фрлачи и неколку десетици непријателски оклопни возила и возила“ објавија тие.
09:30 Кличко: Зеленски отпатува во Германија
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Твитер објави дека претседателот Володимир Зеленски отпатувал во Германија на средба.
Друзі! Сьогодні дуже важливе об’єднання усіх сил – як в Україні, так і консолідація позиції та дій країн-партнерів нашої держави.
Володимир поїхав із делегацією від України на зустрічі в Німеччину. pic.twitter.com/RSjGdYUQ0c
— Віталій Кличко (@Vitaliy_Klychko) March 31, 2022
09:20 Висок дипломат на ЕУ: Путин мислеше дека работите одат подобро отколку што навистина се
Путин мислеше дека работите се одвиваат подобро отколку што навистина се. Ова е проблем кога се опкружувате со мажи кои само ви кажуваат „да“ или едноставно седите со нив на крајот од многу долга маса, изјави за „Ројтерс“ висок дипломат на ЕУ.
09:16 Британски разузнавачи: Во наредните денови во Киев ќе се водат тешки борби
Британското Министерство за одбрана штотуку го објави својот најнов разузнавачки извештај во кој тие сугерираат дека најверојатно ќе има тешки борби во наредните денови во Киев.
„ И покрај руските изјави кои укажуваат на намерно намалување на воената активност околу Чернихив, значителните руски гранатирања и ракетни напади продолжија.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 31 March 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/dESTQT4irj
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/0NUMTq8nrj
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 31, 2022
09:13 Шефот на француската разузнавачка служба е сменет бидејќи не ја предвидел руската инвазија
Директорот на француската воена разузнавачка служба, генерал Ерик Видо, ќе биде сменет од функцијата бидејќи ја отфрлил можноста за руска инвазија на Украина, пренесоа француските медиуми.
09:08 Русија објави прекин на огнот во опколениот Мариупол
Руското Министерство за одбрана објави прекин на огнот во украинскиот пристанишен град Мариупол за да се овозможи евакуација на цивили.
„ За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме да се спроведе со директно учество на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст“, се вели во соопштението на Министерството.
09:05 (Видео) Зеленски: Русите се повлекуваат од Киев затоа што ние ги избркавме
Преговорите со Русија се во тек, но тоа се само зборови, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена на социјалните мрежи во средата вечерта.
„ Да, имаме процес на преговори, но тоа се само зборови, без ништо конкретно“, рече Зеленски.
08:58 Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат утре
Русија и Украина ќе ги продолжат своите онлајн мировни преговори на 1-ви април, изјави висок украински функционер, по завршувањето на последната рунда разговори во Турција.
Украинскиот преговарач Дејвид Арахамиа објави дека Украина предложила лидерите на двете земји да се сретнат, но дека Русија одговорила дека треба повеќе да се работи на нацрт-договорот.
08:36 (Видео) Кадиров: Мариупол е речиси ослободен
Ослободен е околу 90-95 отсто од Мариупол, последното место каде што се кријат бандитите е големиот металуршки комбинат „Азовстал“, изјави Рамзан Кадиров.
„ Животот постепено се враќа на слободната територија на градот. Луѓето излегуваат на улица од нивните засолништа, уморни од канонадата од експлозии и гладот. Некои возат дури и автомобили, има и такви кои се предомислија да одат во Ростов на Дон и со приватни возила се вратија во Мариупол“, напиша Кадиров на својот канал на Телеграм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Тексас собир на лобистите за оружје, ќе се обрати и Трамп

Неколку дена по убиството на 19 деца и 2 учители во основното училиште во Увалде, денес во Тексас почнува годишната конвенција на американските лобисти за оружје (НРА). На присутните треба да им се обрати поранешниот претседател Доналд Трамп, кој за време на неговиот мандат не сакаше да го ограничи поседувањето оружје.
Конвенцијата на НРА почнува во Хјустон, каде што републиканците, вклучително и американскиот сенатор Тед Круз од Тексас и Трамп, ќе ѝ се обратат на групата што се бори за правата за носење оружје.
Неодамнешните престрелки во целата земја повторно ја разгореа дебатата за законите за оружје во САД. Масакрот во Увалде се случи само 10 дена откога самопрогласен бел расист застрела 13 луѓе во супермаркет во населба со претежно афроамериканско население во Бафало, Њујорк. Претседателот Џо Бајден и неговите колеги демократи ветија дека ќе извршат притисок за нови ограничувања за употреба на оружје и покрај отпорот на републиканците.
Но, малку е веројатно дека Конгресот ќе одобри построги закони за оружје бидејќи сите републиканци се противат наведувајќи го правото да носат оружје според Уставот на САД. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, кој се надева на реизбор во ноември, смета дека построгите закони за оружјето не го спречуваат насилството. Пратениците, вели тој, треба да се фокусираат на превенција и третман на менталното здравје.
Потврдувајќи го своето учество на митингот, Трамп рече дека на САД им требаат вистински решенија и вистинско лидерство во овој период, а не политичари и пристрасни размислувања. Тој му вети на американскиот народ важен говор. Годишниот митинг се одржува во време кога полицијата е на удар на критики затоа што, наводно, ѝ требало премногу долго за да интервенира во училиштето во Увалде.
Регион
Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота.
Според соопштението на Министерството, прогласувањето на дипломатите за персона нон грата е одговор на „непријателските чекори“ што Загреб претходно ги презеде за да го намали бројот на членови на руската дипломатска мисија.
На хрватскиот амбасадор му беше врачен остар протест во руското Министерство поради, како што се наведува, неоснованите обиди на хрватските власти да ја обвинат Русија за воените злосторства во Украина и за воената помош на Киев.
Хрватска протера 24 руски дипломати во април поради руската воена интервенција против Украина.
Свет
Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари, објавија локалните медиуми. Челичарницата на Ахмет е тешко оштетена. На Путин му порача дека е воен злосторник, а акциите на Русија во Украина ги нарече геноцид.
Ахметов, за разлика од другите украински бизнисмени, не ја напушти Украина на 23 февруари. За украинскиот портал mrlp.city вели дека не си заминал бидејќи тоа би било срамно и недозволиво. Тој најави и дека ќе ја тужи Русија.
„Ќе ја тужиме Русија и ќе бараме компензација за сите загуби и изгубени работни места“, изјави Ахметов. Освен во фабриката за челик ‘Азовстал’, штета претрпе и железарницата ‘Иљич’, која е дел од неговиот холдинг СЦМ, откри Ахметов.
Индексот на милијардери на „Блумберг“ го проценува богатството на Ринат Ахметов на 6,93 милијарди долари. Поради руската инвазија на Украина, износот на неговото богатство е намален 40 отсто.