Европа
Од почетокот на војната киднапирани се повеќе од 2.000 деца од Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека од почетокот на руската војна против неговата земја се киднапирани повеќе од 2.000 деца, пренесува Анадолија.
„Не знаеме каде се нашите деца“ – рече Зеленски обраќајќи се на самитот на Европскиот совет преку видеоврска.
Зеленски, исто така, ги обвини руските сили дека пукале врз конвои со хуманитарна помош и гаѓале жени и деца додека се движеле низ коридорите за евакуација.
Во меѓувреме, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека повеќе од 3.300 луѓе биле евакуирани од регионите Киев, Доњецк и Запорожје во четвртокот.
Сепак, таа рече дека украинската страна не била во можност да ги евакуира луѓето кои живеат во опколениот град Мариупол и дека во него не можат да влезат десетици возила натоварени со хуманитарна помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Велика Британија: На Путин треба да му се одговори со сила, а не со попуштање

Во пресрет на денешната посета на БиХ, британската министерка за надворешни работи, Лиз Трaс, изјави дека обидите да му се додворат на Владимир Путин се опасни.
„Руската агресија не треба да се толерира, на неа треба да се одговори со сила“, се вели во соопштението на Лиз Трaс.
„Мораме да бидеме решени да ја обезбедиме победата на Украина со испраќање воена помош и санкции за Русија. Сега веќе не можеме да се тргнеме“, рече Трас, пренесе „Индекс.хр“.
Европа
Владимир Рогов: Украина засекогаш го загуби пристапот до Азовското Море

Членот на Главниот совет на Воено-граѓанската управа на Запорожје, Владимир Рогов, денеска изјави за РИА Новости дека Украина засекогаш го изгубила пристапот до Азовското Море, бидејќи, според него, регионите Запорожје и Херсон никогаш нема да се вратат под контрола на Киев.
„Азовското Море е засекогаш изгубено за Украина. Пристаништата во регионите Запорожје и Херсон никогаш повеќе нема да бидат украински. Сигурен сум дека по обединувањето на нашите региони со Русија, Азовското Море повторно ќе биде исклучиво внатрешното море на Руската Федерација“, рече тој.
За време на специјалната операција, руската армија ја презеде контролата врз областа Херсон и Азовскиот дел на областа Запорожје во јужна Украина, пренесе Танјуг.
Европа
Русите нападнаа повеќе од 40 градови во Донбас

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија.
– Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, меѓу кои 38 куќи и едно училиште. Во гранатирањето загинаа пет цивили, а 12 се ранети – објавија на Фејсбук украинските вооружени сили.
Во соопштението се наведува дека се одбиени 10 напади, а уништени се четири тенкови и четири дронови.
Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили спроведуваат интензивна офанзива врз клучниот град Лиман во областа Доњецк.
Лиман е важен железнички центар и ако Русите успеат да ја преземат контролата таму, блискиот град Славјанск станува поранлив на напади, а украинските војници југоисточно од градот стануваат поизложени на опасностите од опсада, пренесуваат мадиумите.