Контакт

Свет

СЗО тврди дека е откриен изворот на пандемијата

Објавено пред

Во извештајот што ќе биде објавен во следните недели СЗО детаљно ќе го објасни изворот на пандемијата на Ковид-19, пишува livescience.

СЗО почна опсежна истрага во јануари со цел да го открие изворот на пандемијата, а сега велат дека се работи за фарми на диви животни. Многу од фармите се наоѓаат во провинцијата Јунан. Оттаму препродавачите набавуваат диви животни за пазарот на морска храна „Хуанан“ во Вухан. Токму од таму потекнуваат првите откриени случаи на Ковид-19 минатата година.

Питер Дазак, еколог од тимот на СЗО, за интернет-страницата НПР го раскажа своето искуство во оваа мисија да го бара изворот на пандемијата и рече дека некои од овие диви животни може да биле заразени со вирусот САРС-КоВ-2 и дека тие го зеле вирусот од лилјаците, кои се многубројни во Јунан.

СЗО ќе објави детален извештај за своите наоди во наредните недели. Мисијата почна во јануари по серијата теории на заговор што се раширија во целиот свет. Една од нив беше дека вирусот некако избегал од лабораторијата во Вухан, а СЗО го исклучи тоа сценарио минатиот месец, со образложение дека нема докази за тоа.

Научниците се согласуваат дека вирусот циркулирал во лилјаци, а потоа переминал врз луѓето преку посредници, најверојатно преку диви животни, кои биле продавани на пазарот.

Овие фарми за диви животни се дел од проектот охрабрен од кинеската влада во изминатите 20 години за да му се помогне на руралното население да излезе од сиромаштија и недостиг на храна.

Во февруари 2020 година Кина ги затвори овие пазари затоа што кинеската влада заклучи дека пазарите се дел од синџирот на пренесување на вирусот од лилјаци на луѓе. Така, сите продавачи и земјоделци добија детаљни упатства од владата за тоа како да ги убијат и запалат животните за да не се шири болеста понатаму.

Регион

Од денеска отворени средните училишта во Грција

Објавено пред

Грција денеска ги отвори средните училишта, по петмесечна блокада поради коронавирусот.

Отворањето на училиштата се случи откако грчките власти ставија на располагање домашни тестови, за кои се надеваат дека ќе помогнат во контролата на пандемијата и повторно отворање на економијата, пренесува грчкиот портал „Екатимерини“.

Од учениците и наставниците ќе се бара да носат маски и да прават најмалку два теста неделно – секој понеделник и четврток.

Оние што посетуваат училиште ќе мора да направат негативен тест за Ковид-19 како доказ, а тестирањето е задолжително и за оние кои биле вакцинирани против вирусот.

Грција е во блокада од почетокот на ноември минатата година.

Грчките здравствени власти вчера пријавија 1.718 нови случаи на коронавирус и 52 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се вкупно 295.480 потврдени случаи на коронавирус, со 8.885 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

Песков: Украина ги отфрла граѓаните кои говорат руски јазик

Објавено пред

Граѓаните на Украина кои зборуваат руски јазик беа одбиени од нивната држава, а Русија смета дека заштитата на интересите на тие луѓе е приоритет, изјави денеска претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој посочи дека граѓанската војна во Украина стана голема трагедија за украинските соседи и цела Европа.

Кремљ се надева дека Киев ќе покаже политичка мудрост и ќе престане со провокативни активности во регионот, рече Песков.

„Се надеваме дека Киев ќе покаже политичка мудрост, дека ситуацијата нема да стане посериозна и дека провокациите ќе престанат“, рече претставникот на Кремљ, пренесува ТАСС.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Данска ќе бидат вакцинирани 100.000 луѓе за еден ден

Објавено пред

Данскиот министер за здравство Магнус Хојнеке денес прогласи „голем ден на вакцинација“, затоа што 100.000 луѓе ќе бидат вакцинирани за еден ден.

Вакцините ќе бидат дадени во 68 центри за инокулација низ Данска, која има речиси шест милиони жители, пренесува агенцијата АП.

Данскиот министер рече дека Данците ќе постават нов рекорд и ги повика луѓето да пристигнат на време за вакцинација.

Најголемиот дел од вакцинацијата ќе се реализира во Копенхаген и неговата околина, каде што живее една третина од населението.

Во Данска досега 868.461 лице или скоро 15 проценти од населението ја примиле првата доза на вакцина, а 445.566 лица или скоро 8,0 проценти ги примиле двете дози.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер и Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија2 часа

Ќе се ограничат цените за лекување на пациенти со коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување на пациенти...

Македонија2 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија2 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет2 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет2 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет4 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис дури една година по заразата со коронавирусот

Три дена по позитивниот тест за коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија6 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија21 час

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија24 часа

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија1 ден

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет1 ден

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија1 ден

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа2 дена

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија2 дена

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија2 дена

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Македонија2 дена

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над...

Свет2 дена

Кина дневно произведува 5 милиони дози вакцини, целта е да достигне 3 милијарди годишно

Кина веројатно ќе произведе три милијарди дози од вакцината против Ковид-19 до крајот на годината, изјави официјален претставник на Националната...

Досие