Контакт

Свет

Од труење со нелегален алкохол умреа 79 лица во Индија

Објавено пред

Бројот на жртвите во северна Индија се искачи на 79 по земањето нелегално направени алкохолни пијалаци, соопшти денеска индиската полиција.

Официјален полициски претставник во државата Утар Прадеш изјави дека 49 лица загинале во два одделни инцидента во таа земја, а починале и 30 луѓе што пиеле токсично пиво во соседната држава Утарханд, објави агенцијата АП.

Аутопсијата покажала дека алкохолот што го пиеле жртвите содржел метанол – хемикалија што го напаѓа централниот нервен систем.

Портпаролот на владата на Утар Прадеш соопшти дека од 9 февруари уапсени се повеќе од 3.000 луѓе во борбата против нелегално направени алкохолни пијалаци.

Смртноста поради консумацијата на ваквите пијалаци во Индија се зголемува бидејќи сиромашните не може да си дозволат познати брендови, а илегалните пијалаци често содржат хемикалии како, на пример, пестициди.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Објавено пред

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти Украинската служба за вонредни ситуации.

Пожарот избувнал на вториот кат во хотелот „Токио Стар“.

Во гаснењето на огнената стихија учестувале 65 пожарникари и 13 возила. Се истражуваат причините за несреќата.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Објавено пред

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во вредност од осум милијарди долари, соопштија неименувани американски официјални претставници.

Таквиот потег дополнително ќе ги зголеми тензиите со Кина. Зделката со авионите Ф-16 е спорна бидејќи Кина е жестоко против каква било продажба на оружје на Тајван, а посебно против продажба на најмодерни авиони-ловци.

Прикажи повеќе...

Европа

Израелскиот „крал на дрогата“ им побегнал на Украинците при депортација

Објавено пред

Амос Дов Силвер, основач на најголемата светска мрежа за продажба на дрога преку интернет, побегнал од киевскиот меѓународен аеродром „Бориспил“, пренесе агенцијата „Тасс“.

Украинската национална полиција ја потврди ова информација.

„Да, бегството навистина се случило. Меѓутоа, полицијата не беше официјално информирана за тоа. Неговата екстрадиција беше одговорност исклучиво на Украинската служба за безбедност (СБУ), а тие не ја известија полицијата, јавниот обвинител или која било агенција вообичаено вклучена во вакви постапки. Затоа ова прашање е во нивна надлежност“, соопшти полицијата.

Од СБУ биле недостапни за коментар за руската агенција.

Претходно, украинскиот портал „Стен“ објави дека бегството на „кралот на дрогата“ се случило синоќа, кога тој бил донесен на аеродромот за да биде депортиран назад во Израел.

Според информациите на порталот, откако ја минал пасошката контрола, од глуждот му бил отстранет уредот за електронски надзор, по што се упатил кон бесцаринската зона и исчезнал.

Одлуката за депортација на израелскиот државјанин беше донесена на 15 август, но украинските власти за тоа не ги известиле израелските колеги и самите ја спровеле.

Силвер, има двојно државјанство американско и израелско, а беше уапсен во Киев, на барање на Израел.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет1 час

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура1 час

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија2 часа

На Богородица и Табановце се чека по 45 минути за излез од земјава

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека се забележува зголемена фреквенција на...

Македонија2 часа

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија3 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија17 часа

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ21 час

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија21 час

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ24 часа

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија1 ден

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Свет1 ден

Трамп сака да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а...

Свет1 ден

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул,...

Европа1 ден

Пронајден цртеж на Да Винчи што бил сoкриен 500 години под неговото ремек-дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во...

Регион2 дена

Грција се бори со шумските пожари, гори на неколку острови

Грчките власти испратија засилувања на пожарникарите кои се борат со голем шумски пожар во природен резерват на островот Евија, додека...

Европа2 дена

Шест европски земји ќе подадат рака за спас на 147 мигранти

Премиерот на Италија Џузепе Конте изјави денеска дека шест европски земји сакаат да ги преземат 147 мигранти кои се блокирани...

Свет2 дена

Киев и ЕУ се лути, Русија им нуди државјанство на три милиони Украинци

Киев и ЕУ се лути, откако Русија им нуди државјанство на околу три милиони Украинци од регионот на границата со...

Свет2 дена

(Видео) Кремљ ќе ги одликува пилотите херои кои слетаа избегнувајќи јато птици

Кремљ ќе им додели државни одликувања на двајцата пилота кои успешно принудно слетаа со патнички авион во кој имало 233...

Свет2 дена

(Видео) По седумчасовна престрелка уапсен маж во Филаделфија кој рани шестмина полицајци

Американската полиција го уапси осомничниот за пукањето во северна Филаделфија, по седумчасовна престрелка во која се повредени шест полицајци. Станува...

Европа2 дена

Најголемата скулптура во светот поставена во Белгија

Најголемата скулптура во светот, како што ја нарекуваат, беше подигната во Белгија. 60-метри високиот челичен круг беше поставен во близина на...

Досие