Контакт

Европа

Речиси 1.500 овци го блокираа центарот на Мадрид

Објавено пред

Десетици овчари, облечени во традиционални носии, со речиси 1.500 овци, се прошетаа низ центарот на Мадрид поради што сообраќајот беше блокиран.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за стар обичај познат како Trashumancia, кој датира пред 600 години, при што добитокот се преместува од летните на зимските пасишта.

Овој обичај беше обновен во 1994 година како фестивал со кој се поттикнува овчарството и по тој повод десетици овчари облечени во традиционални носии со своите стада минаа низ центарот на Мадрид, каде што сообраќајот беше блокиран.

Според средновековната традиција, сточарите на претставниците на градските власти на плоштадот Кибелес со стари шпански пари симболично им плаќале за преминување на добитокот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Макрон повика на дијалог поради протестите за цените на горивата

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на дијалог по повод протестите што избија ширум земјата како резултат на растот на цените на горивата.

Ова е прв коментар на Макрон по протестите во кои во саботата повеќе од 250.000 лица ги блокираа патиштата во Франција.

Тој рече дека е нормално луѓето да изразуваат незадоволство и дека се обидува да влијае врз навиките на Французите, за да ги одврати од употребата на фосилни горива.  Макрон вети субвенции за домаќинствата со ниски приходи кои ќе се одлучат за автомобил што помалку загадува.

Тој не го коментираше насилството на протестите во кои едно лице загина, а ститици завршија со повреди.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Олаф Шолц: Од сите меѓународни проблеми, Брегзит највеќе ме загрижува

Објавено пред

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави дека од сите „акутни“ меѓународни проблеми, почнувајќи од долгот на Италија па сè до санкциите на американскиот претседател Доналд Трамп, за него најзагрижувачки е излезот на Велика Британија од ЕУ.

„Она што ме загрижува највеќе е она што е релевантно за нас – Брегзит“, изјави Шолц на прес-конференција.

Министерот додава дека Брегзит може да биде тежок излез без соодветните мерки кои би ги штителе економиите на Британија и Европската Унија, а тоа би можело да предизвика економски хаос за Британија, Германија, како и за ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

Свештеник од Германија прокоцка 120.000 евра

Објавено пред

Католичкиот свештеник од централната германска бискупија Магдебург потклекна пред земното искушение, неодамна прокоцка 120.000 евра на лажна онлајн-лотарија, објави ДПА.

Свештеникот (64) од парохијата Баленштет, сознавајќи ја својата грешка, се покаја и ѝ се предаде на полицијата и ја призна проневерата на магдебуршкиот бискуп Герхард Фејџ.

Германските црковни власти ќе разговараат дали ќе му биде дозволено да продолжи да ги извршува  досегашните должности во парохијата.

Засега, бискупот Фејџ го отстрани од службата на која беше назначен во 2010 година и јасно му стави до знаење дека очекува да ги врати парите што ѝ припаѓаат на парохијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија7 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија8 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized11 час

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија11 час

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски12 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија12 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски13 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија15 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет16 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија16 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“16 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски17 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски17 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа18 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија19 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија19 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија1 ден

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет1 ден

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Досие