Свет
Оксфордската вакцина ефикасна до 90 проценти, а ќе чини само 3 долари

Вакцината против коронавирус, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе чини меѓу три и четири долари, објави денес британски „Телеграф“. Тестирањето покажало дека вакцината ќе биде ефикасна до 90 проценти, во спречувањето на вирусот.
„ Оксфордската вакцина е вакцина за целиот свет. Додека „Фајзер“ и „Модерна“ објавија дека успешно го завршија тестирањето на вакцината во трите фази, британскиот тим првично истакна дека нивната цел е да го направат нивниот производ достапен за целата планета. Не се работи само за вакцина што ќе може да се транспортира и чува на нормални температури, туку и да биде достапна за секого “, се наведува во текстот на „Телеграф“.
Целта поставена од научници од Оксфорд и „АстраЗенека“ е вакцината да им биде достапна на посиромашните земји во светот, се додава во текстот.
„ Со цена од само три до четири долари по доза, вакцината на Оксфорд е само мал дел од цената на вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“, што ќе се продава по цена од 20 до 32 долари, што е скапо за многу земји во развој“, наведува „Телеграф“.
Директорот на тимот што ја направи вакцината во Оксфорд, Ендру Полард, вели дека тие направиле „вакцина за светот“.
„ Нашата цел беше да ја направиме вакцината достапна насекаде. Мислам дека успеавме да го сториме тоа. Ова се многу возбудливи периоди за здравјето на луѓето”, рече Полард.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелските власти загрижени за ставот на Бајден кон Иран и Палестина

Израелските власти изразија загриженост за намерата на американскиот претседател Џо Бајден повторно да се приклучи на нуклеарниот договор со Иран во 2015 година, како и за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.
Според Израелското армиско радио, изјавите дадени од новиот државен секретар на САД, Ентони Блинкен, во Сенатот во средата не ги намалија стравовите на Израел.
Сепак, израелскиот министер за енергија, Јувал Штајниц, ја минимизираше загриженоста на официјалните лица, велејќи дека немаат разбирање за реалноста во САД.
„Како некој што лично ги познава Бајден и американската демократска и републиканска арена, можам да кажам дека Нетанјаху се смета за еден од најважните лидери таму“, објасни Штајниц.
„И израелско-американските контакти за нуклеарниот договор ќе започнат наскоро. Комуникацијата секогаш се одвива преку неколку канали. „Најважниот канал е директниот,“ додаде тој.
Израелскиот амбасадор во Вашингтон, Гилад Ердан, во четвртокот изјави дека е уверен оти Бајден е пријател на Израел.
„Мислам дека можеме да очекуваме години на проширување на соработката во уште повеќе области надвор од постојните. Мислам дека постои силна основа за оптимизам “, рече тој за Армиското радио.
„Једиот Ахронот“ во својот напис посочи дека се очекува Бајден да ги поддржи договорите за нормализација меѓу Израел и ОАЕ и Бахреин, но тој нема да се согласи за снабдување со оружје на земјите од Заливот, како што тоа го стори Доналд Трамп. Весникот додаде дека Израел планира да побара од администрацијата на Бајден да не прави изненадувања во однос на иранското и на палестинското прашање.
Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт, во меѓувреме, ја поздрави најавата на Блинкен за посветеноста на администрацијата на Бајден за решение на две држави додека не ја поништи одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
„Ова укажува на тоа дека тој е пријател на Израел. Само оние кои не се пријатели на Израел можат да поддржат напуштање на политичката ситуација каква што е, што е спротивно на израелските интереси“, рече тој за „Маарив“.
Свет
ФСБ осуети терористички напад во рускиот регион Башкортостан

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречи терористички напад врз полицајци во регионот Башкортостан и приведе руски државјанин кој го подготвувал нападот, се вели во извештајот на ФСБ, пренесува ТАСС.
„Федералната служба за безбедност спречи терористички напад во Република Башкортостан. Акцијата на ФСБ резултираше со притвор на руски државјанин, роден 1995 година, кој подготвувал напади врз полициските службеници”, се вели во соопштението.
ФСБ не го објавуви идентитетот на уапсениот, повикувајќи се на нејзината тековна истрага. Според ФСБ, во неговото тајно складиште биле запленети огнено оружје, муниција и делови од импровизирана експлозивна направа.
На неговите уреди за комуникација се пронајдени прирачници за правење бомби и преписка со припадници на меѓународната терористичка организација Хајат Тахрир ал-Шам, забранета во Русија, што ги докажува неговите криминални намери.
ФСБ објави и видео снимка на која се гледа осомничениот терорист.
„Тука имав намера да набавам оружје и рачно изработена експлозивна направа за да разнесем луѓе“, вели тој во одговор на прашањето на истражителот.
Свет
Орбан најави фабрика за производство на вакцини

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на земјата ѝ треба нов објект за да обезбеди стабилно домашно производство на вакцини и да произведе сопственa вакцина против Ковид-19, пренесува РТ.
Орбан тврди дека една сериозна земја не може да се потпре на добивање вакцини и други витални медицински материјали само од странство.
Унгарската влада нареди изградба на фабрика за вакцини во Дебрецин, која ќе биде доволно голема што, ако унгарските научници развијат вакцина, ќе можат да ја произведат во големи количества.
Универзитетот во Дебрецин (УД) потпиша договор со главната медицинска агенција на земјата да работи на создавање Национална фабрика за вакцини, која ќе обезбеди стабилно снабдување со вакцини.
Министерот за човечки ресурси, Миклош Каслер, рече дека иницијативата ќе го рестартира производството на вакцини во Унгарија и ќе служи како центар за истражување на вакцините.
Шефицата на Нациоалниот центар за јавно здравје, Сесилија Мулер, објави претходно овој месец дека развиваат вакцина против Ковид-19, чиј механизам е сличен на вакцината против грип.
„Очигледно не можам да го кажам точниот датум однапред, но се надевам дека наскоро ќе можеме да ја произведеме оваа вакцина“, рече таа.
Унгарските власти во повеќе наврати изразија незадоволство од темпото на распределба на вакцината на Фајзер/Бионтек од страна на Брисел, посочувајќи дека стапката на вакцинација во ЕУ е помала во споредба со Велика Британија, САД и Израел.
Будимпешта вчера ги одобри за итна употреба руската вакцина „спутник В“ и вакцината развиена од Оксфорд и АстраЗенека.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот