Вести
ОН потврдија 18 цивилни жртви во напад на меѓународните сили во Авганистан

Најмалку 18 цивили загинаа во авганистанската провинција Хелманд во воздушните удари на меѓународната коалиција кон крајот на минатата седмица, објави Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (UNAMA) ноќта он понеделникот, додека локалните власти оперираат со бројка од 22 загинати.
„На 9-ти и 10-ти февруари меѓународните сили извршиле напад во округот Сангин во покраината Хлманд, чија цел, како што е соопштено, биле антивладини елементи. Според прелиминарната истрага на UNAMA, во нападите биле убиени најмалку 18 цивили речиси сите жени и деца“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на мисијата,
Од ОН изразуваат загриженост поради ескалацијата на насилствата во Хелманд последните неколку денови. Според сознанијата на UNAMA, во терористички напад во административниот центар на покраината Хелманд во саботата на 11-ти февруари загинале најмалку седум цивили и уште многу повеќе биле ранети. Податоците на мисијата укажуваат дека минатата 2016 година само во оваа авганистанска покраина биле убиени или ранети речиси 900 лица.
„UNAMA ги повикува сите страни во конфликтот на неопходноста од строго придржување до своите обврски според меѓународното хуманитарно право и да ги преземат сите можни мерки за заштита на цивилното население“, се истакнува во коминикето.
Истовремено во неделата специјалниот пратеник на авганистанскиот претседател за безбедност во покраината Хелманд, Џабар Кахраман, изјави дека во воздушните напади чија цел биле талибанските бунтовници во округот Сангин ноќта во четвртокот 9-ти февруари, официјално биле потврдени 22 жртви, од кои 13 се членови на едно семејство и девет други лица. Кахраман, сепак, за трагедијата ги обвини талибаните кои ги користат цивилите како човечки штит во оваа област од Авганистан која е под нивна контрола.
„Тажни сме поради вестите за загинувањето на цивилите. Ваквите инциденти се случуваат кога талибаните ги користат цивилите во борбата против безбедносните сили“, додаде Кахраман.
Карим Атал, челник на покраинскиот совет на Хелманд, додава дека еден маж, две жени и две деца кои биле ранети во нападот биле хоспитализирани во провинциската престолнина Лашкар Гах.
Локалниот жител Хамид Ѓул за медиумите изјавил дека загубил девет члена од неговото семејство, меѓу кои и мајката и сестрата, во смртоносните напади. „Лага е дека ги нападнале талибаните“, огорчен е Ѓул, пренесува Press TV.
Портпаролот на американските сили во Авганистан, морнаричкиот капетан Бил Салвин, изјавил дека американската команда ги истражува информациите за цивилните жртви во покраината.
„Работиме напорно на утврдувањето дали цивилите биле убиени или ранети како резултат на дејствувањето на американските воздушни сили“, кои дејствувале како поддршка за владините безбедносни сили на теренот во округот Сангин, се вели во неговата писмена изјава. Истрагата „продолжува и досега не се донесени никакви заклучоци“, додава Салвин./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема“, родителите од „Рибникар“ огорчени, не дозволуваат настава кај што имаше масакр

Родителите на некои од учениците во ОУ „Владислав Рибникар“, кои вчера учествуваа во емисијата „Впечаток на неделата“ на спрската „ТВ Нова“ истакнаа дека не сакаат нивните деца да се вратат во таа училишна зграда и побараа да се прекине наставата.
Бојан од Белград, татко на седумгодишно дете од ова училиште, истакна дека учебната година требало да заврши на 3 мај на ниво на цела Србија.
„Ова беше преседан… За мене нашите улици, овој град, ова општество се контаминирани. Морам да апелирам до граѓаните на Србија да размислат, секое дете можеше да биде на местото на тие деца… Сите сме засегнати како држава. Мојот син вели дека не помислува да оди во тоа училиште“, рече тој.
Мајката на двајца ученици од ова белградско училиште истакна дека повеќе нема да ги носи своите деца во таа образовна институција.
„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема… Целта ми е децата да завршат училиште, секако и да ги лекуваат децата на училиште, но училиштето не е болница. Тоа треба да биде едно место каде што нашите деца треба да растат и учат. На децата да им се помогне и да се донесе терапевт, што ќе недостасуваше да е некаде во парк или во детски културен дом или во ливада…Нема да ги вратам децата во тоа училиште, ќе ги пратам назад на училиште, но не на тоа место“, рече таа.
Александар, таткото на учениците од ова основно училиште, се согласува учебната година да заврши.
„Имаме многу едноставни очекувања што треба да направи државата. Очекуваме да заврши учебната година, не очекуваме децата да се сретнат на местото на извршување и државата да обезбеди алтернативна локација каде децата ќе се сретнат и ќе си ги видат раните. Тоа училиште веќе не може да биде училиште за нас. Од моментот на масакрот, тоа веќе не е училиште, туку почетна точка“, рече тој.
Марија, мајка на седмоодделенци од ова училиште, истакна дека она што го доживеале како родители е „нивното најголемо страдање“.
„Не дозволувам мојот син да се врати во тоа училиште, му се јавив на класниот раководител да го избрка од училиште“, рече таа.
Вести
Избори во Грција: Убедлива победа на владејачката партија, но не доволна за формирање на влада

Владеачката партија во Грција, Нова демократија извојува убедлива победа на денешните парламентарни избори, но не успеа да обезбеди доволно гласови за сама да формира влада.
По пребројувањето на повеќето гласови, конзервативната Нова демократија поведе убедливо со 40,8 отсто, победувајќи ја радикалната левичарска Сириза, која владееше од 2015 до 2019 година и освои 20,1 отсто од гласовите.
Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство. Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во понеделник ќе им даде на трите водечки партии – Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК, три дена да формираат коалициска влада.
Доколку ниту еден од нив не успее, претседателот ќе назначи привремена влада која за околу еден месец ќе подготви нови избори. Премиерот и лидер на Нова демократија Киријакос Митотакис рече дека верува дека добил јасен мандат.
„Резултатите од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силна и автономна“, им рече тој на расположените толпи пред седиштето на партијата во центарот на Атина.
Резултатот беше неверојатен поттик за Мицотакис, чија администрација мораше да се бори со скандалот со прислушувањето, пандемијата „Ковид-19“, кризата со трошоците за живот и смртоносната железничка несреќа во февруари што предизвика гнев во јавноста.
Подеднакво, тоа беше катастрофа за Сириза и нејзиниот лидер Алексис Ципрас, огнен левичар кој катапултираше на власт во 2015 година благодарение на незадоволството на гласачите од другите партии поради нивното справување со должничката криза што ја пустошеше грчката економија повеќе од една деценија. Ципрас му се јавил на Микотакис за да му ја честита победата, изјави претставник на Сириза.
Вести
По окупцијата на Бахмут, шефот на Вагнер: За неколку дена се враќаме во Русија

Шефот на платеничката група Вагнер рече дека неговите сили ја зазеле целата територија во Бахмут и наскоро се враќаат во Русија.
„Вагнер денеска не зазеде никаква територија. Ја освоивме целата територија што ја ветивме, до последниот сантиметар“, рече Евгениј Пригожин во аудио пораката на Телеграм, додавајќи дека неговите борци ќе го напуштат фронтот следната недела.
„Како што објавивме вчера, нашите позиции ги предаваме на руското Министерство за одбрана и ја напуштаме зоната на конфликтот на 25 мај“, рече Пригожин, а пренесува „Скај њуз“.
Да потсетиме, Русија вчера објави дека го освоила целиот украински град Бахмут. Нападот на веќе речиси израмнетиот град го предводеше руската платеничка воена група Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите сили го зазеле целиот град и секоја куќа.
„Бахмут денеска не беше окупиран од руската армија“
Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот, велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции. Зеленски денеска одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето на Г7 изјави дека Русија не го окупирала Бахмут.
„Не можам да ги споделам со вас, тактичките информации на нашата армија, нашите воини, но можам да кажам дека Русија не може да не окупира или да победи во оваа војна“, одговори тој на прашањето за Бахмут.
„Нашите луѓе сега се на многу важна мисија во Бахмут. Нема да кажам каде точно, но Бахмут денеска не беше окупиран од руската армија“, додаде тој.