Контакт

Свет

ОН: Русија, Турција и Иран мора итно да одржат состанок за запирање на насилствата во Сирија

Објавено пред

 

– Русија, Турција и Иран мора да се договорат што поскоро за нови преговори за примирјето во Сирија, за ситуацијата на теренот да ја доведат под контрола, изјави во петокот специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура.

 

Стефан де Мистура е посредник на меѓусириските политички преговори во Женева, додека одвоена серија разговори се води во казахстанската престолнина Астана, како договор меѓу Русија и Иран и Турција, кои во сирискиот конфликт поддржуваат спротиставени страни, и треба да го гарантира примирјето.

 

Де Мистура изјави дека им предложил на преговарачите „што поскоро да договорат состанок во Астана за состојбата која во овој момент е загрижувачка да се доведе под контрола“.

 

Сирискиот прекин на огнот е прекинуван во неколку наврати откако стапи на сила на 30-ти декември минатата година, а тоа според оцените на покровителите генерално се почитува, но трите круга преговори во Астана, сепак, не успеаја целосно да ги прекинат судирите.

 

Оваа седмица исламистичките бунтовници, над кои немаат влијание ниедна од споменатите три земји, преземаа големи офанзиви напаѓајќи ги владините сили кај главниот град Дамаск и во близина на градот Хама./крај/мф/сн

Најново

Забава5 минути

(Видео) Халанд славеше роденден на Азурниот брег со најблиските

Ерлинг Халанд ја искористи паузата пред новата сезона за да го прослави својот 26-ти роденден на Азурниот Брег. Норвешкиот напаѓач...

Култура40 минути

Со проекција на документарни филмови, во шест населени места заврши 17. Патувачко кино на „МакеДокс“

Веќе седумнаесет години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните...

Спорт1 час

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија1 час

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт2 часа

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника2 часа

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет2 часа

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија2 часа

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...

Црна хроника2 часа

62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на...