Европа
ОН: Светот е во глобална криза со храна

Дури 345 милиони луѓе се соочуваат со несигурност во снабдувањето со храна во 82 земји, што е двојно повеќе од бројката пред пандемијата на коронавирусот и војната во Украина, објави Светската програма за храна.
Овој број, како што појаснуваат, претставува зголемување за повеќе од 200 милиони луѓе во споредба со времето пред пандемијата, истакнуваат од оваа организација, пренесуваат регионалните агенции.
„Постои реален ризик глобалните потреби за храна да го надминат капацитетот на Светската програма за храна и другите организации да одговорат на нив“, се вели во извештајот на телото со седиште во Обединетите нации.
Имајќи ги предвид Етиопија, Сомалија, Јемен, Јужен Судан и Авганистан, од таму велат дека заедно бројките покажуваат дека ситуацијата е алармантна: „светот е во глобална криза со храна, најголема во поновата историја“.
Како одговор, агенцијата ќе прогласи глобална вонредна состојба за да спречи глад и смрт.
Од таму соопштуваат дека во 2022 година се обидуваат да им помогнат на рекордни 151,6 милион луѓе, што е зголемување во споредба со 128 милиони во 2021 година.
„WFP се соочува со трикратен предизвик: оперативните трошоци растат, бројот на акутно гладни е најголем досега, а финансирањето за хуманитарни операции се намалува“, се вели во iзвештајот.
Недостигот на извоз на големите производители на жито во Русија и Украина предизвика пораст на цените, а војната го наруши земјоделското производство во Украина, наведуваат од агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Унгарскиот амбасадор во Германија: На Будимпешта никој нема да ѝ држи лекции за односите со Русија

Унгарскиот амбасадор во Германија, Петер Ѓоркеш, најави дека Будимпешта има намера да ја продолжи соработката со Русија на разни полиња.
Тој порача дека Унгарија ќе го стори тоа и покрај санкциите воведени од западните земји, пренесува „РИА новости“.
„Никој не треба да ѝ држи лекции на Унгарија за односите со Русија. Будимпешта зависи од руските суровини повеќе од другите. Нема да воведуваме радикални санкции“, нагласи дипломатот.
Дополнително, Ѓоркеш зборуваше негативно за обидите на Киев да изврши притисок врз својата татковина и за обидите на Берлин да снабдува оружје и да го транспортира преку Унгарија.
„Германија прави многу за Киев, но Украина одговори само со нефер критики. Ме нервира кога Украинците нè критикуваат. Русија јасно стави до знаење дека испораките на оружје ќе станат легитимни воени цели“, рече тој.
Петер Ѓоркеш стана амбасадор на Унгарија во Германија во 2015 година.
Европа
Шолц: Путин не сметаше на ова, a сега го боли глава

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека нападите на руската армија врз станбените згради во Киев ја покажуваат неопходноста од меѓународно единство за поддршка на Украина.
Руската армија утринава го гранатираше Киев и погоди најмалку две станбени згради.
Тој го истакна претходното единство на Г7, Европската Унија и НАТО во организирањето поддршка за Украина.
„ Можеме со сигурност да кажеме дека Путин не сметаше на ова и дека сè уште го боли глава поради големата меѓународна поддршка за Украина, но секако и храброста на Украинците во одбраната на земјата“, изјави денеска Шолц, по првата сесија на самитот на Г7.
Нападите врз цивилни објекти, додаде тој, покажуваат дека поддршката на Украинците е правилна одлука.
Германската влада претходно беше критикувана поради неподготвеноста да испрати оружје во Украина. Сепак, Шолц рече дека „Германија и САД секогаш ќе дејствуваат заедно кога станува збор за безбедноста на Украина“.
Тој додаде дека заедно со американскиот претседател Џозеф Бајден биле едногласни за тоа што треба да се направи.
Европа
Зеленски: Ќе ги вратиме сите наши градови

Украина ќе ги врати сите градови што ги зазедоа Русите, вклучително и Северодонец, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Како што објави претседателот, Украина била погодена од 45 руски проектили во последните 24 часа.
Зеленски ги опиша нападите како циничен обид да се скрши духот на украинскиот народ. Зеленски повторно побара повеќе оружје од Западот, коментирајќи дека немилосрдните ракетни напади потврдиле дека санкциите против Русија не се доволни за да и’ се помогне на Украина.
Северодонецк падна во рацете на руските сили по неколкунеделните борби.