Контакт

Европа

Операција „Лондонски мост“: Објавени делови од тајниот план за периодот по смртта на кралицата Елизабета

Објавено пред

Планот на британската влада за тоа што ќе се случи во деновите по смртта на кралицата Елизабета Втора, познат како операција „Лондонски мост“, е обелоденет откако долго време беше обвиен во тајност.

Со години се појавуваа извадоци од тој таен план, а сега порталот „Политико“ дојде до документи што детаљно објаснуваат што ќе се случи во Британија кога ќе дојде тој ден.

Кралицата, која има 95 години, се чини дека е во добра здравствена состојба и нема индикации дека овие планови биле итно ревидирани.

Сепак, најновите планови изработени од владината канцеларија за операцијата „Лондонски мост“ вклучуваат дискусија за пандемијата на коронавирусот.

Документите, всушност, укажуваат на извонредно ниво на подготвеност што се бара од сите државни служби предвидувајќи обемна безбедносна операција за управување со големите маси и хаосот што може да настане во сообраќајот, се вели во официјалниот извештај.

Тоа е детален 10-дневен план за периодот помеѓу смртта на кралицата и нејзиниот погреб.

Имено, во првите неколку часа по смртта на кралицата, ќе се случи „каскада на повици“ кога премиерот, секретарот на владата и највисоките министри и функционери ќе бидат известени за смртта на кралицата.

Интерно, тој ден ќе се вика Ден Д, а секој нареден ден пред погребот ќе се вика „Д + 1“, „Д + 2“ итн.

Кралското семејство ќе издаде официјално известување преку кое веста ќе ѝ биде соопштена на јавноста.

Стратегијата на социјалните мрежи игра голема улога во планот. Планирано е страницата на кралското семејство да биде целосно поцрнета, освен кратка објава, како и дека интернет-страниците и социјалните мрежи на владата ќе содржат црни банери. Содржините што не се итни нема да бидат објавени, а ретвитовите ќе бидат забранети доколку не се одобрени од шефот на владата за комуникации.

По добивањето на оваа информација, знамињата низ Вајтхол ќе бидат спуштени на половина копје, а целта е тоа да се направи во рок од десет минути.

Во деновите пред погребот новиот крал Чарлс ќе патува низ Обединетото Кралство за да прими изрази на сочувство.

Погребот е закажан за десеттиот ден по смртта на кралицата во Вестминстерската опатија во Лондон.

Европа

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Објавено пред

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за идниот канцелар, што ќе ја наследи Ангела Меркел. Федералната изборна комисија ја одобри кандидатурата на вкупно 54 партии, но 47 ќе излезат на гласање. Се натпреваруваат 6.211 кандидати, меѓу кои 2.024 жени.

Сепак, огромното мнозинство партии речиси и да нема шанси да го преминат изборниот праг и да влезат во идниот парламент, пишува „Еурактив“.

Се очекува главната борба да ја водат конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), кои во моментов заедно формираат голема црно-црвена коалиција и опозициските Зелени. Тие три партии се единствените кои, надевајќи се на победа, официјално ги предложија своите кандидати за канцелар.

Покрај нив, во Бундестагот најверојатно ќе бидат вклучени и партии кои и во моментов имаат пратеници – либералите (ФДП), крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и Левичарската партија.

Аналитичарите ѝ даваат одредени шанси и на партијата Слободни избирачи, која фигурира како мала партија, иако има пратеници во парламентите на неколку германски федерални провинции, а во Баварија учествува и во провинциската влада.

Сестринските партии Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и Баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) го предложија како кандидат за канцелар, премиерот на најнаселената провинција Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, социјалдемократите се одлучија за досегашниот заменик-канцелар и министер за финансии Олаф Шолц, а трет кандидат е претседателката на партијата на Зелените, Аналена Бербок.

Анкетите спроведени за време на изборната кампања даваат предност на СПД. Така, според најновото истражување на институтот за анкети „Кантар“, социјалдемократите имаат поддршка од 25 проценти од гласачите, Демохристијаните со 21 проценти и Зелените со 16 отсто.

Според анкетата која беше објавена на 23 септември, Алтернатива за Германија (АфД) има 11 проценти, Левица 7 проценти, додека Либералите (ФДП) 11 проценти.

Во последните недели, СПД во повеќе анкети се најде пред демохристијаните.

Социјалдемократите успеаја да го подобрат својот не многу висок рејтинг долги години, главно благодарение на Олаф Шолц, кој беше прогласен за победник на сите три телевизиски соочувања од тројцата кандидати.

Според резултатите од анкетите, ЦДУ и СПД би можеле да претендираат за функцијата канцелар, но не и Зелените.

За неизвесноста на изборите придонесува и фактот што на претходните анкети, голем број граѓани, значително повеќе отколку пред изборите во 2017 година, рекоа дека се неодлучни или дека нема да гласаат.

Во анкетата на „YouGov“ на 23 септември, на прашањето „дали ја донесовте конечната одлука за тоа како ќе гласате на парламентарните избори“, 74 проценти од граѓаните одговориле потврдно. 15 проценти од испитаниците се’ уште не одлучиле кога ќе гласаат, 9 проценти не одговориле, додека 1 процент од испитаниците се изјасниле дека не знаат.

Сепак, и гласачите кои знаат за кого да гласаат, не знаат со сигурност што ќе се случи со нивниот глас, бидејќи за формирање парламентарно мнозинство ќе биде потребно создавање на постизборни партиски сојузи, а постојат неколку можни сценарија за коалиција, па можни се изненадувања.

Бројот на можни коалиции е голем. За поддржувачите на Шолц или Лашет, работата е јасна – секој глас за социјалдемократите или демохристијаните го носи нивниот кандидат на чекор до позицијата канцелар.

Останува прашањето во каков сојуз би можеле да владеат Шолц или Лашет и до кој степен гласачите на Зелените или ФДП можат да бидат сигурни на која страна нивните партии ќе се свртат.

Доколку повторно не се формира големата црно-црвена коалиција на ЦДУ и СПД, што двете партии во моментов ја отфрлаат, постојат три коалиции чие формирање е најверојатно за аналитичарите.

Првата е таканаречената „семафор“ коалиција на СПД, Зелените и либералите, во која главна пречка е што либералите сепак преферираат да дојдат на власт со идеолошки поблиските демохристијани.

Коалицијата за која многумина сметаат дека има најголема шанса Армин Лашет да го донесе до функцијата канцелар, е сојуз со Зелените и либералите. За оваа коалиција, која го носи прекарот „Јамајка“ поради боите црно-зелено-жолта, најголема препрека е јазот што постои меѓу демохристијаните и Зелените во однос на буџетската и финансиската политика.

Најпосле, во предвид доаѓа и црвено-зелено-црвената коалиција на СПД, Зелените и левичарската Левичарска партија, но најголемата пречка за тоа е сериозна разлика во гледиштето за германската надворешна политика, бидејќи Левица, која за многумина во Германија е екстремна левица, бара завршување на сите германски воени мисии во странство и распуштање на НАТО.

Олаф Шолц во неколку наврати нагласи дека секое учество во влада чиј столб би биле социјалдемократите, подразбира посветеност на вредностите на НАТО и ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Објавено пред

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата.

„Поминаа 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во период на мир. Сега е време да се вратиме на нормалниот живот“, рече премиерката Ерна Солберг.

Мерките ќе бидат укинати во 16 часот, додаде таа.

Напуштањето на мерките за физичко растојание ќе им овозможи на спортските и културните институции да се вратат во полн капацитет, а рестораните и ноќните клубови ќе работат како претходно.

„Накратко, можеме да живееме како порано“, порача Солберг.

Најмалку една доза од вакцината против Ковид-19 примиле 76 проценти од сите Норвежани, а 67 проценти се целосно вакцинирани, според податоците на Норвешкиот институт за јавно здравје.

„Исто така, сакам да кажам: многу Ви благодарам, Норвешка“, заклучи премиерката.

Во регионот, Данска ги укина сите рестриктивни мерки на 10 септември и оттогаш бројот на заразени во таа земја постојано опаѓа – на денот на укинувањето пред две недели имаше 557, а во четвртокот 341 случај.

Данска, исто така, има високо ниво на вакцинација на населението. Вакцинирани се 86 проценти од оние над 12 години, односно 95 проценти од оние над 50 години.

Прикажи повеќе...

Европа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Објавено пред

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој е познат по тоа што неговите полначи се поинакви и не можат да се користат на други телефони.

Иако најавените промени и натаму не се на сила, сепак „Епл“ уште со самата најава може да биде принуден на одредени чекори.

„Европските потрошувачи веќе долго време се фрустрирани поради тоа што имаат некомпатибилни, а функционални полначи во нивните фиоки. На производителите им дадовме повеќе од доволно време да изнајдат сопствени решенија, но сега е време да воведеме законодавна акција за заеднички полначи”, рече Маргарет Вестангер, шефицата на ЕУ за технологија. Таа додаде дека ова е важна победа за корисниците и околината и во согласност со зелените и дигитални аспирации.

Според Европската комисија, граѓаните на ЕУ во просек поседуваат по три полначи. Меѓутоа, дури 38% од потрошувачите изјавиле дека барем еднаш не биле во можност да го наполнат својот телефон, бидејќи правилниот полнач не им бил при рака. Според Европската комисија, годишно се трошат околу 2,8 милијарди евра за набавка на дополнителни полначи, кои не дошле во комплет со уредот. Европските службеници и претходно правеа напори со цел да ја принудат индустријата да ги стандардизира полначите.

„Епл“ веќе реагираше на новите промени, велејќи дека е загрижен што строгите регулативи кои бараат само еден тип полначи ќе ги обесхрабрат иновациите, што на крајот ќе им наштети на потрошувачите.

Сепак, на крајот, од американскиот технолошки гигант дипломатски додаваат дека ќе се ангажираат со засегнатите страни, за да им помогнат да најдат решение што ги штити интересите на потрошувачите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 минути

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија48 минути

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија56 минути

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија18 часа

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија18 часа

Министерството за здравство: 80 oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија19 часа

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа20 часа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа20 часа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ23 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија23 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија23 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет1 ден

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија1 ден

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет1 ден

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија2 дена

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет2 дена

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ2 дена

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија2 дена

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија2 дена

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет2 дена

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Досие